Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Правна програма
пронајди

Потребна е итна промена на Законот за бесплатна правна помош




bppФондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Македонското здружение на млади правници (МЗМП) на 6-ти јуни, ја промовираа публикацијата „Анализа на примената на Законот за бесплатна правна помош ( 2010-2012),“ во која беа презентирани клучните наоди од тригодишното следење на спроведувањето на Законот.

Данче Даниловска од ФООМ истакна дека Фондацијата финансиски поддржува шест локални здруженија за да добијат овластување од Министерството за правда да им даваат правна помош на граѓаните. „Овластените здруженија се првата алка кон остварувањето на правото на бесплатна на правната помош за граѓаните, затоа Фондацијата заедно со нив и преку нивната работа го следи имплементирањето на Законот за бесплатна правна помош. Целта е директно да бидат идентификувани проблемите и предизвиците со кои се соочуваат барателите на бесплатната правна помош, адвокатите, здруженијата и државните органи при имплементацијата на Законот, за да се воспостави систем во кој граѓаните ќе имаат еднаков пристап до правдата,“ оцени Даниловска, додавајќи дека овластените здруженија во 2012 гoдина обезбедиле претходна правна помош во 632 предмети, од кои им бил исплатен надомест за 7 предмети во вкупен износ од околу 11.000 денари. Овие средства не се доволни за да се исполнат законските обврски на здруженијата, па оттаму, Даниловска и ФООМ побараа од Министерството за правда, да ги објави нивните контакти на веб страната за полесно да бидат препознаени од граѓаните на кои им е потребна бесплатната правна помош.

bppСпоред наодите во Анализата, претставени од Гоце Коцевски од МЗМП, Законот за бесплатна правна помош содржи строги критериуми за тоа кој се може да биде корисник на бесплатна правна помош. Истовремено, загрижува и фактот што дури две третини од поднесените барања за бесплатна правна помош биле одбиени. Оттаму, во препораките на Анализата се бара проширување на евентуалните корисници на бесплатна правна помош. Покрај социјално загрозените,треба да се вклучат и жртвите на семејно насилство, припадниците на дискриминираните малцинства, како и барателите на азил и имигрантите. Во поглед на финансиите, годишниот буџет за бесплатната правна помош е во постојан пад. Во 2010-та изнесувал тој дванаесет милиони денари, во 2011-тата шест, а минатата година само три милиони денари, од кои биле искористени нешто помалку од сто и осумдесет илјади денари. Клучни препораки во Анализата се: Министерството за правда, кадровски да ги засили подрачните одделенија; во бесплатната правна помош да бидат вклучени и судските такси и вештачењата бидејќи сега тие се на трошок на барателите; на здруженијата да им се овозможат алтернативни начини за ангажирање на адвокати и да се укине забраната за рекламирање на здруженијата кои нудат бесплатна правна помош.

Професорката на Правниот факултет, Неда Здравева, во својата рецензија на Анализата оцени дека „публикацијата сосема неутрално, преку јасни задачи, успева да даде увид за тоа каде сме и каде треба да бидеме. Според Анализата, Законот ги дава основите за градење на функционален систем, но затајува неговата имплементација.“ Според Здравева, засегнатите државни институции мора сериозно да ги сфатат препораките во Анализата, бидејќи преку нивното спроведување може да се изгради модел на бесплатна правна помош кој ќе биде соодветен за Македонија.

Претставниците на ОБСЕ и на Министерството за правда истакнаа дека оваа Анализа може да биде добра основа за натамошна надградба на Законот за бесплатна правна помош.