Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Општо
пронајди

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ПОЛИТИЧКИ МОТИВИРАНИТЕ ХАКИРАЊА ДА НÈ ЗАМОЛЧАТ

Претседателот на Фондациите Отворено општество Крис Стоун за неодамнешните кибер-напади

Гардијан: 9 септември 2016 година
 
Материјалот украден со кибер-напад од Фондацијата Отворено општество се користи да нè осрамоти и дискредитира. Не смее да се дозволи да успеат овие тактики во стилот на Вотергејт.

Хакерите ги засилуваат нивните кибер-напади врз американските демократски институции. Фондацијата Отворено општество, глобалната филантропска организација што јас ја водам, е меѓу големиот број на оние што се земени како цел. DC Leaks објави преку 2.500 документи што ги отсликуваат нашите стратегии за давање грантови во последната деценија, предизвикувајќи бран од новински извештаи на крајно десничарските новински сајтови во САД и во светот.

Претходно ова лето, организацијата во сенка наречена DC Leaks, за која властите сметаат дека е фронт на руските оперативци, објави интерни комуникации на Демократскиот национален комитет. Исто така, цел на ова група беа и пензиониран командант на НАТО, републикански јавни службеници и персоналот на неколку американски сенатори. Во последниве денови имаше извештаи за обиди за хакирање на Њујорк тајмс и докази за пробивање на изборните бази на податоци во две држави, што предизвика министерот за внатрешна безбедност, Џех Џонсон, да ги поттикне изборните службеници во државите да ја зајакнат безбедноста на нивните гласачки системи, очекувајќи можни обиди за попречување на изборите во САД во ноември.

Сигурен сум дека сите ние што сме цел на DC Leaks сме гневни за упадот и загрижени за штетата што може да ја направи. Кога ќе се украдат доволно документи тогаш со сигурност ќе се најде некакво невнимателно размислување и остри проценки. Но најголемиот дел од она што DC Leaks го објавува, барем она што се однесува на Фондацијата Отворено општество и нашите грантисти, е работа на која сме горди што ја работиме. Всушност, сите што се цел на хакирање ова лето – демократите, републиканците, генералите, весниците и изборните службеници – се шампиони на демократијата.

Овие кибер-напади можат навистина да направат штета, како што тоа го научи пензионираниот НАТО командант, американскиот генерал Филип Бридлов, кога неговата лична електронска пошта беше објавена, вклучувајќи и порака во која тој се жали на службениците од Белата куќа. Најпознатиот случај за тоа е претседателката на ДНК, Деби Васерман Шулц, која ја изгуби работата бидејќи протекувањата на информации открија дека раководството очигледно ја местело партиската машинерија против Берни Сандерс. Но, најголемиот дел од она што DC Leaks го објави не е ниту страшно, ниту срамно. Наводните контроверзии се пумпаат со „изложување“ преку украдени пораки и документи, дури и кога она што е откриено е веќе општо познато.

Да ги погледнеме „откритијата“ со кои ние во Фондацијата Отворено општество треба да се бориме откако DC Leaks украде документи од една наша онлајн заедница. Еден наслов гласи: „Сорос му плати МИЛИОНИ на Ал Гор за да турка ‘агресивна американска акција’ за глобалното затоплување“. Навистина, во текот на повеќе од една деценија Фондацијата Отворено општество подржа неколку обиди да поттикне агресивна акција против климатските промени. Исто така, ние бевме обвинети за опортунистичко барање да се подобри одговорноста на полицијата во Балтимор – идеја што ја одобри од Министерството за правда.

Други наслови го оцрнуваат нашето меѓународно работење: нашата поддршка на правата на палестинските граѓани во Израел и поправањето на урнатиот европски систем за миграција. Сè е вистина, како што е нашата поддршка за реформската влада на новата Украина и нашето спротивставување на исламофобијата во Европа и во Соединетите Американски Држави. Ова и многу друго беше „откриено“ од страна на DC Leaks, информации пригодно опишани во неделната воведна статија на Бостон Хералд како: „категорија ‘ако е хакирано не мора да значи дека е новост’“.

Немојте да ме сфатите погрешно: да се биде хакиран е страшен упад и тоа прави вистинска штета. Ние грчевито се бориме да ги заштитиме животите на грантистите кои работат на опасни места. Исто така, ние треба да ги поправиме односите таму каде нашите јавно објавени искрени погледи може да нанеле навреда. Ние ќе работиме 24 часа дневно за да го заштитиме секој грантист и да ја зацелиме секоја повреда. Но, исто така, знаеме зошто сме нападнати: бидејќи – како и другите што се најдоа на сајтовите на хакерите – веруваме во човековите права, демократијата и отвореното општество и сме подготвени да дејствуваме според нашите принципи.

Денешните политички хакери ме потсетија на вотергејт крадците, со таа разлика што сега тие провалуваат во сервери, наместо во канцеларии, Сега, како и тогаш, политичките шефови што се зад овие провали се надеваат да го искористат украдениот материјал за да ги осрамотат и дискредитираат нивните непријатели. Но лекцијата од Вотергејт е дека оваа тактика може лесно да се врати како бумеранг, зацврстувајќи го демократскиот кредибилитет на оние што се нападнати и вистински дискредитирајќи ги валканите измамници.

На организациите чија работа беше украдена од DC Leaks можете да гледате како на нова „Листа на непријатели“ – што потсетува на списокот на претседателот Никсон од 20 новинари, адвокати, политичари и други јавни личности кои тој ги оцрнуваше. Секако дека беше опасно да се биде меѓу 20-те непријатели на Претседателот, но, како што слабееше моќта на Никсон, да се биде на листата стануваше симбол на честа.
Барем неколкумина од оние што беа ставени на листата тоа подоцна го опишаа како едно од нивните најголеми достигнувања. Да, вие бевте под надзор и можеби уште полошо: можеби вашата канцеларија беше провалувана, вашиот телефон прислушуван или вашата кариера беше попречувана. Но, ставањето на листата беше и знак за ефективност: вие доволно гласно говоревте за да го вознемирите Претседателот кој сам се докажа дека е вистинскиот непријател на американската демократија.

Овие недамнешни упади, а јас очекувам дека ќе има и други, се симптом на агресивен напад врз демократските принципи што се случува глобално. Како приватна филантропска организација, ние ја имаме независноста да опстанеме. Ќе извлечеме поука од DC Leaks и ќе продолжиме да го поддржуваме отвореното општество без оглед на чии листи на непријатели ќе бидеме запишани.

Извор: The Guardian

Фотографија: Марк Мекендру за Фондациите Отворено општество

поврзани новости

нема поврзани новости