Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Регионална програма за поддршка на истражувања
пронајди

Регионална програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан – Завршна конференција

Научните истражувања во општествените науки и натаму на маргините



video


Во рамките на Регионалната програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан (РРПП) на 14-ти мај беше организирана конференцијата “Унапредување на политиките во областа на истражувањата во општествените науки во Република Македонија“, на која беа презентирани наодите од четири истражувања за применети политики. Истражувањата ги подготвија млади истражувачи, ангажирани во рамки на компонентата за унапредување на состојбите во област на општествените науки.

На конференцијата беа презентирани досегашните резултати од Регионалната програма, а беа опфатени и прашања за спроведувањето на Законот за научноистражувачка дејност како и аномалиите на Законот за високо образование. Според оценките на учесниците на конференцијата, законите не се спроведуваат ефикасно, а недостасува и поголема финансиска поддршка за научноистражувачка дејност, особено во општествените науки. Славица Инџевска од ФООМ истакна дека истражувањата во општествените науки се повеќе се маргинализираат, па науката во Македонија не е во можност да реагира на промените во општествената реалност. За очекување е, смета Инџевска, дека преку Регионалната програма и преку други активности ќе се промени односот кон општествените науки и процеси, и тие ќе бидат дел од вниманието на институциите на македонскиот систем.

Според д-р Вели Креци, од Универзитетот на Југоисточна Европа, за да се зголеми важноста на истражувачките проекти во општествените науки мора да се искористат истражувачките резултати во креирањето на јавните политики.

Младиот истражувач, д-р Марјан Петрески, преку своето истражување ги претстави економските аспекти на научноистражувачката дејност. Според резултатите на д-р Петрески, економските истражувања, публикувањето меѓународни трудови, учеството и реализацијата на меѓународни проекти се квалитативно и квантитативно на многу ниско ниво во Македонија. Во периодот од 2010 до 2012 година од вкупно 368 поднесени проекти до Министерството за образование, одобрени биле само два проекти од економските науки. Оттаму, Петрески во своите препораки ја издвои потребата од поголеми финансиски средства во Буџетот на РМ, наменети за финансирање научноистражувачка работа.

На конференцијата учествуваа десеттина млади истражувачи кои ги презентираа своите истражувачки трудови и препораки за унапредување на научноистражувачката дејност во општествените науки. Како главна препорака се издвои потребата од поголеми финансиски средства, наменети за научни истражувања, како и подигнување на квалитетот на истражувачките трудови преку ефикасна примена на Законот за научноистражувачка дејност и Законот за високо образование.

Преку Регионалната програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан, во изминатиот период во Македонија биле финансирани седум национални и пет регионални проекти со вкупна вредност од приближно 850 000 швајцарски франци.

Регионалната програма за поддршка на истражувања во Западен Балкан е насочена кон зајакнување на истражувачките капацитети и унапредување на состојбите и политиките во областa на истражувањата во општествените науки во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Македонија. Со програмата управува Универзитетот Фрибург од Швајцарија, со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка. Во Македонија програмата ја спроведува Фондацијата Отворено општество - Македонија.


Клучни зборови

| настан | конференција