Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

Општо
пронајди

Дебата на МЦЕО и ФООМ

Пролетните дождови – Пролетниот извештај на Европската Комисија

Во организација на Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондацијата Отворено општество Македонија, на седми мај се одржа дебатата „Пролетните дождови – Пролетниот извештај на Европската комисија“, на која се дискутираше за Пристапниот дијалог на високо ниво - т.н. ХЛАД (High Level Accession Dialogue), политичките критериуми и функционирањето на институциите, како и за дијалогот за слобода на изразување, добрососедските односи и препораките од пролетниот извештај на Европската Комисија.

Бојан Маричиќ од МЦЕО споредувајќи ги резултатите постигнати со ХЛАД во 2012 година, со годинешните резултати, нагласи дека не само што нема напредок во пристапниот дијалог, туку во одредени полиња има и назадувања, особено во реформите на јавната администрација, и измените на Изборниот законик. Коментирајќи го политичкиот дијалог, Маричиќ истакна дека Македонија само преминува од криза во криза, додавајќи дека единствено нашата држава и БиХ имаат потреба од меѓународно посредништво за надминување на меѓупартиските разлики. Маричиќ препорача Македонија и ЕК заедно да прецизираат дали ќе го одржуваат ХЛАД-от или пак ќе го заменет со договорот од први март. Исто така, тој побара и целосен мониторинг на демократизацијата на институциите и целосно расчистување на настаните од 24-ти декември.

Зборувајќи за слободата на говор, претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, оцени дека иако има Устав кој ги гарантира човековите права и слободи, сепак Македонија е само привидно демократска држава. Тој истакна дека ЗНМ ги прекина преговорите со Владата поради се уште нерасчистениот случај со бркањето новинари на 24-ти декември, како и поради тоа што Владата не ги одржа претходните договори со ЗНМ. Селмани оцени дека Предлог законот за медиуми не само што не е на линија на препораките од ЕК, како што тврди Владата, туку е сосема спротивен од препораките. За претседателот на ЗНМ текстот на Предлог законот е лош и тешко дека ќе може да се подобри.

Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет се осврна на настаните од 24-ти декември и нивната можна разрешница. Коментирајќи го пролетниот извештај на ЕК, Пировска истакна дека очекувала пожестока критика од ЕК по повод „кршењето на човековите права, Уставот и Деловникот на Собранието на РМ од страна на претставниците на извршната власт“. Анализирајќи го можниот исход од собраниската Ад-хок комисија, Пировска подвлече дека Комисијата може да ги утврди фактите, но ќе заглави во моментот кога ќе треба да се утврди и санкционира нечија одговорност. „Комисијата нема да има мандат за такво нешто, туку тоа ќе треба да го направат соодветните институции, кои доколку сакаа и имаа волја ќе го стореа тоа многу порано“ заклучи Пировска.

Според новинарот Васко Попетрески добрососедските односи како дел од ХЛАД се поле на кое не се гледа никаков суштински напредок, бидејќи македонската власт не успеа ниту да го реши спорот со името со Грција, ниту пак да ги подобри односите со Бугарија, преку потпишување на договорот за добрососедство. Попетрески смета дека Грција и Бугарија и натаму ќе ја кочат интеграцијата на Македонија, но доколку ваквата ситуација потрае, може да се случи некои земји членки кои биле заговорници за наш прием во ЕУ да останат воздржани. Осврнувајќи се на претстојниот самит во јуни, Попетрески оцени дека има мала, речиси никаква, веројатност Македонија до тогаш да го реши спорот со името и да добие датум за почеток на преговори. Наспроти тоа, за Попетрески пореално е ЕК да го потврди пролетните заклучоци за Македонија, и да препорача датум за преговори да се додели на декемврискиот самит, доколку во меѓувреме се реши спорот со името. На дебатата присуствуваа голем број претставници на граѓански организации кои не го криеја незадоволството од запоставеноста на европската интеграција од страна на Владата, но исто така ја потенцираа потребата од ангажираност на граѓанскиот сектор како коректив на владините политики во поглед на европските интеграции.

Клучни зборови

| еу | дебата