Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Општо
пронајди

ПЕРСПЕКТИВАТА НА РЕГРЕТЗИТ

Џорџ Сорос



ЛОНДОН – Сè до резултатот од гласањето во Обединетото Кралство за излегување од Европската Унија, бегалската криза беше најголемиот проблем во Европа. Навистина, кризата одигра клучна улога во подемот на несреќата наречена Брегзит.

Гласот за поддршка на Брегзит беше голем шок; утрото по гласањето, распадот на Европската Унија се чинеше практично неизбежен. Разгорените кризи во другите земји од ЕУ, посебно во Италија, уште посилно ја зацврстија мрачната прогноза за опстанокот на ЕУ.
 
Сепак, како што избледува иницијалниот шок од Британскиот референдум, се случува нешто неочекувано: трагедијата веќе не изгледа како fait accompli (завршена работа). Многу британски гласачи почнаа да чувствуваат одредена „грижа на совест по купувањето“ како што хипотетичкото веќе станува реално. Фунтата падна. Втор референдум во Шкотска станува извесен. Сега веќе поранешните лидери на кампањата за „излез“ се впуштија во една необична епизода на братска само-деструкција, а некои од нивните следбеници почнаа да ја согледуваат мрачната иднина со која се соочува земјата, но и тие самите. Знак за пресврт во јавното мислење е кампањата која досега ја поддржаа повеќе од четири милиони луѓе за поднесување петиција до Парламентот за одржување втор референдум.

Како што Брегзитот беше негативно изненадување, спонтаната реакција по него претставува позитивно изненадување. Луѓето на двете страни од каузата, и уште поважно, оние кои не излегоа да гласаат (особено младите на возраст до 35 години), се мобилизираат. Тоа е токму таков вид ангажираност на локално ниво којшто ЕУ никогаш не беше во можност да генерира. 

Пост-референдумските превривања им предочија на луѓето во Британија што точно ќе изгубат со напуштањето на ЕУ. Ако ова чувство се прошири во остатокот од Европа, она што некогаш изгледаше неизбежен распад на ЕУ сега може да создаде позитивна движечка сила за посилна и подобра Европа.
 
Процесот би можел да почне во Британија. Исходот од гласањето не може да се смени, но кампањата за собирање потписи може да ја трансформира политичката сцена преку новооткриен ентузијазам за членство во ЕУ. Потоа, овој приод може да се реплицира во остатокот од Европската Унија, создавајќи движење за спас на ЕУ преку темелна реконструкција на Унијата. Убеден сум дека како што последиците од Брегзитот ќе излегуваат на површина во следните месеци, сè повеќе луѓе ќе бидат желни да се приклучат кон ова движење.
 
Она што ЕУ не смее да го направи е да ги казни британските гласачи, игнорирајќи ги нивните легитимни грижи за недостатоците на Унијата. Европските лидери треба да ги препознаат своите грешки и да го признаат демократскиот дефицит во тековните институционални аранжмани. Наместо да го третираат Брегзит како преговори за развод, тие треба да ја искористат можноста за преобмислување на ЕУ – да ја направат еден вид клуб во кој Обединетото Кралство, но и другите кои ризикуваат излегување, навистина ќе сакаат да се зачленат.

Доколку незадоволните гласачи во Франција, Германија, Шведска, Италија, Полска и во другите земји видат дека ЕУ носи бенефиции во нивните животи, ЕУ ќе излезе од оваа ситуација посилна од кога било. Доколку тие не го увидат тоа, таа ќе се распадне многу побрзо отколку што лидерите и граѓаните во моментов можат да предвидат.

Следната проблематична точка е Италија, која се соочува со банкарска криза и референдум во октомври годинава. Премиерот Матео Рензи е соочен со „замката 22“: ако не може навреме да ја реши банкарската криза, тој ќе го загуби референдумот. Тоа би можело да резултира со доаѓање на власт на Движењето „Пет ѕвезди“, кое беше партнер на про-Брегзит ориентираната УКИП (Партија за независност на Обединетото Кралство) во Европскиот Парламент. За да најде решение, на Рензи му треба помош од европските власти, но тие се премногу бавни и нефлексибилни.
 
Лидерите на Европа мора да признаат дека ЕУ е на работ на колапс. Наместо да се обвинуваат еден со друг, тие треба да се обединат и да донесат вонредни мерки. 

Прво, мора да се направи јасно разграничување меѓу членството во ЕУ и членството во еврозоната. Оние земји кои се среќни да не бидат членки на еврозоната не треба да бидат дискриминирани. Ако еврозоната сака потесна интеграција, каква што треба да има, таа мора има сопствен трезор и буџет, кои би служеле како фискален орган заедно со нејзиниот монетарен орган – Европската централна банка.

Второ, ЕУ треба да го стави во употреба својот одличен и во голема мера неискористен кредит. Лидерите би биле неодговорни ако не успеат да го активираат зајмувачкиот потенцијал на ЕУ во ситуација кога нејзиното постоење е загрозено.

Трето, ЕУ мора да ги зајакне своите одбранбени механизми за да се заштити себеси од надворешните непријатели кои се склони да ја искористат нејзината моментална слабост. Најголемиот адут на ЕУ е Украина, чиишто граѓани се подготвени да загинат во одбрана на својата земја. Бранејќи се себеси, тие ја бранат и ЕУ – нешто што е многу ретко во Европа денес. За среќа, Украина има нова влада која е поодлучна и која може да ги испорача реформите што ги барат нејзините граѓани, но и нејзините поддржувачи однадвор. Сепак, ЕУ и нејзините држави-членки не обезбедуваат онаква поддршка каква што Украина заслужува (САД се поголеми поддржувачи).

Четврто, плановите на ЕУ за справување со бегалската криза треба темелно да се ревидираат. Тие се преполни со погрешни концепти и неконзистентности коишто ги прават неефективни. Освен тоа, овие планови се очајнички недоволно финансирани и користат мерки на принуда што генерираат отпор. Во друга пригода јас веќе предложив детален план за решавање на овие проблеми.
 
Доколку ЕУ покаже напредок во овие насоки, таа ќе стане организација во која луѓето ќе сакаат да припаѓаат. Во тој момент, промена на договорот, и идна интеграција, повторно ќе станат можни.
 
Ако лидерите на Европа не успеат да дејствуваат, оние кои сакаат да ја спасат ЕУ за да ја преобмислат треба да го следат примерот на младите активисти во Британија. Сега, повеќе од кога било претходно, бранителите на ЕУ мора да најдат начини за нивното влијание да се почувствува.


Извор: The Promise of Regrexit

поврзани новости

нема поврзани новости