Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Граѓанско учество за локална демократија
пронајди

ОДРЖАН НАСТАН ЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ „ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА”






На 10 јуни 2016 година, во 11 часот, во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје, се одржa настан за објавување на целите и активностите на проектот „Граѓанско учество за локална демократија”. Станува збор за проект во рамките на ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми 2014 финансиран од Европската унија. 



Проектот „Граѓанско учество за локална демократија“ започна да се спроведува во јануари годинава, а ќе трае до јуни следната година. Проектот се имплементира од страна на  Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД) во општините Струга, Струмица и Центар. 

Целта на проектот е да се овозможи активно учество на граѓанските организации во процесот на креирање политики на локално ниво во областа на културага и учество во нивната имплементација. Во рамките на проектот ќе се изготват стратегии за култура и акциски планови за нивна имплементација. 

На настанот се обратија Јулијана Караи, координатор на проектот, ФООМ, Мартин Клауке, раководител на сектор за соработка, Делегација на ЕУ, Нада Насева, проектен координатор, ЦРЛД, и Гордана Мирчиќ, координатор за финансии и грантови, ФООМ.

- Граѓанските организации ќе учествуваат на повикот за добивање грантoви за јакнење на нивнитe капацитети и за имплементација на акциските планови од областа на културата. Тоа секако ќе придонесе и кон зајакнување на квалитетот на општинските услуги, истакна Јулијана Караи од ФООМ. 



Мартин Клауке од Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, порача дека ќе продолжат со доделување грантови во насока на остварување одржлив развој за граѓанските организации на локално и национално ниво. 

- Граѓанското општество има голема улога во поврзувањето на јавноста и политичкиот процес и изградбата на конструктивен дијалог помеѓу граѓаните и националните и локалните власти. Треба да се признае улогата на граѓанскиот сектор во реформите, вклучително и спроведувањето културни политики кои ќе ги согледаат различните потреби на населението, рече Клауке и нагласи дека ЕУ се грижи за културните политики и ги признава како еден вид човеково право. 

На самиот крај, Клауке истакна дека вложувањето во граѓанските организации ќе го олесни процесот на пристапување на земјата кон Европската унија.             

Клучни зборови

| општини