Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Граѓанско општество
пронајди

СЕДУМНАЕСЕТТИ ИЗВЕШТАЈ ОД СЛЕДЕЊЕТО НА ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

Сомнително потрошени 1,3 милиони евра европски пари






Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) во соработка со Фондација Отворено општество Македонија (ФООМ) го објави 17-тиот извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, кој ја анализира работата на Националната агенција за образовни програми и мобилност.

Во извештајот насловен како „Млади во Акција“ нотирани се повеќе случаи на сомнително доделување на средства од Националната агенција кон младински граѓански здруженија, појава која се случуваше и во 2010 година, поради што Брисел ги замрзна средствата наменети за Националната агенција.

Според извештајот, повторно се случува распределба на средствата по граѓански здруженија поврзани со членови на Националната агенција, и повторно средства добивале организации и лица кои биле финансирани и во спорната распределба во 2010 година. Па така, Волонтерскиот центар Скопје добил над 385 илјади евра за 19 проекти, а Младинскиот форум „Око“ од Струга, чиј основач е Бошко Нелкоски, поранешниот директор на Националната агенција, добил околу 235 илјади евра за 11 проекти. Агенцијата, во 2012 година финансирала вкупно 11 граѓански здруженија кои меѓу себе поделиле нешто над 1,3 милиони евра.

Освен тоа што во распределбата на средства учествуваат истите учесници од 2010-та, МЦЕО забележува и низа други неправилности: прикривање на адреси на здруженија, неколку здруженија регистрирани на иста адреса, три здруженија добиле пари за еден ист проект. За Лидија Димова од МЦЕО ова е крајно сомнително, ако се земе предвид дека Националната агенција има своја база на податоци и вакви превиди не смееле да се случат.

Според Димова, сомнителни решенија на Националната агенција се случуваат бидејќи не е разрешена аферата од 2010 година, кога поради распределба на парите на „параздруженија“ блиски до членовите на Националната агенција, тогашниот директор Нелкоски си поднесе оставка, а Брисел ги замрзна средствата наменети за Националната агенција.

Анализата на МЦЕО покажува дека причината зад ваквото однесување на Националната агенција е погрешно водениот процес на нејзина институционализација од самиот почеток, односно уште од донесувањето на законот за воспоставување на оваа институција. За жал, ниту измените на законот кои следуваа откако се обелоденија направените злоупотреби не ја санираше состојбата. Главните виновници останаа неказнети.

Оттука, МЦЕО ќе се обиде да создаде мрежа на младински здруженија, кои ќе притискаат да се направи независна и целосна ревизија на работата на Националната агенција, вклучително да се испита и поврзаноста на претходната ревизорска куќа. Потоа ќе се бара и промена на бројот на членови на Управниот одбор на Националната агенција. Додека пак од Брисел ќе се бара целосно објаснување за тоа како се спровеле повиците за проекти во 2012 година.

Клучни зборови

| граѓанско општество