Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Регионална програма за поддршка на истражувања
пронајди

ДИСКУСИЈА НА ТЕМА „ИСТРАЖУВАЊА И/ИЛИ НАУЧНИ ИСТРАЖУВАЊА: КОЈ И КАКО ДА АПЛИЦИРА ВО МОН?“

На 5 април 2016 година (вторник), со почеток во 13.30 часот, во Јавна соба во Скопје, ќе се одржи дискусија на тема „Истражувања и/или научни истражувања: Кој и како да аплицира во МОН?“, организирана во рамки на Регионалната програма за поддршка на истражувањето во Западен Балкан кој се спроведува од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Целта на јавната дискусија е да се предложи нов финансиски модел за поддршка на научноистражувачки проекти од страна на Министерството за образование и наука преку кој ќе се унапреди квалитетот, ефикасноста и влијанието на истражувачките активности во Македонија.

Говорници на дискусијата ќе бидат проф. Рената Дескоска, Собрание на Република Македонија, проф. Башким Зибери, Државен универзитет во Тетово и м-р Сања Спасова, Хелтгрупер – Скопје. Модератор на настанот ќе биде проф. Снежана Билиќ од Меѓународен балкански универзитет – Скопје.

Регионалната програма за поддршка на истражувањето во Западен Балкан е насочена кон зајакнување на истражувачките капацитети и унапредување на состојбите и политиките во областа на истражувањата во општествените науки во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Македонија. Со програмата управува Универзитетот Фрибург од Швајцарија со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка. Во Македонија програмата ја спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.



Клучни зборови

| ппир