Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Правна програма
пронајди

Бараме институциите да обезбедат правна заштита

Членките на мрежата за заштита од дискриминација најостро го осудуваат настанот во трговскиот центар Скопје Сити Мол, чие раководството преку електронска пошта испратена до фирмата „Land Service“, на 9ти Јануари 2013 година, побара лицата припадници на ромската заедница да не бидат ангажирани на работни задачи за одржување на хигиената во одделот за храна.

Потенцираме дека Комисијата за заштита од дискриминација, која вчера преку соопштение го осуди настанот, треба во најкраток временски рок да постапи по предметот и преку свое мислење, во согласност со Законот за спречување и заштита од дискриминација, да утврди директна дискриминација врз расна и етничка основа, како резултат на која беше повреден личниот и моралниот интегритет, достоинството и угледот на лицата роми вработени во „Land Service“ и нивната приватност и правото на достапност на секое работно место под еднакви услови. Комисијата за заштита од дискриминација треба итно да поведе прекршочна постапка, со која ќе утврди двојна одговорност за извршена дискриминација, како од страна на одговорното лице така и од страна на правното лице - трговскиот центар Скопје Сити Мол.

Соодветната реакција од релевантните институции во вакви моменти е од исклучително значење, бидејќи пропуштањето да се даде заштита на жртвите на дискриминација, особено на јавно обзнанетите дискриминаторски практики, може да резултира со обесхрабрување на жртвите да бараат заштита, а охрабрување на сторителите.

Затоа, го поттикнуваме и Јавното обвинителство да се вклучи во случајот и да го истражи евентуалното постоење на кривична одговорност за расна дискриминација (член 417 од Кривичниот законик) поради повреда на основните човекови права и слободи признати од страна на меѓународната заедница, сторена врз основа на разлика на раса, боја на кожа, националност или етничко потекло.

Мрежата за заштита од дискриминација, преку Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, стапи во контакт со жртвите на дискриминација во споменатиот случај и им ја понуди својата правна и организациска помош во напорите да обезбедат правна заштита. Оваа мрежа има за цел да развива стратегиско застапување во случаи на дискриминација преку поднесување предмети пред Комисијата за заштита од дискриминација и пред домашните и меѓународните судови. Развојот на домашната практика е поттикната преку обезбедување бесплатна правна помош во стратегиски случаи на дискриминација.

Мрежата е сочинета од следните организации: Фондација отворено општество – Македонија; Асоцијација за здравствена едукација и истражување (ХЕРА); ХОПС - Опции за здрав живот; Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија и Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија (ЕСЕ); РОМА С.О.С. Прилеп; Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост - ПОРАКА.