Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Општина по мерка на граѓаните
пронајди

ОДРЖАНИ OБУКИ ЗА МОНИТОРИНГ НА АКЦИСКИ ПЛАНОВИ ВО СТРУМИЦА, СТРУГА И ЦЕНТАР

Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ), во соработка со Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД), во рамките на концептот Општина по мерка на граѓаните реализираше три обуки на тема „Мониторинг на акциските планови од четирите стратегии во областите млади, образование, социјална заштита и соработка со граѓански сектор“ наменети за  претставници на граѓанските организации во општините Струмица, Струга и Центар како партнери во реализацијата на активностите од овој концепт. 
 


Обуките беа реализирани по следниот редослед:
- во Струмица, 23-24 февруари 2016 година, во хотелот Есперанто; 
- во Центар, 25-26 февруари 2016 година, во Канцеларијата за млади на општина Центар; и 
- во Струга, 3-4 март 2016 година, во хотелот Мираж.

Обуките имаа за цел да им понудат на претставниците на организациите во секоја од општините, алатки за мониторинг на имплементацијата на локалните стратегии и акциските планови за областите образование, млади, социјална заштита и соработка со граѓанскиот сектор. 



Првиот ден од обуката беа поминати неколку клучни сесии: вовед во процесот на мониторинг на акциските планови, дискусија за избалансираните карти на показатели на општините за четирите области, дискусија за акциските планови и клучните индикатори, вовед во процесот на мониторинг, додека вториот ден беше дискутирано за управувањето врз основа на резултати, на стратешко и на оперативно ниво, мониторинг и известување засновани на резултати, а најголем акцент беше ставен на работа во групи, со цел воспоставување на Мониторинг систем за Акциските планови на општините за четирите области.



Планирано е во текот на март 2016 година, Фондација Отворено општество – Македонија да распише отворен повик за мали грантови наменет за организации кои би го реализирале мониторингот на акциските планови во секоја од трите општини во текот на 2016 година.

Клучни зборови

| општини