Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Општина по мерка на граѓаните
пронајди

Обуки на тема „Мониторинг на акциски планови“ за членови на граѓански организации во општините Струга, Струмица и Центар

Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ), во соработка со Центрите на заедниците во општина Струга, општина Струмица и општина Центар, како дел од концептот „Општина по мерка на граѓаните“ кој го спроведува во партнерство со наведените општини, објавува повик за учество на обуки на тема „Мониторинг на акциски планови за четирите стратегии“ за претставници од граѓански организации.  Целта на обуките е да им обезбеди на претставниците на граѓанските организации соодветни знаења и алатки  за мониторинг на имплементацијата на акциските планови во општините. 

Обуките ќе се реализираат според следниот распоред: 
- во општина Струмица од 23-24.02.2016 година во хотел Есперанто, 
- во општина Центар од 25-26.02.2016 година во Канцеларијата за млади на Општина Центар,
- во општина Струга од 03-04.02.2016 година во хотел Мираж
 
На обуката е предвидено да учествуваат од 20 до 25 учесници во секоја од општините (3-4 претставници од иста организација). При селекцијата на кандидатите предвид ќе биде земен етничкиот и родовиот баланс на групата, како и вклученоста на лицата со посебни потреби. Кандидатите треба да бидат во можност да учествуваат на обуката во горенаведениот период. Обуката ќе  ја реализираат искусни експерти од Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД) од Скопје.

Пријавите за обука за членови на невладините организации во општините Струга, Струмица и Центар може да се најдат на веб страните на Центрите за поддршка на заедниците: www. ccstruga.mk, wwwccstrumica.mk и cccentar.mk

По завршувањето на обуките, во текот на Март 2016 година, ФООМ ќе распише отворен повик за мали грантови за невладини организации кои би го реализирале мониторингот на акциските планови во општинитево текот на 2016 година.

Клучни зборови

| општини