Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Општо
пронајди

ТЕРОРИСТИТЕ И ДЕМАГОЗИТЕ САКААТ ДА СЕ ПЛАШИМЕ. НЕ СМЕЕМЕ ДА ПОДЛЕГНЕМЕ

Џорџ Сорос

Не е лесно да се одолее на заканите и хистеријата што нè опкружуваат, но мора да го сториме тоа бидејќи стравот е најголемата опасност за отвореното општество

Отворените општества секогаш се под закана. Тоа особено се случува во Америка и Европа денес, како резултат на терористичките напади во Париз и на други места, и начинот на кој Америка и Европа, а особено Франција, одговорија на таквите напади.

Џихадистичките терористички групи, како што се Исламската држава и Ал-Каеда, ја открија Ахиловата пета на нашите западни општества: стравот од смрт. Преку ужасни напади и морничави видеа, публицистите на Исис го зголемуваат овој страв и со тоа ги натераа инаку разумните луѓето од досега отворените општества да се збогуваат со својот разум. 



Научниците открија дека емоцијата е суштинска компонента на човековото расудување. Ова откритие објаснува зошто џихадистичкиот тероризам претставува толку силна закана за нашите општества: стравот од смрт нè тера нас и нашите лидери да размислуваме – и последователно на тоа – да се однесуваме ирационално. 

Науката само го потврди она што искуството го покажува години наназад: кога се плашиме за нашите животи, емоциите ги запоседнуваат нашите мисли и акции и ние тешко можеме да расудуваме рационално. Стравот активира еден постар, попримитивен дел од мозокот од делот што ги формулира и ги одржува апстрактните вредности и принципи на отвореното општество.
 
Затоа, отвореното општество секогаш е изложено на ризикот што го наметнува заканата која е вградена во нашиот одговор на стравот. Генерацијата која го наследила отвореното општество од нејзините родители нема да разбере што е потребно за тоа општество да се одржува сè додека не е ставена на тест и додека не научи да не дозволува стравот да го корумпира разумот. Џихадистичкиот тероризам е само последниот пример за тоа. Стравот од нуклеарна војна ја тестираше последната генерација, а стравот од комунизмот и фашизмот ја тестираше мојата генерација. 

Крајната цел на џихадистичките терористи е да ја убедат муслиманската младина ширум светот дека нема друга алтернатива освен тероризам. А терористичките напади се начин за постигнување на таа цел бидејќи стравот од смрт ќе ги разбуди и ќе ги зголеми латентните анти-муслимански чувства во Европа и Америка, охрабрувајќи го немуслиманското население да ги третира сите муслимани како потенцијални напаѓачи. 

Токму тоа и се случува. Хистеричната анти-муслиманска реакција на тероризмот генерира страв и гнев меѓу муслиманите кои живеат во Европа и Америка. Постарата генерација реагира со страв, помладата генерација реагира со гнев, а резултат од тоа е плодна почва за потенцијални терористи. Тоа е рефлексивен процес кој взаемно се засилува. 

Како може да се запре и да се смени? Напуштањето на вредностите и принципите што лежат во основата на отворените општества и подлегнувањето на анти-муслиманскиот импулс што го диктира стравот, со сигурност, не се одговорот, иако можеби ќе биде тешко да се одолее на искушението. Јас лично го искусив тоа кога ја гледав последната претседателска дебата на Републиканците; можев да се сопрам само со тоа што се потсетив дека исполнувањето на желбите на твоите непријатели мора да е ирационално.

Апстрактните аргументи не се доволни за да се отстрани опасноста што ја наметнува џихадистичкиот тероризам; за да го поразиме – ни треба стратегија. Предизвикот е подвлечен со фактот дека џихадизмот е меѓу нас повеќе од една генерација. Навистина, невозможно е да се стекне соодветно разбирање на таа појава. Сепак, мора да се обидеме.

Земете го за пример конфликтот во Сирија, кој е главната причина за проблемот со миграцијата што пак претставува егзистенцијална закана за Европската унија каква што ја знаеме. Доколку тој се реши, светот ќе биде во подобра состојба. Важно е да се признае фактот дека Исис работи од позиција на слабост. Иако таа шири страв низ светот, нејзината позиција на домашен терен ослабува. Советот за безбедност при Обединетите нации едногласно донесе резолуција против оваа организација и лидерите на Исис се свесни дека нивните денови во Ирак и Сирија се одбројани. 

Се разбира, изгледите за Сирија и натаму остануваат силно неизвесни и конфликтот таму не може да се разбере или да се решава изолирано. Сепак, една идеја се пробива кристално јасно: да се прави тоа што терористите го сакаат од нас е страшно погрешно. Токму затоа, како што се приближува 2016 година, ние мора да ја реафирмираме нашата заложба за принципите на отвореното општество и да одолееме на песната на сирените како онаа на Доналд Трамп и на Тед Круз, без оглед колку тешко ќе биде тоа.


Извор: http://www.theguardian.com/commentisfree/2015/dec/28/terrorists-demagogues-scared-charlie-hebdo


поврзани новости

нема поврзани новости