Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Зајакнување и мобилизација на граѓаните
пронајди

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЕВРОПСКИ ПОЛИТИКИ ОД БРИСЕЛ И ЈАВНА ДЕБАТА „ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ НА ЕУ И ПРОШИРУВАЊЕТО КОН БАЛКАНОТ“

На 18 декември 2015 година (петок), со почеток во 14 часот, во хотелот Холидеј ин во Скопје (сала Скала 1), ќе се одржи презентација на извештајот на Центарот за европски политики од Брисел и јавна дебата на тема „Земјите-членки на ЕУ и проширувањето кон Балканот“, во организација на Фондацијата Отворено општетество – Македонија.

На настанот ќе се презентираат и дискутираат наодите од истражувањето на една од најреномираните тинк-тенк организации кои се занимаваат со европските прашања -  Центарот за европски политики од Брисел (ЕПЦ). 

Ова е едно од ретките истражувања кое детално се занимава со перцепцијата и ставовите на политичките и граѓанските елити од 17 држави-членки на ЕУ кон прашањето на зачленувањето на државите од Западен Балкан во ЕУ. Ова истражување дава еден нов поглед за тоа какво е гледиштето од државите-членки кон идното проширување на ЕУ лоцирајќи ги спорните точки, разумните дилеми, но и стереотипните реакции. 

Студијата на ЕПЦ отвора перспективи за анализа на степенот и изворите на т.н. замор од проширување, но и шансите за внесување на нова енергија и надеж за надминување на заморот и заживувањето на определбата за интегрирање на Западен Балкан во ЕУ.

Говорници ќе бидат Корина Стратулат од Центарот за европски политики, Брисел, Јоанис Армаколас од ELIAMEP и Универзитет Македонија, Солун, и Бојан Маричиќ од Македонски центар за европско образование, Скопје.
                    
Настанот ќе го модерира Срѓан Цвијиќ од Фондациите Отворено општество од Брисел,а  воведен збор ќе има извршната директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, Фани Каранфилова-Пановска.

На настанот ќе биде обезбеден превод од англиски јазик.

За настанот ќе биде обезбеден пренос во живо на vozivo.mk



поврзани новости

нема поврзани новости