Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Проект на УСАИД за граѓанско општество
пронајди

ПРОМОЦИЈА НА ПРИРАЧНИК ЗА АКТИВНО ГРАЃАНСТВО



   



ФОРУМ – Центар за стратешки истражувања и документација (ЦСИД) и Фондацијата Отворено oпштество – Македонија (ФООМ)  на 29 септември 2015 ja промовираа публикацијата „Прирачник за активно граѓанство“. 

На промоцијата беа презентирани анализи поврзани со местото и улогата на граѓанскиот активизам во Македонија, направени од неколку истакнати истражувачи и граѓански активисти, кои сочинуваат дел од големиот број предавачи на Школата за активно граѓанство, која ја организира и спроведува Форум – ЦСИД во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. 

Мирјана Најчевска претстави дел од упатствата содржани во нејзиниот „Водич за активно граѓанство“ и посебно се осврна на потребата од познавање на две декларации – Декларацијата за правата и одговорностите на индивидуите, групите и организациите на општеството да ги промовираат и штитат универзално препознаените човекови права и слободи и Декларацијата за бранителите на човековите права, како основа за секој граѓански ангажман во општеството и државата. Активното граѓанство според неа не значи само членување во невладини организации, или било какви формални организации, туку индивидуално ангажирање на граѓаните со цел да се задоволи некоја потреба или интерес. 

Жарко Трајаноски ја претстави студијата на случај „Борбата за сексуални права во Република Македонија: Како невидливите станаа видливи и гласни“ и нагласи дека доколку сакаме резултати во борбата за еднаквост и човекови права потребно е организирано граѓанско дејствување преку активните граѓански организации во кои членуваат и силни индивидуи. На примерот на организациите кои се борат за правата на ЛГБТИ популацијата, Трајаноски посочи дека не може човек да се бори против неправда која не ја знае и не ја гледа, туку мора таа неправда да стане видлива. 

Владо Апостолов, презентирајќи ја студијата на случај „Активизмот во македонското новинарство - Давеник против Голијат“, истакна дека новинарските редакции се тие што ги откриваат информациите што се битни за активизмот во граѓанското општество, но денес во нив има сѐ помалку новинари, па поради тоа е тешко за редакциите да поттикнат истражувачко новинарство. Тој тврди дека новинарскиот синдикат е заслужен за неколку мали победи на новинарството во последниве години, вклучително и во случајот со затворањето на Томислав Кежаровски.

Џелал Хоџиќ, автор на есејот „Нашето општество е наша морална обврска“, посочи на неколку ретроградни тенденции во македонското општество и нагласи дека нема функционална демократија без активни граѓани, ниту дека може да дојде до организирање на граѓаните доколку граѓаните не се активни во општеството. Според него апатијата кај граѓаните во Македонија е резултат на 25 години одземање на просторот на политиката од граѓаните и негово монополизирање од страна на политичките партии. 

Прирачникот ја содржи и анализата на Зоран Бојаровски „Активно граѓанство - Од граѓанска иницијатива до остварлива кампања“ и Поимник на граѓанското општество, кој е збир на толкувања и разбирања на одредени поими од страна на слушателите од досегашните генерации на Школата за активно граѓанство на обуките организирани во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. 



Клучни зборови

| усаид