Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Општо
пронајди

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СИСТЕМОТ ЗА АЗИЛ

од Џорџ Сорос

Европската унија (ЕУ) треба да ја прифати одговорноста за недостатокот на заедничка политика за азил кој го претвори овогодинешниот зголемен прилив на бегалци од проблем со кој може да се управува во уште една политичка криза. Секоја држава-членка себично се фокусира на нејзините сопствени интереси, честопати постапувајќи против интересите на другите. Toa предизвика паника меѓу барателите на азил, во општата јавност и кај властите одговорни за одржување на законот и редот. Барателите на азил беа главните жртви.

ЕУ има потреба од сеопфатен план за да одговори на кризата, план кој повторно ќе го потврди ефективното управување со бранот на баратели на азил, така што тој може да се одвива на безбеден и организиран начин и со чекор кој го одразува капацитетот на Европа да го апсорбира тој бран. За да биде сеопфатен, планот треба да се протега и надвор од границите на Европа. Одржувањето на потенцијалните баратели на азил на нивната моментална локација или близу до неа е помалку разорно и многу поевтино.

Поради тоа што причината за тековната криза потекнува од Сирија, судбината на сириското население треба да биде главен приоритет. Но, не смеат да се заборават и останатите мигранти и баратели на азил. Исто така, европскиот план треба да биде придружуван со глобална реакција, под раководство на Организацијата на обединетите нации и со вклучување на нејзините држави-членки. Тоа би го распределило товарот на сириската криза помеѓу голем број држави, а во исто време би се воспоставиле глобални стандарди за справување со проблемите на присилната миграција воопшто. 

Ова се шесте компоненти на сеопфатниот план. 

Прво, во догледна иднина ЕУ треба да прифати најмалку еден милион баратели на азил годишно. За да го направи тоа, таа мора рамномерно да го распредели товарот – принцип кој конечно беше воспоставен со квалификувано мнозинство на самитот одржан минатата среда.

Соодветното финансирање е од клучна важност. ЕУ треба да обезбеди 15.000 ЕУР (16.800 УСД) по барател на азил за секоја од првите две години за да помогне да се покријат трошоците за домување, здравствена нега и образование, но и за да го направи прифаќањето бегалци поприфатливо за државите-членки. Таа може да ги обезбеди овие средства со издавање долгорочни обврзници користејќи го нејзиниот во голема мера неискористен капацитет за позајмување (ААА кредитен рејтинг), кој ќе има додадена вредност за обезбедување оправдан фискален стимул за европската економија.

Еднакво важно е да им се дозволи и на државите, но и на барателите на азил да ги изразат нивните преференции, користејќи колку што е возможно помалку принуда. Сместувањето на бегалците онаму каде што сакаат да одат и онаму каде што се добредојдени е суштински и апсолутен услов за успех. 

Второ, ЕУ мора да ги предводи глобалните заложби за обезбедување соодветно финансирање за Либан, Јордан и Турција со цел да се поддржат четирите милиони бегалци кои моментално живеат во тие земји. 

Досега, обезбедени се само мал дел од потребните средства и тоа само за основна грижа. Доколку се вклучат образованието, обуката и останатите основни потреби, годишните трошоци се најмалку 5.000 ЕУР по бегалец, или 20 милијарди ЕУР. Европската помош за Турција, иако беше удвоена минатата недела, сè уште изнесува само 1 милијарда ЕУР. Покрај тоа, ЕУ исто така треба да помогне да се изградат специјални економски зони со префериран трговски статус во регионот, вклучувајќи ги и Тунис и Мароко, за да се привлечат инвестиции и да се создадат работни места и за локалното население, и за бегалците. 

ЕУ ќе мора да направи заложби да обезбеди најмалку 8-10 милијарди ЕУР годишно за земјите на првата линија на бранот бегалци со баланс од САД и остатокот од светот. Ова може да се додаде на износот на издадените долгорочни обврзници за поддршка на барателите на азил во Европа.

Трето, ЕУ мора веднаш да започне со формирање на единствена Европска агенција за азил и миграција, како и единствена Европска служба за обезбедување на границата. Моменталниот колаж од 28 одделни системи за азил не функционира: тој е скап, неефикасен и создава премногу неконзистентни резултати при определувањето кој се квалификува за азил. Новата агенција постепено ќе ги забрза и олесни процедурите, ќе воспостави заеднички правила за вработување и претприемништво, како и за конзистентни бенефиции, и ќе развие ефективна политика за враќање со почитување на правата за мигрантите кои не се квалификуваат за азил.

Четврто, мора да се воспостават безбедни канали за барателите на азил, почнувајќи со тоа што тие ќе се одведат од Грција и Италија во земјите кои се нивна дестинација. Ова е итен приоритет со цел да се смири паниката. Следниот логичен чекор е да се прошират безбедните патеки до регионот кој е на првата линија на бранот бегалци, со што би се намалил го бројот на мигранти кои тргнуваат по опасната рута преку Средоземното море. Доколку барателите на азил на тој начин имаат разумна шанса на крајот да стигнат во Европа, има поголема веројатност дека нема на своја рака да тргнат од таму каде што се наоѓаат. Тоа ќе налага преговарање со земјите на првата линија, во соработка со Агенцијата на ОН за бегалци, со цел таму да се воспостават процесни центри, при што Турција би била приоритет.

Оперативните и финансиски аранжмани развиени од страна на ЕУ треба да се користат за да се воспостават глобални стандарди за третман на барателите на азил и мигрантите. Ова е петтиот дел од сеопфатниот план. 

На крајот, за да апсорбира и интегрира повеќе од еден милион баратели на азил и мигранти годишно, ЕУ треба да го мобилизира приватниот сектор – невладини организации, црковни групи и бизниси – коишто треба да дејствуваат како спонзори. Ова ќе налага адекватно финансирање, но и човечки и информатички капацитет за да се поврзат мигрантите и спонзорите.

Егзодусот од Сирија која е разорена од војната никогаш не требаше да се претвори во криза. Тоа долго време се создаваше и лесно можеше да се предвиди и во голема мера да се реши од страна на Европа и меѓународната заедница. Унгарскиот премиер Виктор Орбан исто така изготви план со шест точки за разрешување на кризата. Но со неговиот план кој ги става на второ место човековите права на барателите на азил и мигрантите во однос на сигурноста на границите, постои опасност од поделба и уништување на ЕУ со одрекување од вредностите врз коишто таа е изградена и со прекршување на законите кои би требало да важат во неа.

ЕУ мора да одговори со автентична Европска политика за азил која ќе стави крај на паниката и непотребното човеково страдање.

Извор: https://www.project-syndicate.org/commentary/rebuilding-refugee-asylum-system-by-george-soros-2015-09


поврзани новости

нема поврзани новости