Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Пристап до правда во Македонија
пронајди

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРОЕКТОТ „ПРИСТАП ДО ПРАВДА ВО МАКЕДОНИЈА“

Проектот „Пристап до правда во Македонија“, кој го спроведуваат Македонското здружение на млади правници (МЗМП) Скопје, Националниот ромски центар (НРЦ) Куманово, Младинскиот културен центар (МКЦ) Битола, Едукативно-хуманитарната организација (ЕХО) Штип, Избор Струмица и Здружението на граѓанско општество „8-ми Септември“ Скопје, во координација на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), организира завршна конференција на 15 септември 2015 год. (вторник), во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, со почеток во 11 часот.

Проектот „Пристап до правда во Македонија“ се спроведуваше во последните 18 месеци, со финансиска поддршка од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (EIDHR) на Европската унија. Проектот вклучи активности за мониторинг на спроведувањето на Законот за бесплатна правна помош, врз основа на методологија развиена и применета од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија и мрежата од погоренаведените шест овластени здруженија за обезбедување бесплатна правна помош.

На завршната конференција ќе бидат презентирани наодите од мониторингот спроведен во рамките на овој проект со цел да се придонесе во креирањето на јавната политика во врска со правото на пристап до правда и правото на бесплатната правна помош.

Настанот ќе го отвори Александар Стојановски, координатор на проектот во ФООМ а свое обраќање ќе имаат и Н.Е. Аиво ОРАВ, амбасадор на ЕУ, и д-р Аднан Јашари, министер за правда (не е потврдено). Во двете панел-дискусии говорници ќе бидат претставник од Министерството за правда (не е потврдено), Оливер Митов од НРЦ Куманово, Благица Киров од ЕХО Штип, адвокатот Благоја Пандовски, Елена Георгиевска од МЗМП и Сузана Велковска од ФООМ.

За настанот ќе биде овозможен пренос во живо на www.vozivo.mk/ .

поврзани новости

нема поврзани новости