Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Регионална програма за поддршка на истражувања
пронајди

ДЕБАТА „МАКЕДОНИЈА 2015: ПОМЕЃУ АВТОРИТАРНИТЕ ТЕНДЕНЦИИ И ЕВРОПЕИЗАЦИЈАТА?“

На 26 мај 2015 година, со почеток во 18 часот, во хотелот Холидеј Ин во Скопје, се одржа дебатата „Македонија 2015: Помеѓу авторитарните тенденции и европеизацијата?“ во организација на локалната канцеларија на Регионалната програма за поддршка на истражување во рамки на Фондацијата Отворено општество - Македонија. 



На дебатата присуствуваа околу 70 учесници, претставници на медиумите, граѓанското општество, академската јавност и властите, а говорници беа д-р Каролина Ристова-Астеруд од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, д-р Сашо Орданоски од Универзитетот Југоисточна Европа во Скопје, д-р Артан Садику од Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје и Анастас Вангели, докторанд на Полската академија на науки во Варшава.

Дебатата чиј модертор беше д-р Андреас Ернст, дописник на „Neue Zürcher Zeitung“, се осврна на главните димензии на постоечкиот политички систем во Македонија, состојбата во политичкиот и општествениот плурализам, вклучително медиумите, економијата и граѓанското општество.



Во фокусот на дебатата повеќе беше излезот од авторитарните тенденции отколку автократските структури на актуелниот политички систем во Македонија. Ова  дава јасна слика за расположението во општеството. Она што беше истакнато за време на дебатата беше новиот концепт на политика изразен преку новото општествено движење и неговото можно влијание врз партиите и медиумите. Новата политика се случува надвор од „вообичаената политика“, не познава етничка поделба и покажува дека промените можат да се случат и надвор од политичките партии. Сепак, сериозната политичка корупција во државата не може да се реши преку ноќ - таа ќе остане во наследство на новите влади што доаѓаат.

И покрај сиот оптимизам во врска со зголеменото граѓанско учество, сепак во голема мера присутна е и доза на инертност. „Иднината е пред нас отворена, а кога е отворена, таа е во рацете на народот“, заклучи Андреас Ернст.

Програмата и извештајот од дебатата можете да ги преземете тука


Клучни зборови

| ппир