Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Зајакнување и мобилизација на граѓаните
пронајди

„ДАЛИ ПОСТОИ СЛАБ НАЦИОНАЛИЗАМ И ДАЛИ Е ТОА КОРИСНА КАТЕГОРИЈА?“ СО ПРОФ. МАРИЈА ТОДОРОВА

На 11 јули 2015 година (сабота), со почеток во 12 часот, во ГЕМ клубот во Скопје, една од најеминентните светски историчарки, проф. Марија Тодорова, ќе одржи предавање на тема „Дали постои слаб национализам и дали е тоа корисна категорија“, во организација на Фондација Отворено општество - Македонија.

Марија Тодорова е професор по историја на Универзитетот Илиноис во Урбана-Шампејн, а нејзина специјалност е историјата на Источна Европа, со особен фокус на Балканот и Османлиската империја во модерниот период. Тодорова предавала на универзитетите во Софија и во Флорида и била гостин-професор на низа универзитети во САД и Европа, меѓу кои Харвард, Рајс, Калифорнија-Ирвин, Босфорскиот универзитет и многу други. Авторка е на повеќе монографски публикации, есеи и статии за социјалната и културната историја, историската демографија и историографијата на Балканот во 19. и 20. век, со посебен фокус на проблемите на национализмот, особено на симболиката на национализмот, националната меморија и националните херои. Нејзина најзначајна книга е „Замислувајќи го Балканот“ која е преведена на тринаесет јазици.

Во рамките на своите долгогодишни истражувања и анализи на историографијата и на типологијата на национализмот, а особено државно спонзорираниот национализам, Тодорова во своето предавање ќе се осврне на концептот за т.н. „слаб национализам“. Користејќи ја компаративно оваа аналитичка категорија, таа го толкува национализмот во Бугарија и во Македонија како два примери - студии на случај, во рамките на балканскиот, европскиот и глобалниот контекст. Тодорова, исто така, ќе се осврне и на емотивните аспекти на национализмот, особено на чувствата на гордост и понижување како централни вектори на мобилизирачката моќ на национализмот.

Модератор на настанот ќе биде Ирена Стефоска, професор на Институтот за национална историја.

За настанот ќе биде овозможен пренос во живо на vozivo.mk .



Клучни зборови

| настан