Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Општо
пронајди

Тркалезна маса „Односите меѓу Македонија и Бугарија - четврто полувреме“

Односите меѓу Македонија и Бугарија се премногу важни за да им се препуштат само на историчарите





Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондацијата Oтворено општество- Македонија (ФООМ) на шести февруари организираа тркалезна маса насловена како „Односите меѓу Македонија и Бугарија- четврто полувреме“, а во чиј фокус беа добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија, во контекст на заклучоците на Европскиот совет во декември 2012 година и можностите за решавање на отворените прашања преку рамката за европски интеграции.

Јавор Сидеров, самостоен истражувач и аналитичар од Бугарија, пред присутните порача дека односите меѓу Македонија и Бугарија се премногу важни за да им се препуштат само на историчарите, особено што постои историја која се заборава, а која може да послужи за затоплување на односите. Според Сидеров, решенијата за отворените прашања бараат силна политичка волја, а политичките чинители на историјата мора да гледаат како водич кон иднината а не како инструмент за зајакнување на национализмот, кој на овие простори е дефанзивен и е одлика на национализмот на малите народи.

За Ирена Стефоска од Институтот за национална историја, важно е Македонија да излезе од рововите на национализмот и да се помести од радикалната дефанзивна позиција на глумење жртва, и да започне дијалог за заедничко толкување на историјата, не само со Бугарија, туку и со сите останати. Стефоска подвлече дека по завршувањето на глобалните процеси како Втората светска војна и падот на Берлинскиот ѕид, многу држави формирале двострани комисии кои имале за цел да се направи дијалог за разликите од заедничката историја на одредени држави. Тоа според Стефоска, би можело да функционира и во толкувањето на историјата помеѓу Македонија и Бугарија.

За продлабување на дијалогот потребни се политичка смелост и силна волја од двете страни, заклучи Димитар Бечев од Европскиот совет за надворешни односи - Софија. Според него, поддршка на Бугарија кон македонските европски интеграции секогаш била формална, но не и суштинска. Бечев предупреди дека Владата на РМ го користи грчкото вето како алиби за неспроведувањето на дадените реформи, и доколку односите со Бугарија не се подобрат, лесно може да се создаде атмосфера во која Бугарија ќе биде новото алиби за неевропската политика на актуелната македонска влада.

Универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски македонско-бугарските односи ги карактеризираше како занемарени, а како посебен случај го издвои фактот на занемарување на се она што Бугарија го има направено за Македонија во почетокот да деведесетите години, односно отворањето на Бугарија како излез кон светот, во ситуација кога нашата земја се соочуваше со блокада од јужниот и ембарго кон северниот сосед. За Фрчкоски е особено важно во наредните договори да не влегуваме со комплекс на жртва, туку со политичка волја да се прецизира што од историјата ќе се памети, а што ќе се заборава. Добрите односи со Бугарија, дополнително ќе помогнат во подобрување на односите кон нашиот стратешки партнер САД, но и внатре во односот спрема Албанците, заклучи Фрчкоски.

Антоанета Приматарова од Центарот за либерални стратегии во Софија посочи дека постои занемарување на односите и од бугарска страна, посебно по започнувањето на пристапните преговори на Бугарија за влез во ЕУ. Европската рамка за интеграции може да помогне, но сепак преголеми се очекувањата на ЕУ дека можат да се решат сите можни проблеми кои постојат. „Добро е се преговара преку работни групи, но заблуда е да се верува дека се ќе се среди многу брзо бидејќи можеби ќе се преговара со децении.“ оцени Приматарова.

Бартоломеј Кајтази, поранешниот Амбасадор на РМ во Ватикан, се осврна на економскиот дел од македонско-бугарските односи. Како главни недостатоци тој ги посочи лошата инфраструктура, малиот број гранични премини, немањето на директна авионска врска меѓу Скопје и Софија, неповрзаноста со железнички сообраќај, како и недоволно искористената економска соработка. Според Кајтази, подобрената инфраструктура и засилената економска соработка можат да бидат двигатели кон подобри односи меѓу Македонија и Бугарија, а шанса за тоа гледа во реализацијата на Коридорот Осум.

На тркалезната маса присуствуваа бројни претставници од граѓанскиот сектор, универзитетски професори и амбасадори. Како неоспорен заклучок произлезе потребата од интензивирање на преговорите каде што освен политичките елити, активно би се вклучиле и луѓе од граѓанскиот сектор, економијата и уметноста.





Аудио запис од настанот