Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Регионална програма за поддршка на истражувања
пронајди

Македонија некаде на дното на истражувачката мапа





Во рамките на Регионалната програма за поддршка на истражувања во Западен Балкан, Фондацијата Отворено општество – Македонија на 20-ти декември организираше дебата на тема „Вмрежување и мобилност во општествените науки: Каде сме на истражувачката мапа?“ на која се анализираа состојбите во областа на мобилноста и вмрежувањето, кои се можностите и која е институционалната поддршка во креирањето услови и обезбедувањето развој на научно-истражувачката дејност во Република Македонија преку меѓународната соработка.

Маја Бојаџиевска, професор на Филолошкиот факултет и модератор на дебатата, ја подвлече важноста за дискусија на оваа суштествена тема и изрази жалење што ниту на оваа, ниту на претходните дебати не учествувале оние кои се најповикани. Проф. Бојаџиевска оцени дека темата на вмрежување и мобилност се надоврзува на претходните дискусии и изрази надеж дека на оваа дебата нема повторно да стигнеме до поразителни резултати кои ја дефинираат праксата и реалноста, наспроти пишаното во рамките на законите и правилниците.

Според проф. Лорета Георгиевска Јаковлевска од Институтот за македонска литература при УКИМ, од формален аспект Македонија е и мобилна и вмрежана, но статистичките резултати покажуваат друга слика. Така на пример според Институтот за статистика на УНЕСКО од вкупно мобилните студенти само 0.1% се од Македонија, а статистички 0% од странските студенти доаѓаат во Македонија. Слични се податоците и за образовниот кадар. Дополнително, според податоците добиени од Еразмус Мунди програмата за 2010 година, од Македонија биле поднесени 124 барања за мобилност, а одобрени само 17, со што Македонија е на дното на одобрени барања за мобилност во регионот.

Дека вмрежувањето и мобилноста се на ниско ниво смета и Марјан Петрески, професор од „Универзитетот Американ Колеџ- Скопје“. Во недостаток на официјални статистички податоци, индиректните податоците, до кои Петрески дошол преку истражување на веб страните на економските факултети и институти, покажуваат дека во Македонија има околу педесетина проекти на кои постои можност за вмрежување, но во најголем број станувало збор за проекти кои немаат натпреварувачки карактер. Кога станува збор за проекти од натпреварувачки карактер, Петрески истакна дека приказната за Македонија не е толку успешна. На пример, од Глобалната мрежа за разбој, која дава регионални грантови од 2000 година, Македонија за прв пат добила регионален грант во 2011 година. На повисоко - глобално ниво, кое бара добра подготовка и вмрежување, Македонија не учествувала. Друг индикативен податок, според Петрески, е објавувањето во научни списанија со импакт фактор индексирани на web of science каде од 1991 година па до денес биле објавени само 18 труда во област на економијата, од кои повеќето биле самостојни, односно нема трудови објавени заедно со странски автори - информација која не упатува на меѓународно вмрежување. Освен малкуте пари кои се издвојуваат за научни истражувања, Петрески побара и поширок пристап кон проблемот, особено во делот на наставните и административни обврски со кои се соочени истражувачите, кои директно влијаат на квалитетот и обемот на научно-истражувачката дејност.

Билјана Јовановска, новинар кој долги години известува за состојбите во образованието, посочи дека голем број од недостатоците лежат во малиот број на средства што се издвојуваат за научни истражувања, појава која постојано се јавува како забелешка во извештаите на Европската Комисија. При споредбата на интернет страните на релевантните министерства за образование и наука од земјите во регионот, според Јовановска, во Македонија и Бугарија, за разлика од Хрватска и Црна Гора, може да се забележи нетранспарентност и лимитиран пристап до информации за билатерална соработка, стипендирање и сл. Понатаму, Јовановска подвлече дека е за поздравување поддршката која Министерството за образование и наука (МОН) ја дава на 20 студенти да студираат на врвни странски универзитети, но изрази задршка за искористување на потенцијалот кој овие студенти го носат со себе при враќањето во земјата имајќи ги предвид презентираните практики за вработување во државните институции. За разлика од 20 стипендии кои се давааат за студирање на странски универзитети, Јовановска потенцираше дека од 2009 година МОН нема распишано конкурс за стипендирање на постдипломски и докторски студии во Македонија.

Регионалната програма за поддршка на истражувања во Западен Балкан е насочена кон зајакнување на истражувачките капацитети и унапредување на состојбите и политиките во областa на истражувањата во општествените науки во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Македонија. Со програмата управува Универзитетот Фрибург од Швајцарија со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка. Во Македонија програмата ја спроведува Фондацијата Отворено општество - Македонија.



Клучни зборови

| настан | дебата | ппир