Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Општо
пронајди

Меѓународна конференција за проектот плаќање по учинок -“Отворено за плаќањето по учинок: Кој добива, кој губи?”

vozivo.mk



На 16-ти декември, со почеток од 10.00 часот во хотел Холидеј Ин, Милениум 1, со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија се одржа меѓународна конференција за проектот плаќање по учинок -“Отворено за плаќањето по учинок: Кој добива, кој губи”.

Целта на конференцијата беше преку дебата заснована на научен пристап, со податоци и искуства од други европски земји, да понуди одговори на неколку клучни прашања: Кој добива, кој губи од оваа реформа? Кои се опасностите и каде се можностите при дизајнирањето на реформите поврзани со плаќањето по учинок? Како да се направи успешен проект?

Меѓународните искуства од имплементирањето на проекти за плаќање по успешност/учинок ги презентираа експертите: Проф. Кристиан Лако, Универзитет Радбоуд, Нијмеген, Холандија и Проф. д-р Франц Порзолт од Универзитетот во Улм, Германија. Покрај странскитe, на конференцијата говореа и домашни експерти.

Имајќи предвид дека лекарите специјалисти повеќе од еден месец штрајкуваат против моделот за плаќање по учинок, кој го воведе Министерството за здравство, конференцијата предизвика голем интерес и бурна дебата. Повеќето говорници ги истакнаа негативностите на македонскиот модел, како за докторите, така и за пациентите. Посебно беше нагласен и економскиот аспект, дека таквиот модел ги зголемува трошоците во државното здравство, но и трошоците за лекувањето на кои ќе бидат изложени пациентите.

Проф. д-р Франц Порзолт, во својата презентација изложи зошто системот на плаќање по учинок не може да биде функционален, бидејќи не се однесува на користа што ќе ја има пациентот, туку на волуменот на услуги кои се даваат. Според професорот, најдобра здравствена услуга е кога проблемот на пациентот се решава на најефикасен начин, но со вложување на најмали можни трошоци или ресурси во лекувањето. Моделот „плата по учинок“ е нефукнционален во ваков тип на здравство и потребно е моделот да се трансформира по принцип на награда и стимулација, од кој полза би имале и пациентите.