Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Општо
пронајди

Промоција на истражувањето за задоволството на граѓаните од општинските услуги - „Гласот на граѓаните“

ПРОЕКТ „ТРАНСПАРЕНТНА И ЕФИКАСНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА“

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), во соработка со Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД), во рамките на проектот „Транспарентна и ефикасна децентрализација“, во 12 општини - партнери ќе го промовира извештајот насловен како „Гласот на граѓаните“ а кој што го опфаќа истражувањето за задоволството на граѓаните од општинските услуги во Република Македонија во 2012 година.

Овој извештај се базира на теренско истражување за мерење на задоволството на граѓаните од услугите што ги добиваат од локалните власти во 2012 година. Со оглед на фактот дека вакво истражување се прави трета година по ред, може да се направи споредбена анализа на трендот на задоволството на граѓаните од услугите што ги добиваат од локалните власти за периодот 2010, 2011 и 2012 година.

Извештајот ќе биде претставен пред општинската администрација и граѓаните во 12 општини по следниот редослед:

  • 13 декември, 14:00 часот, општина Илинден, сала на општина;
  • 14 декември, 11:00 часот, општина Велес, сала на општина;
  • 14 декември, 14:30 часот, општина Неготино, сала на општина;
  • 17 декември, 11:00 часот, општина Тетово, сала на општина;
  • 17 декември, 14:00 часот, општина Боговиње, сала на општина;
  • 18 декември, 11:00 часот, општина Струмица, Дом на АРМ;
  • 19 декември, 13:30 часот, општина Карпош, ОУ „Димо Хаџи Димов“ Влае (сала на наставници)
  • 21 декември, 12:00 часот, општина Охрид, сала на општина;
  • 24 декември, 14 часот, општина Куманово, сала на општина
  • 24 декември, 11:30 часот, општина Гостивар, сала на општина
  • 25 декември, 12:00 часот, општина Дебар, сала на општина.
  • 26 декември, 10:30 часот, општина Старо Нагоричане, сала на општина;

Анализата на резултатите за 2012 г. покажува дека перцепциите на граѓаните за задоволството од локалните услуги се многу слични со оние од претходните две години, па затоа, и наодите во голема мера кореспондираат со наодите од претходните години. Трите генерални заклучоци што може да се извлечат од спроведените истражувања за периодот 2010-2012 г. се:

  1. Од година во година, процесот на децентрализација придонесува граѓаните да добиваат подобрени услуги од локалните власти, а резултат на тоа е и вкупно зголеменото просечно задоволство на граѓаните од 2,71 (2010), 2,81 (2011) и 2,84 (2012). Од друга страна, фактот што вкупната средна оценка сè уште е под просечната оценка „добар 3“, како и податокот дека слабо, т.е. со средна оценка помеѓу 1,5 и 2,5, се оценети дури 20 општински услуги, упатуваат на тоа дека сè уште постои многу простор за подобрување на локалните услуги преку стимулирање на процесот на децентрализација.
  2. Најголем процент од граѓаните сè уште се индиферентни во однос на квалитетот на локалните услуги, што укажува на потребата од понатамошна работа со граѓаните (граѓанските здруженија) за нивно подобро запознавање со надлежностите и со работата на локалните самоуправи, со цел подобро следење на работата на локалните власти и зголемено учество на граѓаните во активности што ќе придонесат за поголема транспарентност, одговорност и отчетност на општините.
  3. Во трите анализирани години, најголем процент на граѓани (~80%) сметаат дека услугите од надлежностите пренесени на општините се подобрени или, во најмала рака, останале исти како и пред преземањето на надлежноста од страна на локалната власт. Згора на тоа, процентот на граѓани, кои сметаат дека услугите се подобрени, се зголемува од година во година.

Некои од поконкретните заклучоци, според оценките на граѓаните од дванаесетте општини - партнери, се следниве:

  • Во 2012 година, најголем број од услугите се оценети со средни оценки од 2,5 до 3,5. Само една услуга (основното образование) има средна оценка поголема од 3,5. На другата страна, слабо („недоволен 1“ или „доволен 2“) се оценети 20 општински услуги (зголемување за 9 во однос на 2011 г.), со средна оценка помеѓу 1,5 и 2,5. Најголем дел од слабо оценетите услуги се од надлежностите социјална заштита и локален економски развој;
  • По област на надлежности, во трите години, најдобро оценета надлежност е образованието, со средни оценки 3,10 (2010), 3,24 (2011) и 3,23 (2012), додека вторите најдобро оценети области се менуваат во текот на трите години; и тоа: во 2010 г., комуналните дејности (2,90) биле втори, во 2011 г., противпожарната заштита (2,95) и комуналните дејности (2,94), а во 2012 г., урбанизмот (3,02);
  • Најслабо оценети надлежности во целиот период се услугите од социјалната заштита, со оценки 2,31 (2010), 2,39 (2011) и 2,39 (2012), и локалниот економски развој, со оценки 2,32 (2010), 2,48 (2011) и 2,47 (2012);
  • Петте највисоки оценки за услуги во текот на 2012 година се однесуваат на: генералната оценка за основното образование, квалитетот и стручноста на наставниот кадар, превозот на ученици, градинките и згрижувањето на децата и генералната оценка за средното образование;
  • Петте најслабо оценети услуги во текот на сите три анализирани години се однесуваат на: домовите за деца без родители, установите за зависници од алкохол и дрога, домовите за стари лица, справувањето со животните-скитници и активностите за зголемување на вработувањето;
  • Децентрализацијата во државата генерално се одвива по принципот на институционалност, наместо по функционалност. Имено, слабите оценки од граѓаните во делот социјална заштита покажуваат дека општините воопшто не можат самостојно да обезбедат квалитетна испорака на овие услуги од нивна надлежност (функционален пристап) доколку во општините не постоеле вакви институции (институционален пристап) пред да се пренесат овие надлежности на општините со процесот на децентрализација;
  • Граѓаните може многу полесно да добијат информации на локално ниво отколку на централно ниво, што го потврдува фактот дека локалната власт е секогаш поблиску до граѓаните и може подобро да одговори на нивните барања и потреби. Сепак, општините треба да вложат дополнителни напори во насока на зголемување на учеството на граѓаните при носењето стратешки одлуки на локално ниво, при запознавањето на граѓаните со трошењето на општинскиот буџет и при справувањето со корупцијата – што, всушност, се трите најслабо оценети услуги од оваа област.