Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Општо
пронајди

Европскиот суд ја оправда борбата за правда поврзана со вонправната екстрадиција

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПРАВДА ПРИ ФОНДАЦИИТЕ ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО

ЊУЈОРК, 13.12.2012- Европскиот суд за човекови права денес ја оправда долгата потрага за правда на Калед Eл Масри, германски државјанин кој пред девет години беше жртва на акција за вонправна екстрадиција спроведена од страна на Централната агенција за разузнавање на САД (ЦИА). Во својата одлука со која поставува правило, Европскиот суд понуди досега најсеопфатна осуда од страна на судско тело за она што го нарекува „тортура“ од страна на ЦИА за време на кампањата за вонправни екстрадиции на лица осомничени за тероризам, којашто беше лансирана по нападите од 11-ти септември врз Соединетите Американски Држави.

Дополнително на осудата за неоснованото апсење, затворање и испрашување на Ел Масри, судот утврди и дека таканаречените техники за „шок при апсење“ што ги примениле агентите на ЦИА при подготовката на неговото вонправно екстрадирање со авион во Авганистан вклучуваат деградирачко малтретирање коешто претставува тортура. Понатаму, одлуката на судот утврдува дека наводите на Ел Масри за малтретирањето на коешто бил подложен во период подолг од четири месеци додека бил притворен од страна на САД се „веродостојни без каков било сомнеж“.

„Оваа пресуда претставува лична победа за Калед Ел Масри, кој веќе девет години наидува на ѕид на молк во САД и во Европа во врска со она што му се случило“, рече Џејмс А. Голдстон, Извршен директор на Иницијативата за правда при Фондациите Отворено општество и главен адвокат на Ел Масри.

„Воедно, ова е најјасното можно обвинение што го донел водечкиот трибунал за човекови права во светот, а кое се однесува на незаконските малтретирања поврзани со кампањата на ЦИА насочена против Ал Каеда по нападите од 11-ти септември, како и за соучеството на Европа во таквите малтретирања.“

Откако бил уапсен на македонска граница на 31-ви декември 2003 година и бил држен повеќе од три недели во главниот град Скопје, Ел Масри бил предаден на тимот на ЦИА на скопскиот аеродром. Неименувани агенти на ЦИА му ставиле лисици за време на екстрадицискиот лет кон Кабул, и тоа како дел од официјално стандардизиран процес што се користи и во други вонправни екстрадиции, со цел да се предизвика состојба на „шок при апсење“ кај затворениците што подразбира соблекување до гола кожа, фотографирање и насилно вметнување туба во неговиот анус.

Ел Масри бил држен во Кабул во период од четири месеци и бил испрашуван во озлогласениот центар за затвореници познат како „Солт Пит“. Тој бил пренесен назад во Европа на 28-ми мај и бил оставен покрај пат во Албанија; ЦИА била свесна за сторената грешка одредено време пред тој конечно да биде пуштен на слобода. Последователните обиди на Ел Масри да добие надомест за претрпената штета пред судовите во Германија, САД и во Македонија биле неуспешни, што го навело во септември 2009 година да поднесе барање пред ЕСЧП.

Во својата одлука, судот утврдил дека Македонија е одговорна за третманот на Ел Масри за време на целиот период во кој тој бил притворен, и во Македонија и во Авганистан.

По судската одлука, Иницијативата за правда при Фондациите Отворено општество ја повикува Владата на Република Македонија веднаш и јавно да ги прифати фактите за киднапирањето и екстрадицијата на Ел Масри, и да објави целосно јавно извинување на високо ниво, а во исто време да ја исплати личната оштета што ја одредил ЕСЧП.

Имајќи ја предвид улогата на Владата на САД, како и документираната вмешаност на германските разузнавачки оперативци во притворањето на Ел Масри, а со оглед на претходното одбивање од страна на Македонија соодветно да ги истражи незаконските дела сторени во овој случај, Иницијативата за правда се сомнева во способноста на Македонија за спроведување ефективна истрага за настаните што се случиле.

Оттука, ние сметаме дека тоа може да се постигне само преку меѓународна истрага на високо ниво, покрената од страна на Македонија со поддршка од Комитетот на министри при Советот на Европа којшто е задолжен за спроведување на пресудите на ЕСЧП.

„Македонија покажа дека не е подготвена соодветно да го истражи она што му се случило на Ел Масри“, рече Голдстон. „Со оглед на дипломатските притисоци и постојните ограничувања на внатрешната политика, ние сметаме дека само соодветно покрената, независна меѓународна истрага ќе резултира во прецизен и веродостоен приказ на одговорноста.“

Иако Владата на САД не спаѓа под јурисдикцијата на судот, ние ја повикуваме да одговори на пресудата и тоа преку задоцнето признавање на својата улога во вонправната екстрадиција на Ел Масри, и во исто време да објави јавно извинување на највисоко ниво на владата и да исплати соодветен надомест.

Ја повикуваме Владата на Германија на американските власти да им ги предаде налозите за апсење на 13 оперативци на ЦИА инволвирани во случајот коишто беа објавени на 31-ви јануари 2007 година, со цел на американските службеници вклучени во случајот да им се суди во Германија. Германија, исто така, мора да го појасни степенот до кој таа била свесна за и вклучена во вонправното екстрадирање на Ел Масри.

Исто така, ја повикуваме германската влада на Ел Масри да му обезбеди соодветна лекарска и психолошка нега за претрпените трауми поврзани со неговата вонправна екстрадиција.

Правната работа на Иницијативата за правда поврзана со прекршувањата на човековите права во борбата против тероризмот и прашањата за национална безбедност ги поддржува пошироките заложби на Фондациите Отворено општество за зајакнување и одбрана на човековите права ширум светот.

Во моментов, Иницијативата за правда е вклучена во два дополнителни предмети изнесени пред ЕСЧП што се однесуваат на кампањата на ЦИА за вонправни екстрадиции лансирана по нападите од 11-ти септември и коишто се фокусираат на користењето на тајните затвори во Романија и во Полска и тајното притворање и малтретирање на Абд ал-Рахим ал-Нашири, државјанин на Саудиска Арабија, кому сега му се суди пред воената комисија на САД во заливот Гвантанамо, Куба.