Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Граѓанско општество
пронајди

ПРОМОЦИЈА НА „БОРБАТА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ 1870 – 1912“

Книга која говори за постојаноста на македонскиот идентитет

vozivo.mk


Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ) на 29-ти ноември го промовираше македонското издание на книгата „Борбата за македонскиот идентитет 1870 – 1912“ од авторот Ник Анастасовски, издадена во 2006 година како докторски труд на Универзитетот Викторија во Австралија.

Извршниот директор на ФООМ, Владимир Милчин подвлече дека периодот опфатен во книгата е период во кој во Европа, а и на Балканот се појавува и втемелува поимот нација и период во кој завршува владеењето на Отоманската империја. Период во кој Македонците немале ниту еден официјално признаен елемент кој ја одредува нацијата , како што се јазикот, црквата, културата, образованието, па оттаму македонскиот народ бил под постојан притисок и обиди за асимилирање од останатите соседни народи. Говорејќи за идентитетот, Милчин истакна дека Македонците успеале да го сочуваат идентитетот во тие бурни времиња и го постави прашањето дали денес, кога имаме своја држава и ги имаме сите елементи на нација, сме доволно силни да го зајакнеме и продлабочиме идентитетот, особено ако се земе предвид фактот што луѓе кои потекнуваат од тука, а живеат далеку од Македонија, прават многу повеќе за идентитетот, а имаат значително помалку ресурси.

„Книгата, низ усна историја, низ раскажани преданија, го опишува обичниот живот на македонскиот селанец за време на распадот на Отоманската империја, и истовремено ја покажува прагматичноста на обичниот Македонец во зачувување на идентитетот, наспроти пропагандите на Грција, Бугарија и Србија“ заклучи Драги Ѓоргиев, професор на Институтот за национална историја. „Постојат два битни моменти во книгата, кои се малку застапени во официјалните истории. Првиот е влијанието на исламизираните Албанци врз исламизирањето на македонските христијани во Реканскиот крај. Процесот на исламизација кој започнал во 15-тиот век брзо се ширел низ албанските села, за подоцна да се појави и кај Македонците, особено кај оние во дебарските села, со што се создала автономна заедница на Македонци муслимани. Вториот битен момент е споредбата на Македонците муслимани од Реканскиот крај со православните Македонци од битолско. Според усната историја застапена во книгата на Анастасовски, освен религијата, нема никакви други разлики помеѓу православните и муслиманските Македонци. Сите обичаи, свадби, погреби, слави и сл. биле исти, а некои од Македонците муслимани знаеле дека претходно биле христијани, дури и си ги знаеле нивните христијански имиња“ истакна Ѓоргиев додавајќи дека авторот укажува дека освен религиските разлики, тие се дел од иста етничка заедница.

Професорката од Институтот за национална историја, Наташа Котлар-Трајкова оцени дека делото битно се разликува од останатите книги на слична тема. „Вниманието е свртено кон спротивставените податоци кои биле објавувани од соседните држави, а биле полни со противречности. Наместо тоа, авторот се служи со усна историја, со личните судбини на обичните луѓе кои живееле во Битола и битолско. Во поглавјето „Борба за души“, Анастасовски ги анализира влијанијата на Патријаршијата и Егзархијата во обид за асимилација на Македонците, и сликовито го прикажува селскиот живот во бурните времиња за македонскиот идентитет“ оцени Трајкова.