Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Граѓанско општество
пронајди

ТРИБИНА „ЧИИ СЕ НАШИТЕ ПАРИ?“

Нашите пари се на Владата, а нејзините долгови се наши

vozivo.mk


Фондацијата отворено општество – Македонија на 2-ти ноември ја организираше трибината „Чии се нашите пари“ на која се дебатираше за постојаното задолжување на државата, висината на долгот, неговата одржливост и последиците од задолжувањето врз целокупната економска состојба во Македонија.

Целта за организирање ваква трибина според модераторот на трибината, новинарката Ида Протуѓер е да се подигне свеста кај граѓаните дека парите со кои располага Владата не се нејзини, туку дека се на сите граѓани на Република Македонија, а преку изборите, граѓаните само ги делегираат оние партии кои ќе победат да имаат право на управување со државните пари. Право, кое според Протуѓер, носи голема одговорност на домаќинско користење на буџетските пари.

Низ обемно излагање, проследено со конкретни бројки, поранешниот гувернер на Народната банка на Македонија, Петар Гошев, заклучи дека Македонија веќе е високо задолжена земја, а долговите се неодржливи. „Надворешниот долг на Македонија во 2007 година изнесувал 877 милиони евра, а во 2012 година, поточно до триесетти септември, надворешниот долг изнесува една милијарда и 638 милиони евра, што е зголемување од 88 проценти. Внатрешниот долг пак, изнесува 755,8 милиони евра, но таа цифра не е точна, бидејќи од пет компоненти за утврдување на внатрешен долг, нам ни се познати само две, од кои една и не е точна. Ако на ова се додаде дека сегашниот долг изнесува 167 проценти од БДП-то, тогаш сите приказни дека ние сме ниско или средно задолжена земја, треба да се тргнат на страна, бидејќи тешко е да се верува дека вкупниот долг е помал од 45 проценти од БДП. Од друга страна, долгот веќе станува неодржлив. Како доказ за тоа се ненавременото враќање на долговите од страна на државата, неможноста државата истовремено да ги сервисира надворешниот и внатрешниот долг, туку прави приоритети, како и задолжување за враќање на веќе постоечки долгови.“ Гошев ги спомена и измените на Законот за буџет, преку кои Владата наместо Собранието ќе решава колку и како ќе се задолжува. „Со оваа промена нашите пари стануваат нивни (владини) а нивните долгови стануваат наши“ заклучи Гошев.

Спротивно мислење од Гошев имаше поранешниот министер за финансии Трајко Славевски, според кого задолжувањето на државата е нешто над 30 проценти, според податоците од ММФ, а сме имале ситуации каде долгот бил и над 45 проценти, па не се случувале радикални мерки и последици врз македонската економија. Сепак, Славевски истакна дека е стеснет просторот за понатамошно задолжување, бидејќи Македонија не може да си дозволи вкупниот долг да изнесува повеќе од 40 проценти од БДП.

За професорот од Економскиот факултет, Ванчо Узунов, ситуацијата со долгот не е безизлезна но веќе не ниту безбедна, бидејќи имаме лоша меѓународна кредитна позиција и секое ново задолжување ќе значи земање „скапи“ пари, односно нови долгови со повисоки каматни стапки, кои уште потешко ќе се враќаат. Узунов го подвлече постојаниот дефицит кој се јавува во буџетот на Македонија. Од 2006 до 2013 година буџетскиот дефицит меѓу проектираните и реалните буџети изнесува една милијарда евра. „Проектираниот буџетски дефицит за 2013 година ќе изнесува 3,5 проценти и тоа е прв дефицит кој ќе биде над три проценти, што е лошо, бидејќи кога буџетот подолго време е во дефицит, тоа го загрозува кредибилетот на државата“ подвлече Узунов.

Македонскиот Влада неодамна објави дека буџетскиот дефицит за оваа и за наредната година се зголемува на 3,5 отсто од БДП или 288 милиони евра за годинава. Со ова продолжува трендот на зголемување на буџетскиот дефицит, за чие финансирање државата континуирано се задолжува - над една милијарда евра за последните шест години.