Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Регионална програма за поддршка на истражувања
пронајди

РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ИСТРАЖУВАЊАТА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН



Избегнувањето на почитувањето на законите, немањето издржана стратегија и програми за поддршка и недостатокот на финансии главната кочница во развојот на научно истражувачката дејност

Во рамките на Регионалната програма за поддршка на истражувања во Западен Балкан, Фондацијата Отворено општество – Македонија на 22ри ноември организираше дебата на тема „Поддршка на истражувањата во општествените науки – предизвици и перспективи“.


Отворајќи ја дебатата, новинарката Билјана Јовановска истакна дека ситуацијата со институционална поддршка за младите истражувачи во општествените науки воопшто не е розова, а згора на се постои и неоправдан молк од академската и стручната јавност.. „Има премалку пари за финансирање на истражувачки проекти и многу ретко се финансираат проекти во општествените науки. Владата целосно ги маргинализира општествените науки, со што се отвора сомнеж за намерно маргинализирање на општествените науки, бидејќи тие ја создаваат критичката мисла која е двигател на општеството.

Ирена Цветковиќ ја подвлече клучната улога и одговорност на МОН за незадоволителната имплементацијата на релевантните закони кои ја регулираат областа. Од Секторот за наука при Министерството за образование за потребите на дебатата, биле побарани информации за статусот на конкурсите и поддржаните научно истражувачки проекти во периодот од 2009 до 2012 година. „Од сите осум прашања, не добивме одговор на прашањата кои се однесуваа на префрлените средства за проекти и статусот на поддржаните проекти. Истражувањето покажа дека во 2009 и 2012 воопшто не објавен конкурс , а некои проекти започнати во 2010 година се стопирани бидејќи Министерството доцни со исплатата на предвидените пари, додека конкурсот за 2011 е во тек...“- истакна Цветковиќ. Евидентно е дека постојано се кратат финансиите и за неколкуте поддржани проекти но и програмите на јавните научни установи што доведува и до тоа некои институти да се на работ на пропаст, како што е примерот со Институтот за старословенска култура од Прилеп, кој се соочува со затворање.

Снежана Билиќ Сотироска од Меѓународниот Балкански универзитет од Скопје, ги наведе спорите и неефективни реформи, неусогласените и нецелосно имплементирани закони и незавршена интеграција на поголемите јавни универзитети, како и изгубениот континуитет во меѓународната соработка, како главни причини за критичните состојби со поддршката на истражувачката дејност. Дополнително, начинот на финансирањето и висината на обезбедените буџетски средства, нефукционирањето на Националниот комитет за развој и Советот за наука и немањето стратегија и програми за научно истражувачка дејност на универзитетите, придонесуваат за состојбата на преживување, дури и во одредени случаи и скоро клиничка смрт на одредени институти. Овие состојби директно се одразуваат и на скромно присуство дури и невидливост на академската мисла и научни истражувања на регионален и меѓународен план. Таа подвлече дека без вложувања во инфраструктура и кадар, нема истражувања и нема раст и изрази загриженост за можноста да се достигне очекуваното 1,8% одвојување од БДП до 2020 година во ситуација кога во 2008 година издвоените средства изнесувале само 0,22 проценти. Сведоци сме дека од 2006 нема ниту еден проект кој е финансиран во целост. Од 2008 не се одвојуваат буџетски средства за мобилност и издаваштво, но има и тренд на фаворизирање на природните и техничко-технолошките науки и импакт факторот.

За Билиќ - Сотировска неопходно е да се испочитуваат препораките на ЕК и да се интегрираат и усогласат Законите за високото образование и Законот за наука, да се унапреди имплементацијата, како и да се промени моделот на финансирање и да се зголеми нивото на финансирање на високото образование и науката.

Петар Атанасов од Институтот за социолошки и политичко - правни истражувања ги изнесе своите лични искуства од начинот на функционирање на поддршката на истражувањата. Како главен недостаток Атанасов ги посочи незадоволителното ниво на финансиски средства кои се одвојуваат за научно истражувачки проекти и развој на дејноста, но и начинот како се доделуваат средства за научна истражувачка дејност. „Од 2006 година јас од министерството немам земено ништо, и од тогаш немам работено на домашен проект. Искуствата во меѓународни проекти покажуваат дека Балканот веќе не е на мапата на интерес. Има многу теми за истражување, а има малку ресурси главно наменети за луѓе блиски до власта“. „За Атанасов, не е ни чудо што имаме најмалку истражувачи во регионот. Во Хрватска се регистрирани 13 000 истражувачи, Црна Гора 3500, а во Македонија само 674 истражувачи“ истакна Атанасов додавајќи дека општествените науки станале баук, и никој во последните 20 години не ги уважувал, ниту соодветно го помагал.

Согласно информацијата добиена од МОН вкупно 14 млади истражувачи се вклучени во научно-истражувачки проекти од област на општествени науки поддржани преку годишниот конкурс објавен во 2010.

Регионалната програма за поддршка на истражувања во Западен Балкан (www.rrpp-westernbalkans.net) е насочена кон зајакнување на истражувачките капацитети и унапредување на состојбите и политиките во областa на истражувањата во општествените науки во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Македонија. Со програмата управува Универзитетот Фрибург од Швајцарија со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка. Во Македонија програмата ја спроведува Фондацијата отворено општество - Македонија.




Клучни зборови

| настан | дебата | ппир