Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Форуми во заедницата
пронајди

Одржани форумските сесии во општините Липково и Могила и меѓуопштинскиот форум во Струга и Дебaрца

Lipkovo

Во рамките на проектот „Форуми во заедницата“, во ноември се одржаа форумски сесии во четири општини во Македонија. Проектот го зајакнува граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво, со цел да го унапреди партнерството меѓу локалните субјекти и да изнајде поефикасни решенија за проблемите кои се од интерес на локалната заедница.

Втората форумска сесија од серијалот меѓуопштински форуми, меѓу општините Струга и Дебрца, се оддржа на 1 ноември во Дебрца, со учество на стотина граѓани од двете општини. Во текот на сесијата, граѓаните ги истакнаа проблемите со загадувањето на животната средина и потребата од итно решавање на проблемот со отпадот, а секоја работна маса предложи по пет начини/ предлози како да се решат проблемите кои ги имаат овие две општини. До следната сесија на меѓуопштински форум, која ке се одржи во општина Струга, овие предлози ќе бидат развиени во проектни концепти.

Градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, изрази задоволство што ја има можноста да присуствува на форумите и го поздрави вклучувањето на граѓаните во процесот на одлучување во локално ниво.Mogila Исто така ја истакна и важноста за соработка помеѓу двете општини се со цел да се решат проблемите околу собирање на отпадот и заштитата на животната средина. Тој истакна дека ова се сериозни проблеми во двете општини и затоа е клучно да се најде заедничко решение. Истиот став го сподели и секретарот на општина Дебрца.

Во Могила, на 6 ноември, се одржа третата форумска сесија од серијалот буџетски форуми, на која беа презентирани предлози за зголемување на приходите во општинскиот буџет, дадени од граѓаните во предходните две форумски сесии. Дел од предлозите беа: вложување во изградба на индустриска зона Петилеп; зголемување на бројот на издадени решенија за легализација на дивоградби; зголемување на бројот на приклучоци на канализационата мрежа; соработка на општинската администрација со здруженија на граѓани и локални институции за заедничко аплицирање; и преземање надлежност за управување со градежното неизградено земјиште.

Одговор на прашањата од претходните сесии даваа претставник од одделението за урбанизам и претставник од јавното комунално претпријатие заедно со градоначалникот на општината, Славко Велевски, кој даде и преглед на планираните расходи по програмите на општинскиот буџет за 2013 година.

StrugaНа петтата форумска сесија во Липково, одржана на 15 ноември, граѓаните имаа можност да изберат помеѓу осум предложени проекти кои работните маси ги изготвија во текот на предходните форумски сесии. Од нив, граѓаните со право на глас (оние кои биле присутни на 3 од 5 форумски сесии), изгласаа спроведување на четири проекти: изградба на спортско игралиште во село Никуштак; реконструкција на ОУ „Фаик Коница“; чистење на реката Липково; и бекатонирање и асфалтирање на улиците на Општина Липково и дворот на медицинскиот центар. Проектите ќе се изведуваат во следната половина година, со финансиско учество од Швајцарската агенција за развој и соработка и општината Липково, во вкупен износ од 6.274.634 денари.