Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Граѓанско општество
пронајди

ПРОМОЦИЈА НА „ДЕЦАТА НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА, БЕГАЛЦИТЕ И ПОЛИТИКАТА НА СЕЌАВАЊЕТО“

Прогонот на македонските деца бил систематско разбивање на македонското национално јадро во Грција

vozivo.mk




decata begalci

Фондацијата отворено општество - Македонија (ФООМ) на 16-ти ноември организираше промоција на книгата „Децата на Граѓанската војна во Грција, бегалците и политиката на сеќавањето“ од Лоринг М. Денфорт и Рики ван Бусхотен која претставува научно дело во кое успешно се комбинирани архивските извори со етнографското теренско истражување на двајца автори кои пишуваат за Граѓанската војна во Грција и програмите за евакуација на 38.000 деца.

Говорејќи за историскиот аспект на книгата еден од промоторите, Тодор Чепреганов, директорот на Институтот за национална историја истакна дека евакуацијата на децата од Егејска Македонија во изминативе децении не го добила заслуженото внимание од историчарите, но во последните години сè почести се публикациите кои се занимаваат со прогонот на децата – бегалци. Иако евакуацијата на македонските деца се претставувала како хумана акција за нивно поштедување од ужасите на војната, прогонот на македонските деца бил систематско разбивање на македонското национално јадро во северна Грција, заклучи Чепреганов.

За Љупчо Ристески, вториот промотор и професор на Институтот за етнологија и антропологија, книгата на Денфорт и ван Бусхотен, е едно од ретките дела кои многу брзо се преведени и на македонски јазик. Според Ристески книгата „Децата на Граѓанската војна во Грција, бегалците и политиката на сеќавањето“ е теориски поткрепена студија која се занимава со контроверзната современа грчка историја, а истовремено е и коректив на популарните научни дела за граѓанската војна во Грција, полни со национализам.

decata begalciНа промоцијата присуствуваа и авторите на книгата Лоринг М. Денфорт и Рики ван Бусхотен. Раскажувајќи за почетоците, Денфорт истакна дека во 1991 година во Австралија на една конференција истовремено се запознал со госпоѓата Рики ван Бусхотен и со случајот со децата бегалци, па оттогаш решил научно да се посвети на нивната судбина. А неговото тврдење дека постои македонско малцинство во Грција, бил потег со кој Денфорт брзо станал предмет на недоверба во научните кругови кои ја изучуваат хеленската историја и култура.

Рики ван Бусхотен, раскажуваше за нејзиното искуство во процесот на создавање на публикацијата, и за луѓе и приказни кои се појавуваат во книгата. Според неа, во бегалските кампови во источна Европа постоела голема дружба помеѓу децата бегалци Македонци и Грци, но во напливот на национализмот и враќањето во Грција само на децата бегалци со грчко потекло, почнале да се јавуваат омраза и недоразбирања, кои траат и денес.

Промоцијата, на која беа присутни над сто и педесет гости беше надополнета и со лични сведоштва, како и со емотивно телефонско јавување на мајка Стоја, која во детали го опишуваше патот од нејзиниот дом во егејска Македонија па сè до бегалскиот камп. На промоцијата беше присутен и Павле Воскопулус член на „Виножито“, кој ги поздрави авторите на една според него значајна книга за децата бегалци и истовремено се заблагодари на ФООМ за издавањето и промоцијата на книгата.