Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Граѓанско општество
пронајди

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ГОСПОД НЕ Е ГОЛЕМ“ ОД КРИСТОФЕР ХИЧИНС

Делото на Хичинс како повод за религиска дебата во Македонија

vozivo.mk


Фондацијата Отворено општество - Македонија на деветти ноември организираше дебата по повод издавањето на македонски јазик на книгата „господ не е голем“ од Кристофер Хичинс, познат британски новинар, писател и оратор, оригинално издадена во 2007 година во тираж од половина милион примероци.

Отворајќи го настанот, модераторот Билјана Бејкова посочи дека дебатата и промоцијата на „господ не е голем“ не случајно се случува на 9-ти ноември, токму на истиот ден кога во 1989 година падна Берлинскиот ѕид. Ден, кога според Хичинс била ослободена една голема човечка енергија и дека токму таквиот настан како падот на берлинскиот ѕид и крајот на студената војна покажуваат колку на човекот не му се својствени послушноста, потчинетоста и ропството. Според Бејкова, главниот мотив на Хичинс е да предизвикува и да дебатира. „Хичинс беше убеден дека конфликтот е пожелен. Сметаше дека зборовите единство и обединување имаат голема привилегија која не ја заслужуваат. Во последното интервју за БиБиСи истакна: Јас не сум обединувач, јас сум разединувач. Сметам дека единствено разединувањето може да донесе прогрес. Политиката по својата дефиниција е разединување. Одбивам некој да ми каже што и како да мислам, што да речам, како да пишувам, особено не некој кој верува во фикции“ подвлече Бејкова.

„Книгата на Хичинс е дрска. Таа е најдрската книга, во позитивна смисла, што некогаш ја имам прочитано. Добриот превод на македонски ја прави уште повеќе раскошна и мошне сликовита, бидејќи Хичинс како новинар репортер не ретко пишувал и од самото место. Во „господ не е голем“ и во останатите дела, Хичинс влегува во дебата со религиите. Како поинтересни полемики може да се издвојат неговите тврдења дека Мајка Тереза не е ништо повеќе од обична албанска калуѓерка, дека војните на територијата на поранешна Југославија биле водени од религиски причини, односно преку војните да се обезбеди доминација на една од трите завојувани религии. Хичинс во своето дело прави една комплетна вивисекција на човековата личност“ оцени промоторот Соња Крамарска, додавајќи дека искрено се надева дека и во Македонија ќе се појави новинар доволно храбар како Кристофер Хичинс.

Осврнувајќи се повеќе на ликот на Хичинс, промоторот Никола Гелевски оцени дека станува збор за една бурна и колоритна личност која заслужува длабока анализа, а неговите политички анализи за места кои биле далеку од интересот на публиката биле фантастични, а за сето тоа Хичинс зад себе имал многу теренска работа и многу читање. Според Гелевски, Хичинс не е неверник туку тој верува во цврстите вредности. „Хичинс не бил наивен просветител, туку тој на време сфатил дека мора постојано да се бори за трајните вредности во кои верува, а тоа најчесто и најдобро го правел преку дебатирањето.“

Поради спреченост да присуствува, третиот промотор Билјана Ванковска својот промотивен говор го достави написмено, а беше прочитан од Сања Арсовска. „Атеистот покажа како се станува бесмртен. Што и да кажеме денес за него и неговото дело, тоа ќе нема ефект врз него, туку врз нас. Подеднакво е и кога се говори за Господ (како и да го именуваме) или му се говори нему во молитвите и обраќањата на верниците или неверниците. Не можеме да очекуваме дијалог со оној кој е предмет на дебатата. Бог, ако и постои како што тврдат светите книги и нивните следбеници, не се впушта во непосреден разговор - во негово име зборува армија верници, монаси, рабини, имами итн. Разговорот за (не)постоењето на Господ е секогаш разговор на луѓе, кои не ретко дури и не се слушаат, или однапред ја отфрлаат позицијата на припадникот од друга вероисповед“ стоеше во говорот на Ванковска во кој добар дел беше посветен на споредба со ситуацијата во Македонија. „Во земја како Македонија, многу поголема толеранција, па дури и почитување има меѓу различните верски заедници и верниците генерално, отколку спрема една маргинална група која се декларира како нерелигиозна. Застрашувачки пример видовме кога по петкратното убиство во пресрет на Велигден еден од нашите најпознати писатели напиша дека такво злосторство може да стори само атеист, и дека наводно човек од вера не е способен за таков грозоморен чин! Да беше Хичинс жив, веројатно ќе грмнеше во негов стил: КАКО СЕ ОСМЕЛУВАШ!? Како се осмелуваш да ги доведуваш во прашање нашиот морал и хуманизам? Стравот и нетрпеливоста кон атеистите се индикативни: тие покажуваат дека дури и во 21 век постои страв од слободата, страв од размислувањето и од разумот. Атеистите никогаш не направиле погроми во име на не-верата, барем не како организирана група. Тие само немаат страв од смртта, ниту од последиците на своите дела, а и не им се закануваат на оние кои не мислат како нив со вечен оган или други казни“ заклучи Ванковска.

По воведните промотивни излагања, следуваше и дебата на која извршниот директор на ФООМ, Владимир Милчин подвлече дека во Македонија атестите не само што се малцинство туку тие од ден на ден стануваат се позагрозено малцинство, а за нивните аргументи веќе и да нема простор во јавноста. Па оттаму, истакна Милчин, одржувајќи го заветот на Џорџ Сорос во кој тој бара Фондацијата пред сè да се грижи за загрозените малцинства, ФООМ ја издаде книгата со цел да поттикне дебата со аргумент повеќе во корист на атеистите. Дебата, која според очекувањата на Милчин, не би смеела да заврши само со денешната промоција.