Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Регионална програма за поддршка на истражувања
пронајди

Комерцијалната Томсон листа не може да биде предуслов за напредување во академската и научната кариера во општествените науки



Во рамките на Регионалната програма за поддршка на истражувања во Западен Балкан, Фондацијата Отворено општество – Македонија на 6ти ноември организираше дебата на тема „Колку Законот за научно-истражувачка дејност овозможува академска извонредност во општествените науки“.

Според Ирена Цветковиќ, модератор на дебатата, дебата е организирана со цел да го отвори прашањето за чувствителноста на критериумите за вреднување и унапредување на академска извонредност во подрачјата на општествените науки во однос на научните вредности што ги одредува Законот за научно-истражувачка дејност. Оттаму, се дискутираше за критериумите по кои се вреднуваат академските трудови на македонските истражувачи, за фаворизирањето на Томсон базата на академски списанија и за нејзиниот Импакт Фактор како референта листа на цитирање.

Почнувајќи ја дебата, Катерина Колозова, професорка од Институтот за општествени и хуманистички науки, подвлече дека Законот за научно-истражувачка дејност е навистина европски закон, но проблем е што низ него се провлекува Томсон базата и поимот Импакт Фактор, односно фактор на цитирање, кој строго произлегува од Томсон базата. За Колозова несфатливо е процесот на унапредување, процесот на избор и реизбор во некоја високообразовна установа да зависи од бројот на цитати во академски списанија од Томсон базата, база која е чисто комерцијална, бидејќи академските списанија кои се наоѓаат таму плаќаат за нивното присуство, а неретко се случува и самите академски списанија да објавуваат трудови на автори кои плаќаат за да бидат присутни во списанијата. Ваквата практика во многу земји и академски заедници е доведена во прашање, бидејќи, од една страна, таа не го одредува квалитетот на трудовите како предуслов за кариерно напредување, а од друга страна пак, Томсон базата не ги опфаќа најпрестижните академски списанија од општествените науки, кои си имаат сопствена база на цитати, заклучи Колозова. Според неа, наместо Импакт факторот на Томсон, Министерството за образование и наука треба да им овозможи поголема меѓународна мобилност на истражувачите, и трудовите од меѓународни симпозиуми, да се земат како предуслов за напредок во кариерата.

Импакт Факторот создава огромен притисок и стрес кај истражувачите, бидејќи тоа им го менува целиот живот, а не само кариерата. Истражувачите се под постојан притисок по секоја цена да објавуваат трудови и да бидат цитирани без разлика на квалитетот на нивните публикации, оцени Игор Јованоски, доцент на Универзитетот на Југоисточна Европа. „Законот сам по себе не може да се третира како алфа и омега на тоа што во нашата академија се дефинира како добро или не, и затоа мене лично ми смета кога прифаќаме целосна рационализација и технократизација на академијата, и слепо прифаќање на бројки. Сакам потемелен третман на културолошкото, филозофското, идеолошкото во овој закон за да можеме целосно и генерички да го разбереме неговиот импакт, што е многу поразлично од чисто политичка анализа на законот.“ заклучува Јованоски.

На дебатата, освен прашањето за критериумите за вреднување, се допре и до повеќе теми кои се поврзани со истражувачката дејност и напредување во кариерата. Беше препорачано и воведување домашен систем за цитирање. Неколку истражувачи низ лични искуства ги објаснија тешкотиите и предизвиците со кои се соочуваат македонските истражувачи.

Регионалната програма за поддршка на истражувања во Западен Балкан е насочена кон зајакнување на истражувачките капацитети и унапредување на состојбите и политиките во областa на истражувањата во општествените науки во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Македонија. Со програмата управува Универзитетот Фрибург од Швајцарија со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка. Во Македонија програмата ја спроведува Фондацијата Отворено општество - Македонија.

поврзани новости

нема поврзани новости