Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Граѓанско општество
пронајди

Промовирано фототипското издание на првата англиска верзија на „Граматика на македонскиот јазик“

vozivo.mk


Фондацијата Отворено општество - Македонија на петти ноември го промовираше фототипското издание на “Граматиката на македонскиот јазик“ од Хорас Лант, објавена на англиски јазик во 1952 година.

Отворајќи ја промоцијата, извршниот директор на ФООМ, Владимир Милчин истакна дека во време кога има сè помалку грижа за македонскиот јазик, кога се негира значајноста на Блаже Конески и се сече поврзаноста со словенството, издавањето на оваа книга, Фондацијата го чувствува како потреба во заштитата на македонскиот јазик и нација, наспроти бројните обвинувања дека ФООМ води антидржавни политики. Милчин потсети дека „Граматиката“ на Лант, во времето на издавање, била силен научен аргумент спроти негирањето на македонскиот јазик од страна на соседите, негирање кое се случува и денес.

Говорејќи за содржината на книгата професорот Људмил Спасов, ја истакна синхронизираноста на методологијата со која Лант ја напишал „Граматиката“, и поради тоа за своето дело добил низа пофални рецензии од тогаш прочуени македонисти и слависти. Професорот Спасов, искажувајќи благодарност до ФООМ, порача дека 60 години од издавањето на првата македонска граматика на англиски јазик е убава свеченост, но денес, подвлече Спасов, трагични се некои дилеми кои се отвораат, а се однесуваат на евентуална ревизија на македонската граматика и правопис.

Делото на Лант, и денес, 60 години подоцна, не губи од својата вредност, истакна Максим Каранфиловски, директор на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Според него „Граматиката на македонскиот јазик“ е убаво и прегледно дело кое покрај граматичкиот дел содржи и преведени дела на тогашни македонски автори, како и англиско-македонски речник, кој воедно и бил прв англиско-македонски речник воопшто објавен. И Каранфиловски слично како и Спасов изрази жалење што во моментов Македонија има само 11 лектори на 30-тина универзитети во светот каде што се изучува македонскиот јазик.

  За Убавка Гајдова, професор по македонски јазик при Институтот „Крсте Мисирков“, Лант преку својата книга, го става македонскиот јазик на светската научна сцена, како најмлад стандардизиран јужнословенски јазик. Според нејзе, сите кои денес се бават со македонскиот јазик имаат обврска да го продолжат и унапредат делото на Лант, неговиот ментор Блаже Конески, и останатите зачетници на стандардниот македонски јазик.

Книгата „Граматика на македонскиот јазик“ е објавена во 1952 година од страна на државното книгоиздателство во тираж од 2.000 примероци. Граматичкиот дел од стотина страни е поделен во три дела, фонологија, морфологија и глаголи.

На промоцијата исто така зборуваа и луѓе кои на некој начин биле вклучени во процесот на создавање на книгата, но и современици и соработници на истакнатиот македонист Хорас Лант, кои низ своите аргументи дополнително ја објаснија важноста на англиската „Граматика на македонскиот јазик“.