Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Граѓанско општество
пронајди

КОНФЕРЕНЦИЈА „ШАНСА ИЛИ ПРЕДИЗВИК“

Перспективите на Македонија – со полна пареа до декември 2012

vozivo.mk


usaidfosmmcet


Со конференцијата „Шанса или предизвик“ на теми за напредокот на евроинтегративните процеси, а во организација на ФООМ и МЦЕО, на 2 ноември започна одбележувањето на 20 годишнината од постоењето на Фондацијата Отворено општество - Македонија.

„Денешната конференција е важна и суштински и симболички, со неа се одбележува 20 годишнината од постоењето на ФООМ , но и 10 години од постоењето на Македонскиот центар за европско образование, посветен партнер нашите напори на планот на пристапувањето на РМ во ЕУ. Ние го следиме интересот на граѓаните на Република Македонија“, рече Владимир Милчин.

Според Милчин последниот Извештај од ЕК ги поткрена нашите очекувања, а давањето датум за преговори ќе биде дополнителен ветер во грбот на реформите, да се одглават каде што се заглавени.

За Роберт Лидл, шеф на политичкиот оддел при мисијата на ЕУ, сега е време Македонија да се посвети на добрососедските односи со Бугарија и Грција. „Треба да се одржи темпото на реформи и треба да се зајакнат меѓуетничките односи. Овој процес на пристапување треба да помогне да се решат проблемите. За нас не е предизвик , туку е огромна шанса она што треба да се направи, сите треба да имаат шанса да се изразат себеси и да дадат свој придонес“, рече Лидл.

Тој исто така ја потенцираше улогата на граѓанскиот сектор, и важноста активно да се вклучи во процесите кон ЕУ, посебно во градењето добрососедски односи и отворање на битни прашања со соседите, и премостување на јазот со Бугарија и Грција.

Македонија нема да добие датум за преговори во декември, но сепак предвидено е едно преодно решение, наречено „датум за датум“ – истакна Васко Попетревски. Според него, во моментов во ЕУ се гради консензус за ова сценарио, односно за тоа Европскиот совет во декември 2012 да се согласи за доделување датум за почеток на преговорите со Македонија во јуни 2013. Дотогаш ќе треба да се направат напори и покажат гестови на добра волја на планот на добрососедските односи со Бугарија и Грција и секако, и поангажирано да се вратиме на преговарачка маса во врска со проблемот со името. Но Попетревски го отвори и прашањето дали нашата Влада го прифаќа и се согласува со планот на ЕК, за решавање на спорот со името во „рана фаза“ од пристапните преговори.

За Димитар Бечев, од Европскиот совет за надворешни односи од Софија, проблемот со проширувањето на Унијата е во тоа што интересот и динамиката постојат само во Европската комисија, но не и кај поголемите држави-членки, кои во моментов имаат поголемо влијание од Брисел. Таквото одлагање само ги зајакнува позициите на елитите на Балканот, кои не се заинтересирани за влез во ЕУ. Околу меѓусоседските односи со Бугарија и Македонија, Бечев истакна дека постојат отворени прашања, но тие не смеат да прераснат во услов за блокада на Македонија.

Македонија има многу добра шанса да добие датум за преговори, кој ќе биде проследен и со дополнителни услови кои треба да се исполнат, смета Антонио Милошоски. Според него, на проблемот со името во ЕК не се гледа веќе како причина за блокада, туку како причина плус за започнување на преговорите.

За Радмила Шеќеринска се што е потребно за добивање датум за преговори е Македонија да функционира онака како што функционира два месеци пред избори, а не во останатите десет месеци од годината. Коментирајќи ги меѓусоседските односи, Шеќеринска истакна дека очекува „Софија да не стане новата Атина“ и да го блокира нашиот влез во ЕУ. Од друга страна, таа смета дека е неодговорно Владата да усвои одговор на грчкиот меморандум без претходни консултации меѓу власта и опозицијата, и што е уште поважно според неа, без консултации на извршната со законодавната власт. Таквиот потег, според Шеќеринска, дополнително ја ослабува нашата позиција во преговорите за името.

Во вториот дел од тркалезната маса се дебатираше за политичкиот контекст и консензусот за ЕУ, а модераторот Бојан Маричиќ од МЦЕО оцени дека и покрај поделеноста на ЗА и ПРОТИВ ЕУ, сепак на крајот сите политички фактори ќе мора да ги убедат граѓаните да гласаат ЗА на евентуалниот референдум за влез на Македонија во ЕУ.

Анализирајќи го политичкиот контекст, Хајрула Мисини, претседател на собраниската Комисија за европски прашања, оцени дека самиот факт што Извештајот од ЕК бил разгледуван низ сите собраниски тела и на крајот бил едногласно усвоен во Собранието, јасно покажува дека Македонија има изграден консензус околу ЕУ и дека таа нема друга алтернатива. Мисини исто така порача дека Извештајот на ЕК треба биде рамка за нашите идни чекори кон ЕУ, а да не биде алатка за меѓупартиско препукување.

Ивон Величковски, пратеник во Собранието на РМ, посочи на тоа дека кај нас постои декларативен, но не и суштински консензус, а целокупното општество е поделено во многу слоеви, додавајќи дека сепак Македонија ќе успее да ги исправи забелешките во Извештајот и да направи порамнување на нашите со европските стандарди, како придобивка кон патот за ЕУ, но и за нас самите.

Арсим Зеколи, поранешен амбасадор на Македонија во Мисијата на ОБСЕ во Виена, смета дека решението на статус-кво ситуацијата во која се наоѓа Македонија е на повидок, но не е во Скопје, туку во политичката волја за промени во регионот. Решението го гледа во соработката на политичката и интелектуалната елита од Балканот. „Организирање на интелектуалната и политичката елита која можеби на национално ниво е безначајна, но на регионално ниво може да е движечка сила. Ние сите ги делиме истите проблеми, единствена разлика се јазиците.“ нагласи Зеколи.

Правејќи споредби со извештаите од претходните три години, Лидија Димова од МЦЕО заклучи дека и во овој годинешен Извештај преовладуваат проблеми и забелешки кои се среќавале и во изминатите извештаи. Осврнувајќи се на можниот почеток на преговорите Димова оцени дека Македонија во моментов нема подготвени преговарачи, наспроти тврдењето од Владата дека постојат лица кои се подготвени за преговори со ЕУ, кои според истражувањето на МЦЕО немаат минато никаква обука, ниту знаат дека се на список за идни преговарачи со ЕУ.

Генералниот заклучок од тркалезната маса беше ставот дека Македонија, по декемврискиот самит, има големи шанси да добие условен почеток на преговорите и дека до нивниот почеток ќе мора со полна пареа да се работи на реформите и препораките од ЕК.

Конференцијата се организираше во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.