Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Граѓанско општество
пронајди

Слободата се брани со дела, а не со зборови!

Јавна дебата на ГЕМ во Кавадарци





VA4_53261Граѓанската иницијатива „Граѓани за eвропска Македонија“ на четврти октомври организираше јавна дебата „Духот на слободата“ со граѓаните на Кавадарци, на која беа разменети ставови и согледувања за граѓанските слободи.

Започнувајќи ја дебатата, Бранко Героски истакна дека живееме во авторитарно, недемократско и тоталитарно општество, а предуслов за излез од таквата ситуација е развивање на слободарскиот дух на граѓаните на Македонија. Осврнувајќи се на сегашната општествено – политичка ситуација и претстојните локални избори, Героски потенцираше дека мора да се бараат и нудат практични решенија од сите политички субјекти.

Според Жарко Трајаноски, постојат многумина кои зборуваат за слобода, но малкумина се борат за истата. „Во Македонија има постојан говор на омраза, но никој не се буни. Имаме опозиција која само зборува за слобода, но не се бори за неа. Тука сме да ја охрабриме опозицијата, да престане само да зборува, туку да стане и да се избори за слободата“ порача Трајаноски.

Сличен став делеше и Роберто Беличанец според кого владејачките структури продавајќи го национализмот како слобода ја претворија Македонија во земја на очај; земја каде што народот е измачен од пропаганда, глад, сиромаштија и локални моќници. Беличанец решението го гледа во индивидуалното мислење и зборување со цел да се разбие пропагандата. Тој потсети дека богатите општества се богати токму поради тоа што ги гарантираат личните слободи на секој поединец.

Задржувајќи се повеќе на економскиот аспект на актуелната власт, Никола Гелевски оцени дека ваквиот начин на практикување власт чини многу, а ресурсите се сѐ помалку, па оттаму потребен е нов поекономичен начин на владеење. „Треба да почне да се гради систем кој ќе биде демократски и европски, но во исто време ќе биде и економичен. Потребен ни е систем кој ќе обезбеди квалитетен живот за секој граѓанин, а не само на членовите на владејачката партија“ истакна Гелевски, додавајќи дека реваншизмот помеѓу партиите не ѝ носи добро на целата држава.

„Трагедија е што над триесет проценти од населението е сиромашно, а народот е незаинтересиран за тој факт“ заклучи Мерсел Биљали, додавајќи дека целата ситуација е своевиден пинг-понг национализам од двете владејачки партии и служи единствено за покривање на сите неуспеси на владејачката коалиција. Според Биљали, Владата од сервис кој треба да обезбеди достоен живот, се претворила во сервис за лаги, манипулација и насилство.

Владимир Милчин преку својот личен пример говореше за тоа што значи кога некому ќе му биде загрозена слободата. Целата таа хајка која власта преку Комисијата за лустрација ја води против него, има за цел да го маргинализира и тој самиот да се повлече од јавниот живот. Но наместо тоа Милчин одбра да се бори до крај за своите слободи одбивајќи да признае дека е виновен за нешто што не го сторил. Илустрирајќи ја состојбата на слободарскиот дух, Милчин истакна дека духот на слободата победува тогаш кога од 150 луѓе еден ќе биде загрозен, но ќе може да смета на поддршката од останатите 149.

На јавната дебата, масовно посетена од кавадарчани, беа разменети ставови и мислења низ кои граѓаните ја опишуваа сликата во нивниот град, истовремено надевајќи се дека час поскоро ќе бидат сведоци на позитивни промени.

ГЕМ ќе организира уште неколку јавни дебати ширум Македонија со цел да ја развијат демократската култура на дијалог, но и да ги унапредат демократските вредности како што се отвореноста, критичноста и ангажираноста на граѓаните.