Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Општо
пронајди

Како досега, како отсега? - Приоритетните цели се поставени недоволно амбициозно

ОЦЕНКИ ЗА ПРИСТАПНИОТ ДИЈАЛОГ НА ВИСОКО НИВО





Фондацијата отворено општество - Македонија (ФООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) на 18-ти септември организираа дебата на која беа изнесени наодите од следењето на Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН) преку анализа на исполнувањето на целите и мерките од Оперативниот патоказ.

Генерален заклучок на десеттината говорници од граѓански организации, кои одблиску ги следат областите опфатени со Оперативниот патоказ, е дека мерките и целите кои се содржани во Патоказот се нецелосни, недоволно амбициозно поставени, и главно на техничко ниво, без намера да понудат вистински решенија за клучните проблеми. Исто така, заклучено беше дека голем број од проблемите во реалноста, а кои пак се составен дел на петте области дефинирани во Оперативниот патоказ (слобода на изразување, владеење на право, јавна администрација, изборно законодавство и пазарна економија), не се воопшто вклучени. Невладините организации се согласија дека изостанува суштинска инклузивност на процесот, односно граѓанскиот сектор е вклучен само во две од областите и тоа слобода на изразување и избори, а за останатите три области вклучувањето е само формално, т.е. на ниво на формални средби на кои се информирани за постигнувањата и напредокот во реализацијата на целите и мерките.

Презентирајќи некои од наодите од следењето на спроведувањето на ПДВН, Бојан Маричиќ од МЦЕО истакна дека индикаторите од Оперативниот патоказ во најголем дел не се однесуваат на имплементација на законите, туку само на нивното донесување. Коментирајќи го, пак, регионалниот контекст во кој се одвива ПДВН, Маричиќ потсети дека сличен инструмент Европската комисија применува во Косово и Босна и Херцеговина каде исходот на процесот ќе води во поднесување на апликација за членство во случајот на БИХ односно до пренесување на надлежностите од ЕУЛЕКС на косовските власти и до визна либерализација во случајот на Косово. Резултатот на ПДВН, во случајот на Македонија, не е познат. Извесно е единствено дека Македонија повторно ќе добие препорака за почеток на преговори од Европската комисија, како и дека Советот на ЕУ нема да ја прифати препораката. Како пример на проблем кој не смее да биде избегнат во идниот Оперативен патоказ, Маричиќ ја наведе лустрацијата.

Тања Хафнер - Адеми, претставник на Граѓанската платформа при Националниот совет за евроинтеграции, се задржа на недоволната вклученост на граѓанските асоцијации во процесот на донесување, како и во процесот на имплементација и мониторинг на мерките од Оперативниот патоказ. Според неа, вклученоста на граѓанскиот сектор е многу мала бидејќи досега само две невладини организации учествувале во процесот на донесување на мерките.
Слично видување имаше и Роберто Беличанец од Центарот за развој на медиуми, според кого голем број од мерките се половични или непотребни, а недостасуваат мерки онаму каде што се потребни, како на пример во делот на функционирањето на јавниот сервис МРТ, медиумската концентрација, селективна правда кон медиумите и итн.

Состојбите во судството ги коментираше Маргарита Цаца Николовска од Институтот за човекови права. Таа не се сложи со оценките дека е подобрена ефикасноста на судството. „Не се знае на кои основи се поставува заклучокот дека ние имаме поефикасно судство. Имаме ситуација различни Совети да даваат различни решенија, судските процеси траат предолго, а се доведува под прашање и квалитетот на судските пресуди и квалитетот во изборот на судии.“ Според Николовска не може да стане збор за владеење на правото кога постои ситуација каде што закон укинат од Уставниот суд повторно се изгласува во Собранието, како што беше случајот со Законот за лустрација.

На недоследности во одредувањето на мерките од Оперативниот патоказ укажа и Фани Каранфилова-Пановска од ФООМ. Задржувајќи се на мерките во делот на реформата на јавната администрација, таа оцени дека истите се неамбициозни и технички, па така дури и нивно целосно исполнување нема да значи напредок во областа. Таа посочи дека од 17 мерки само две до три се завршени, 5 мерки имаат рок за завршување во 2013, 2014, и 2015-та година, а останатите десетина мерки не се воопшто реализирани во зададените рокови. Како аргумент за тоа дека со Оперативниот патоказ несоодветно се адресираат вистинските проблеми, го посочи примерот со отсуството на конкретни мерки кои ќе одговорат на проблемот со партиското влијание и нејасните критериумите при вработувањата во јавната администрација, што е посочено како сериозна забелешка во Извештајот за напредокот на ЕК за 2011.

За финансирањето на политичките партии говореше Искра Андреева од Транспарентност Македонија, која подвлече дека се уште не се имплементирани препораките од ГРЕКО и се уште не е донесен Изборниот законик со кој би требало да се регулира финансирањето на политичките партии. Осврнувајќи се на функционалната пазарна економија, Билјана Стојановска од Институтот за европска политика, оцени дека за проблемите се предвидени само технички, но не и реални мерки. Така на пр. се предвидува подобрување на евиденцијата заради правилно и точно пребројување на невработените лица, но факт е дека бројот на невработени и после пребројувањето ќе биде голем. Мерките предвидени за намалување на невработеноста се недоволни и несуштински и нема да доведат до намалување на невработеноста. Сиромаштијата, како огромен проблем за државата и економијата, воопшто не се ни споменува. Од друга страна, Патоказот, иако ја предвидува редовната исплата на обврските од страна на државата и јавните претпријатија кон бизнисот како и редовниот поврат на ДДВ-то како активност, не предвидува никакви мерки за исполнување на оваа активности. Тоа пак зборува за третманот на Владата кон ова горливо прашање.


Клучни зборови

| настан | еу | дебата