Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

Правна програма
пронајди

Подобрување има, ама пристапот до информации од јавен карактер сè уште е исправен пред сериозни предизвици

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во јули 2012 год. поднесе 145 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до повеќе државни органи. Барањата беа доставени со цел добивање на информации за динамиката на спроведувањето на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија (НПАА 2012). НПАА 2012 претставува стратешки документ кој предвидува поединечни обврски за државните органи од чие исполнување зависи процесот на пристапување на Р.М кон ЕУ. Со оглед на тоа што НПАА 2012 е мошне обемен документ, МЗМП се фокусираше на остварувањето на Поглавје 23: Правосудство и фундаментални права и Поглавје 24: Правда, слобода и безбедност.

Од досега добиените одговори на барањата може да се заклучи дека има подобрување во постапувањето на надлежните институции. Повеќе од две третини од имателите одговорија во законскиот рок од 30 дена и ги доставија побараните информации.

Сепак забележени се определени потешкотии и проблеми при обезбедувањето пристап до информациите од јавен карактер. Дел од имателите на информации сеуште немаат одговорено на барањата за пристап до информации од јавен карактер. Определени државни органи продолжуваат со праксата да ги препраќаат барањата на други државни органи, наместо да ги достават бараните информации. Ова е особено впечатливо кога во подготовката на определен акт се вклучени повеќе државни органи. За да се избегне ваквата ситуација МЗМП ги поднесуваше барањата исклучиво до државните органите кои врз основа на НПАА 2012 се определени како одговорни за спроведување на активност која е предмет на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер. Меѓутоа, и покрај ова во неколку наврати МЗМП прими известувања дека барањата се препратени. Воедно, вреди да се спомене дека кога станува збор за препраќање на барањата, значаен број од државните органи не го почитуваат членот 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер кој гласи: „Ако имателот на информации што го примил барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето, е должен да го препрати барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа ќе го извести барателот“. Сметаме дека со ваквата пракса непотребно се одолговлекува постапката на пристап до информации од јавен карактер, бидејќи евидентирани се случаи кога институциите неосновано ги препраќаат барањата, а честопати и не го почитуваат законски предвидениот рок кој вели дека во рок од 3 дена имателот на информацијата е должен да го препрати барањето до соодветниот орган-имател на информацијата за тоа да го извести барателот.

Дополнително, дел од имателите до кои беа поднесени барања во своите одговори со кои ги одбиваат нашите барања не ја запазуваат законски пропишаната форма. Во членот 20 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е наведено дека ако имателот на информацијата барањето делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе решение односно соодветен правен акт. Најчесто одбивањето на барањето се спроведува со писмено известување наместо со решение.

МЗМП и во следниот период ќе продолжи со месечните соопштенија со кои ќе известува за проблемите и предизвиците при спроведувањето на постапката за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Овој Извештај се однесува за месец јули и август 2012 г., е еден од извештаите за состојбата на остварувањето на слободниот пристап до информациите од јавен карактер во Република Македонија, преку кои Македонското здружение на млади правници и Фондацијата отворено општество – Македонија во рамките на проектот „Остварување на правото на пристап до информациите со обезбедување правна помош и стратешко застапување“, Ве информираат за состојбата во остварувањето на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Сите досегашни постапки за остварување на правото за слободен пристап можете да ги најдете на www.spinfo.org.mk во рубриката „случаи“.

Клучни зборови

| извештај | анализа