Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Форуми во заедницата
пронајди

Први форумски сесии во Липково и Карпош


Во јуни Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) започна со реализација на новата фаза на Програмата „Форуми во заедницата“, во општините Липково и Карпош. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка и вклучените општини.

Во Општина Липково, првата форумска сесија ќе се одржи на 8 јуни 2012 год. (петок) во ресторан „Арбериа“ со почеток во 15:00 часот.

Во Општина Карпош, првата форумска сесија ќе се одржи на 13 јуни 2012 год.(среда) во ОУ „Лазо Трповски“ со почеток во 12:00 часот.

Програмата ,,Форуми во заедницата” има за цел да го поддржи процесот на децентрализација во Република Македонија и да им овозможи на граѓаните да учествуваат во развојот на локалната заедница. Граѓаните, преку Програмата, имаат можност да си го подобрат секојдневниот живот со сопствени идеи и учество, а администрацијата да развие локално управување преку учество, одговорност и доверба.

Форумот е модел за вклучување на граѓаните во донесување одлуки во локално ниво. Форумот ќе овозможи: а) граѓаните да го унапредат својот живот преку изнесување лични идеи и учество во процесот на донесување одлуки; и б) општинската администрација да биде отворена, одговорна и транспарентна.

Во секоја од вклучените општини во проектот ќе се организираат 5/пет / форумски сесии на кои ќе се дискутираат проблемите во заедницата и ќе се изнаоѓаат соодветни начини за нивно решавање. Граѓаните и општинската администрација заеднички ќе дизајнираат проекти чие спроведување ќе се финансира од буџетот на програмата.