Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Регионална програма за поддршка на истражувања
пронајди

Вработувањето на кадри во високото образование со бројни недостатоци

vozivo.mk


Visoko obrazovanieФондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) во рамките на Регионалната програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан (РППИ), на 30-ти мај, организираше дискусија на тема: „Политики и практики за вработување на научни кадри во високото образование“, на која учествуваа повеќе истакнати универзитетски професори.

Отворајќи ја дискусијата модераторот проф д-р Катерина Колозова, истакна дека ваквите дискусии имаат за цел да го подигнат нивото на јавна дебата за Законот за високо образование, вклучително и делот на вработување и процесот на научно- истражувачката дејност.

Поранешниот министер за образование, а сегашен професор на Тетовскиот универзитет, Азис Положани, порача дека постојат недостатоци во целиот процес на научни истражувања, но дека слични проблеми и недостатоци постојат и во развиените европски држави. Како главен проблем, Положани го подвлече финансискиот дел, односно ниското ниво на финансирање на научни истражувања, кое особено е видливо во време на економска криза. Покрај проблемите со финансиите, поради кои се намалува бројот на вработени во научните истражувања, Положани ја истакна и слабата вклученост на институциите задолжени за спроведување на Законот за високо образование. Според професорот Положани, за да се подигне квалитетот на високото образование, Владата мора да воведе дополнителни мерки за финансирање на научните истражувања, а истовремено и да ги зајакне институциите.

Visoko obrazovanieЗа Дане Талевски од институтот „Прогрес“, Законот за високо образование е добар, но лоша е неговата имплементација бидејќи Министерството за образование има многу широки ингеренции, но истовремено е мошне партизирано. Во поглед на вработувањата, Талески порача дека целокупниот процес мора да биде потранспарентен и покомпетитивен бидејќи според неговото досегашно искуство многу решенија на рецензентските комисии не се јавно објавени, со што им се крати можноста на кандидатите кои се одбиени да имаат увид во документите.

Професори од различни универзитети и факултети, го оспорија членот од Законот според кој како релевантна база за цитирање на научни истражувања се издвојува Томпсон базата, која пред се ги фаворизира истражувањата од природните, на сметка на општествените науки. Понатаму, оспорувани беа и јавните огласи за прием на нов кадар на факултетите, бидејќи во многу случаи веќе се знае за кого е наменето отвореното работно место. Како заеднички заклучок беше издвоена потребата од унапредување на политиките во доменот на научните истражувања во општествените науки.

Аудио запис од настанот