Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Правна програма
пронајди

Комисијата за заштита од дискриминација се уште во сенка




Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) на 23-ти мај ја промовираше публикацијата под наслов „Извештај во сенка за комисија во сенка“ која се однесува на работата на Комисијата за заштита од дискриминација во првата година од нејзиното постоење, и воедно е трета публикација од едицијата „Примената на законите под лупа“, што ја изработува Правната програма на ФООМ.

Презентирајќи го извештајот и методологијата на неговата изработка, професорката Мирјана Најчевска, подвлече неколку недостатоци во работата, но и во правната поставеност на Комисијата. Еден од поголемите проблеми, истакнати во извештајот, е нестручниот и партизиран кадар. Освен тоа, голем дел од членовите во Комисијата се државни службеници што не е пракса на работа на комисија која треба да делува како независна институција. Во извештајот се забележува дека не е остварена фактичка, но и формално-правна независност од неколку аспекти. Понатаму, нотирана е слабата финансиска состојба. Односно, комисијата за заштита од дискриминација, има најмал буџет од сите останати комисии кои се бават со слична проблематика, а по последниот ребаланс на државниот буџет, буџетот на Комисијата дополнително е намален. Во низата проблеми во работата на Комисијата, наведени се и слабата присутност во медиумите и јавноста, како и пасивноста во поглед на отворање дебати, иницијативи за промена на закони и слично.

Претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација, Душко Миновски прифати голем дел од забелешките, но не испушти да порача дека Комисијата работи само една година, и дека се уште е во процес на градење. Миновски истакна дека и покрај низата проблеми, Комисијата со помош од невладините организации, успева постојано да се надградува и подобрува. Планирано е локалните канцеларии на парламентарната комисија за еднакви можности помеѓу мажите и жените да примаат и претставки кои ќе стигнуваат до Комисијата за заштита од дискриминација, со што таа дополнително би се отворила за оние кои имаат потреба од неа. Осврнувајќи се на кадровските проблеми, Миновски истакна дека сите членови на Комисијата добро си ја вршат работата, но и дека фали едно одделение од правници за подобро функционирање на Комисијата, додавајќи дека одлуките на Комисијата не се облигаторни, но амбиција на сите членови е тие да бидат уважени од надлежните судови.

На дебатата по промоцијата, учество зедоа над дваесеттина истакнати стручњаци од областа на правото и на граѓанското организирање. На крајот од дебатата Данче Даниловска од ФООМ ги презентираше заклучоците од дебатата според кои Комисијата мора да се избори за поголема независност, видливост и достапност, но и да функционира проактивно, наместо ретроактивно.

Клучни зборови

| право | настан