Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Правна програма
пронајди

Анализа од примената на Законот за бесплатна правна помош, во 2011 година

„Бајка или реалност!? – Бесплатната правна помош во Република Македонија“



На 6 април (петок) Фондацијата Отворено општество – Македонија, Македонското здружение на млади правници, Националниот ромски центар од Куманово, РОМА С.О.С од Прилеп, Младинскиот културен центар од Битола, Избор од Струмица и ЕХО од Штип ги промовираа наодите од континуираното истражување на имплементацијата на бесплатната правна помош во Република Македонија. Анализата од примената на Законот за бесплатна правна помош е дел од публикацијата „Бајка или реалност!? Бесплатната правна помош во Република Македонија“.

Со оваа анализа сакаме да ја претставиме реалната ситуација од примената на Законот со што ќе ја поттикнеме државата, односно Министерство за правда, во транпарентен процес со вклучување на сите заинтересирани страни, да започне со подготовка на измени на Законот за бесплатна правна помош. Во анализата се идентификувани слабостите и пречките во системот на бесплатната правна помош како за граѓаните така и за здруженијата кои сакаат да се стекнат со овластување за давање претходна правна помош.

Набљудувањето на имплементацијата на Законот покажа дека е потребно:

1. Да биде подготвена анализа за економското влијание и финансиските импликации на Законот и планирање на годишните буџети врз основа на потребите од правна помош.

Ова е важно затоа што во 2010 година, од планираните 12.000.000 денари од страна на државата, за награда на адвокатите или за надомест на трошоците на здруженијата не е искористен ниту еден денар. Како резултат на неискористените средства во 2010 година, буџетот за бесплатна правна помош за 2011 година беше двојно намален и изнесуваше 6.000.000,00 денари. До септември 2011 беа искористени само 0.1%, односно вкупно 5.152,00 денари, како награда за адвокатите кои презеле дејствија на правна помош и поднеле трошковници за наплата до Министерството.

2. Поголема информираност на граѓаните за Законот за бесплатна правна помош.

Дека е ова вака покажува малиот број на поднесени барања за бесплатна правна помош во 2011. Односно вкупно 137 барања.
Од друга страна во Законот постои одредба (член 19) со која на здруженијата кои се овластени за давање претходна правна помош не им е дозволено да користат каков било облик на реклама за давањето претходната правна помош. Само Министерството за правда ги информира граѓаните за правото и начинот на користење на бесплатна правна помош. А ако проверите на веб страната на Министерството нема да ги најдете овластени здруженија.

3. Потребно е да се спроведе истражување за правните потреби на граѓаните, кое ќе обезбеди материјал за детаљна анализа на видовите правни проблеми со кои се соочуваат граѓаните, нивното значење за нивната издршка, начините на кои ги решаваат и причините поради кои не ги решаваат проблемите.

Условите што ги пропишува Законот се премногу рестриктивни и ограничувачки и не се во можност да обезбедат еднаков пристап до правдата за најголем дел од сиромашната популација, која во нашата држава изнесува околу 30%. Со воспоставувањето на ограничувања на три нивоа, пристапот до бесплатна правна помош остана само за барателите кои во исто време: 1. исполнуваат определен правно регулиран статус; 2. остваруваат месечен приход помал од половината од месечната исплатена плата за претходниот месец и 3. не поседуваат имот чија вредност надминува пет просечни бруто плати.

4. Намалување на критериумите кои треба да ги исполнуваат здруженија кои даваат претходна правна помош

Во периодот на примена на Законот од јули 2010 година до денеска се регистрирани само 4 здруженија за давање претходна правна помош. Нас ова сега не не зачудува затоа што здружението кое сака да се регистрира треба да ги исполнува следниве критериуми, меѓудругото да имаат: (1) вработено најмалку еден правник со положен правосуден испит и (2) да имаат склучено Договор за осигурување на одговорност за можна штета при советување.

Фондацијата Отворено општество – Македонија во 2011 одделни 25.000 Евра за да поддржи четири здруженија да се регистрираат со цел Законот да им се приближи на граѓаните и тие да ги остварат своите права. Во 2012 двојно ни се зголемени давачките бидејќи поддржуваме 6 здруженија, од кои две водат судска постапка бидејќи Министерството за правда ги одби нивните барања за регистрација за давање претходна правна помош.

Во просек по 8.000 евра се годишните трошоци на едно здружение само за да вработи правник со положен правосуден испит (и тоа со просечна месечна плата) и да го набави Договорот за осигурувањето. Овие трошоци за здруженијата се превисоки ако се земе предвид надоместот кој би можеле да го остварат од давањето претходна правна помош. За општа правна информација државата им дава 200 денари, за иницијален правен совет 300 денари, а за помош при комплетирање на барање за бесплатна правна помош, и тоа само за одобрените барања можат да добијат 600 денари. И најважно е што за сработеното немаат добиено ни денар од страна на Министерството за правда. Општа правна информација 842, иницијален правен совет 38 и 16 барања за бесплатна правна помош.

На крај, во анализата се дадени препораки за надминување и отстранување на пречките и слабостите во системот на бесплатната правна помош во Македонија, со цел да се изгради поефикасен систем во кој граѓаните би можеле целосно да го остварат правото на еднаков пристап до правдата.