Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Граѓанско општество
пронајди

Промоција на книгата „Штазиленд“

Минатото на Источна Германија не смее да стане иднина на Македонија

vozivo.mk


stazilendОтворајќи ја промоцијата, извршниот директор на ФООМ, Владимир Милчин го потенцираше задоволството што на 20- годишнината од формирањето на Фондацијата, е издадено едно вакво дело кое преку комбинација од книжевна и фактографска форма, ни го доловува функционирањето на Штази, најтемелната и најорганизираната тајна служба во светот и нејзината репресија врз граѓаните. Милчин, правејќи споредба со предлог – измените на Законот за лустрација и неговото досегашно спроведување, порача дека постои голема опасност иднината на Македонија да стане иста како минатото на Источна Германија.

„Книгата не соочува со постоењето на најсовршената форма на тортура, не соочува со фактот дека секоја идеја која ќе дојде до некои болни и злосторнички умови, секогаш завршува како инструмент создаден само и само за злосторство“ – истакна промоторот Ѓунер Исмаил, додавајќи дека „моменталната општествена констелација во Македонија повикува на одредена доза на вознемиреност, бидејќи вратата на злото не е целосно затворена“. Согледувајќи сличност меѓу сегашната состојба во Македонија и онаа во Источна Германија од 80-тите, Исмаил заклучи дека домашната публика секој ден преку вестите се соочува со сличен материјал за методи на репресија, а единствена разлика е тоа што домашниот материјал е попримитивен и понеписмено елабориран: „Слично како во периодот на Германската Демократска Република, населението е доведено до ниво на кое на фашизмот може да му се налепи секаков епитет, дури и да се опише како патриотизам. Фашизмот мора да има социјална почва оти тоа во еден дел е болест на специфична социјална категорија на т.н. интелектуалци кои кукавичлукот го прогласуваат за внатрешен егзил, и презир кон валканоста на секојдневието, а ваквите диктаторски проекти се претставени како форма на усреќување на нацијата во чие име владеат.“

stazilendВториот промотор, професорката Фросина Ташевска Ременски, порача дека делото „Штазиленд“ е одличен прирачник кој може да помогне во сфаќањето на начинот на функционирање на тајните служби. Според Ташевска Ременски, книгата може да помогне и во препознавање на инструментите на функционирање на Штази, кои изменети и осовремени денес се среќаваат во Македонија: „ Делото остава впечаток дека го живеете овде и сега. Дека и вие сте дел од настаните кои безобразно наликуваат еден на друг. Чувствувате дека живеете во правно општество, наспроти реалноста на лага и манипулација“ нагласи Ташевска - Ременски додавајќи дека живееме во минато во модерна верзија и дека е голем расцепот помеѓу пропагираната и онаа вистинската реалност.

По завршувањето на промоцијата, беше прикажан кус документарен филм поврзан со книгата „Штазиленд“, во кој беа прикажани автентични снимки и фотографии од работата на Штази, но и сведоштва на поранешни агенти на Штази и жртви на тортури и репресии на тајната служба на Источна Германија.