Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Регионална програма за поддршка на истражувања
пронајди

Дебата на ФООМ / РППИ

Измените на Законот за високо образование - неуставен упад во автономијата на универзитетите

На дебатата „Какви научни истражувања и настава овозможува новиот Закон за високо образование?“ организирана на 30-ти март 2012 година во ГЕМ клубот, голем број универзитетски професори, млади истражувачи и студенти преку аргументирана и конструктивно насочена дискусија препорачаа дека е неопходно власта да се воздржи од регулирање на низа важни прашањата од делокругот на универзитетите и се заложија за донесување законски решенија кои ќе ја зачуваат и обезбедат автономијата на универзитетите и нивните членки, како и за обезбедувањето услови за остварување на слободата и автономијата на наставата и научните истражувања.

Отворајќи ја дебатата, Дане Талески претстави наоди од неодамнешно истражување во областа на компаративната политика, каде била опфатена и научната работа во политичките науки во Македонија. Според наодите на истражувањето, македонската политичка наука споредено со земјите во регионот, нема големи отстапувања во однос на интересот за темите на истражување. Но, затоа пак, наодите укажуваат дека најчесто се користат секундарни извори, што укажува на фактот дека многу малку се креира ново знаење во оваа област и дополнително, истото не е широко достапно како што е пракса во развиените земји. Во однос на користењето на аналитичките методи, во македонската политичка наука се уште е доминантен наративно-дескриптивниот метод, а со тоа придонесот на оваа наука е ограничен. Во повеќе од 50% од истражуваните 158 трудови објавени во период од 1990 до 2011 година во Македонија, временската рамка е нејасна. На светско ниво, македонската политичка наука, во областа на компаративната политика, има занемарлив придонес. Еден од важните предуслови за промена на ваквите состојби, според Талески е унапредување на институционалната рамка која го регулира високото образование и сродните дејности.

Маја Бојаџиевска, професорка од Филолошкиот факултет, анализата на најновите измени во ЗВО ја даде во корелација со принципите, вредностите и филозофијата на основните меѓународно прифатени документи кои ги утврдуваат улогата и положбата на универзитетите и ги обезбедуваат академските слободи. Автономноста на универзитетите да пренесуваат и произведуваат знаења и култура преку истражувања и предавања, неделивоста на наставата и истражувањата и слободата на истражувањата и обуката се фундаменталните принципи кои се широко прифатени и применети и ја обезбедуваат улогата на универзитетот како повереник на европската хуманистичка традиција. Таа укажа на суштинските принципи содржани во Лисабонската декларација (2007) кои ги промовираат академската и финансиската слобода и организационата и кадровската автономија на универзитетите. Дополнително, Бојаџиевска ја подвлече важноста и на вредностите кои ги промовира Magna Carta Universitatum, кои меѓу другото укажуваат на неопходноста од немешање на политичката и економската моќ во слободите и автонономијата на универзитетите за да може да се обезбедат моралната и интелектуалната независност за произведување и пренесување универзално занење, неделивост на наставата и истражувањата и нивната слобода.



Бојаџиевска подвлече дека академската заедница е скоро едногласна во ставот дека измените на ЗВО, предмет на уставно преиспитување, промовираат рестриктивна, регресивна и погубна политика во наставата и науката во Македонија и се класичен неуставен упад во автономијата на универзитетите и со тоа се спротивни на историската придодобивка на европските слободни универзитети. Иако Уставот ја гарантира автономијата на универзитетот и академската слобода, а воведниот дел од ЗВО и ја декларира, најновите измени предвидени во 19 членови ја рушат конзистентноста на Законот и ја загрозуваат уставноста. Како особено проблематични, таа ги посочи измените во членовите 69, 70, 72 и 77, кои ја регулираат надворешната евалуација, работата и обврските на Одборот за акредитација и евалуација, како и самоевалуацијата. Бојаџиевска подвлече дека ова се автономни прашања од делокругот на универзитетите и дека Владата нема ниту капацитети, ниту знаења да ги превземе како надлежности, уште повеќе што ваквите решенија се во директна спротивност со меѓународно прифатените документи и практики. Од критичка важност, смета Бојаџиевска, е Владата да се воздржи од свое учество при регулирањето на академските и стручните студии и научно-наставните звања (повеќе членови од глава 9 и 10 од ЗВО). Впуштањето на законодавецот во регулирање на критериуми за избор на студии или ментори, како и амбицијата да го уредува екстерното оценување, според Маја Бојаџиевска, се сериозни провреди на Уставот и директен упад во автономијата на универзитетот и академските слободи.

Реферирајќи на аспирациите на Македонија за членство во ЕУ, и на основните документи и стратегии на ЕУ, професорката на Економскиот факултет Билјана Секулоска – Габер, ги спореди финансиските зафакања од БДП за финансирање на образовни дејности на Република Македонија, земји членки на ЕУ и земји кандидати за ЕУ. Секулоска – Габер подвлече дека во последната деценија Македонија многу малку инвестира во образование и научни истражувања, но и дека дополнително постои тенденција на опаѓање на финансиските средства кои се одвојуваат за образовна и научно истражувачка дејност. За Секулоска – Габер, неопходно е државата да ја обезбеди автономноста на универзитетот, за да може да ја остварува својата улога согласно меѓународните стандарди и практики и Уставот на Република Македонија. Иако, смета таа, во предложените измени на Законот за високо образование има и добри идеи, со сегашното планирање на буџетски средства за овие дејности, не ќе може да се очекува успешна имплементација на решенијата кои ги предвидува Законот. Дополнително, од исклучителна важност е при креирањето закони, тела и политики, да се консултира и академската и стручна јавност и да се изнајдат начини за вклучувањето на бизнис заедницата. Неопходно е, подвлече Секулоска - Габер, со оглед на преобемните и не секогаш конзистетни измени, да се донесе сосема нов закон во кој ке биде обезбедена автономноста на универзитетите и ќе се гарантираат условите кои ќе обезбедат обнова на кадарот,научни усовршувања, како и време и средства за научни истражувања, мобилност на студенти и наставници, а со тоа и квалитетно образование, иновативност и развој.

Останатите учесници во дебатата, без исклучок, го делеа заклучокот дека измените на ЗВО предвидуваат решенија кои непотребно ја вовлекуваат власта во регулирањето на слободата и основните дејности на универзитетите, а со тоа вршат упад и ја уриваат нивната автономијата и ги ограничуваат можностите за квалитетно образование и научно истражувачката дејност. Предвидените измени на Законот кои ја регулираат научно истражувачката дејност, сметаат некои од учесниците, се несодветни за општествените и хуманистичките науки, и наместо да создаваат услови за иновативност, развој и конкурентност на научните мисла и истражувања, ја контролираат и спречуваат.

Дебатата е организирана во рамките на Регионалната програма за поддршка на истражувања во општествените науки во Западен Балкан.

Клучни зборови

| образование | ппир