Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Правна програма
пронајди

Работна средба: Што има ново?

Граѓанскиот сектор предлага унапредување на текстот и решенијата предвидени во Предлог - Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор во период 2012- 2017

Претставници на триесеттина здруженија на граѓани, на шести март 2012 година, одржаа работна средба под наслов „Што има ново“, посветена на тековните верзии на Предлог - Стратегијата за соработка на Владата на РМ со граѓанскиот сектор, која се однесува на периодот 2012-2017 година. На средбата беше заклучено дека Предлог-Стратегијата треба да обезбеди: воспоставување на ефикасен институционален механизам за дијалог меѓу Владата и граѓанскиот сектор, преку воспоставување на национално советодавно тело; услови за зајакнување на независната и институционалната поставеност на Одделението за соработка со граѓанските организации; услови за унапредување на учеството на граѓанските организации во процесите на креирање на политики и донесување на одлуки, преку воспоставување на конкретни и задолжителни механизми за консултација; доследна примена на Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на граѓанските организации и затоа е неопходна негова задолжителност за сите органи на Владата; унапредување на одржливоста на граѓанскиот сектор преку воспоставување државен фонд за кофинансирање и институционална поддршка на граѓанскиот сектор како и унапредување на законскaта рамка која во потполност ќе го обезбеди правото на здружување и изразување мислење, како и финансиското и деловното работење.

Емина Нурединовска од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги претстави заклучоците и препораките на евалуацијата од спроведувањето на претходната Стратегија. Таа ја нагласи потребата од вклучување на овие наоди во новата стратегија, која покрај другото треба да обезбеди систем и инструменти со кои граѓанскиот сектор активно ќе се вклучи во креирањето на политиките и буџетите, ќе се унапредат условите за соработката со граѓанскиот сектор. Нурединовска истакна дека е потребна измена на релевантни закони за да се обезбедат услови за одржливост на граѓанскиот сектор. Од особено значење е формирање Совет за соработка со граѓанскиот сектор, како и создавање услови за зајакнување на граѓанскиот сектор на локално ниво, особено во руралните средини.

Даниел Шербон, раководител на тимот кој ја обезбедува техничката помош за Одделението за соработка со НВО во Генералниот секретаријат при Владата на РМ, проект финансиран од ЕУ, го објасни процесот на подготовка на Предлог – Стратегијата, во кој активно учество има и граѓанскиот сектор. Тој истовремено најави дека следат неопходни консултации со министерствата и другите релевантни тела во Владата. До мај 2012, кога се очекува Предлог-Стратегијата да биде предложена до Владата, граѓанскиот сектор ќе има уште една можност да ги разгледа и коментира предвидените решенија.

Според Неда Коруновска од Реактор, со последните измени на Предлог – Стратегијата, направени од страна на Владата, се доведува во прашање комплетната реализација на Стратегијата. Во верзијата на текстот, понуден од Владата на 27 февруари, иако не се сменети целите на Стратегијата, исфрлени се неколку важни мерки за нивно постигнување, а за кои невладиниот сектор особено се залага. Коруновска нагласи дека мерките и механизмите за подобра комуникација со секторот: зајакнувањето на позицијата на Одделението за соработка со граѓанскиот сектор и формирање на Совет за соработка, се од суштинска важност и како такви треба да бидат содржани во Стратегијата. Од заеднички и јавен интерес е Владата, нагласи Коруновска, да овозможи унапредување на начинот на дистрибуција на наменски буџетски средства, како и да обезбеди услови за основање на Фондот за кофинансирање на проекти финансирани од средствата на ЕУ. Мерките кои ќе обезбедат одржливост на граѓанскиот сектор и негово поголемо учество во креирањето политики мора да се вратат во Предлог-Стратегијата затоа што само така документот ќе ја постигне својата вистинска цел и намена.

Според Маргарита Цаца Николовска од „Институтот за човекови права“, правата на здружување и изразување мислења се загрозени со неконзистентната примена на редица релевантни закони. Таа подвлече дека Законот за здруженија и фондации, Законот за лустрација, законите за волонтерство и антидискриминација, како и некои од решенијата од Законот за пристап до информации од јавен карактер, наместо да го поттикнуваат и промовираат граѓанското здружување и активност, го задушуваат. Постои потреба, препорача таа, граѓанскиот сектор да се наврати на овие закони и да се потруди да се донесат решенија кои наместо ставање капа врз секторот, ќе обезбедат негово активно учество и придонес.


Суад Мисини од „Центарот за граѓанско општество“, подвлече дека граѓанскиот сектор во Македонија се соочува со преголема правна и административна регулација. Последната верзија на Предлог-Стратегијата, истакна Мисини, не содржи решенија кои ја обезбедуваат корективната улога на граѓанскиот сектор во општеството. Недостатокот на финансиски средства и третирањето на граѓанските организации како претпријатија ја загрозуваат одржливоста на секторот. Потребна е поголема политичка волја и спремност за донесување закони и политики кои, и покрај напредокот на овој план во Македонија, ќе го поттикнат, наместо како сега да го обесхрабруваат учеството на граѓанските организации во консултативните процеси за креирање политики. Мисини препорача Кодексот на добри практики да стане обврзувачки акт за Владата.

Зоран Цали од „Фондацијата Отворено општество – Македонија“ (ФООМ), кој во своето излагање се задржа на законските решенија кои се во спротивност на философијата, природата и улогата на граѓанските организации, ја нагласи потребата за измена на законите кои го регулираат деловното и финансиското работење на граѓанските организации.

За Лидија Димова од „Македонскиот центар за европско образование“ (МЦЕО) голем недостиг во Предлог-Стратегијата е отсуството на европската агенда. Димова потсети дека Стратегијата треба да содржи конкретни индикатори со кои ќе се следи нејзината имплементација. Според неа, Стратегијата не вреди ништо доколку нема фонд за институционална поддршка и за кофинансирање на невладиниот сектор во контекст на ЕУ интеграцијата. Со оглед на тоа дека идната ИПА програма е изготвена, и веќе е во процес на консултации, постојат информации за тоа како ќе се распределуваат средствата во следниот е период. Овој финансиски документ најавува изменети пристапи и намалени финансиски средства за граѓанскиот сектор. Според Димова, сега е моментот, во оваа Стратегија, да се обезбедат услови, граѓанскиот сектор да може да ги зајакне своите финансиски и имплементирачки капацитети. Ова е единствено можно само доколку се формират наменски фондови за институционална поддршка и кофинансирање на граѓански организации.

Ирена Иванова од Делегацијата на ЕУ во Македонија ги поздрави проактивните иницијативи на граѓанскиот сектор и препорача навремен и содржински богат придонес.

На затворањето на работната средба беше најавено дека сите заклучоци и препораки ќе бидат доставени до Одделението за соработка при Генералниот секретаријат на Владата на РМ, како и до Националниот совет за евроинтеграции и Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Клучни зборови

| право | настан