Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Општо
пронајди

Започнува програмата „Подготовка за преговори“

Фондацијата отворено општество-Македонија (ФООМ) го започна циклусот обуки „Подготовка за преговори“. Програмата ќе се реализира во соработка со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Институтот за европска политика од Берлин (ИЕП). Првата обука ќе се одржи од 9.3.2012 до 11.3.2012 во Хотел Глигоров во Струмица.

Програмата има за цел да ги зајакне капацитетите и експертизата на граѓанскиот сектор за процесот на пристапување на Република Македонија во ЕУ, со особен акцент на специфичните знаења потребни за водење на пристапните преговори во областите:

• Судство и темелни права (Поглавје 23);
• Социјална политика и вработување (Поглавје 19);
• Политика на конкуренција (Поглавје 8) и
• Заштита на потрошувачи и здравствена заштита (Поглавје 28).

Програмата, ќе ја следат 50 претставници на граѓанскиот сектор (НВОи, медиуми, академска и бизнис заедница, и други заинтересирани), а има за цел да креира четири тимови со претставници од граѓанскиот сектор кои ќе се стекнат со знаења и вештини за да придонесат во процесот на пристапување и преговари со ЕУ, во секое од четирите поглавја. Програмата се состои од 5 циклуси општи и специјализирани обуки и индивидуална истражувачка и аналитичка работа.

Општите обуки се наменети за сите учесници во Програмата и тоа:

• Институции, политики и финансиските инструменти на Европската унија;
• Пишување ефективни документи за јавни политики (Writing Effective Policy Papers);
• Техника и механизми на процесот на преговори - практични искуства од Хрватска.

Специјализираните обуки се состојат од циклус од две тродневни обуки за секој од поединечните тимови, со фокус во областите:

• Судство и основни права (Поглавје 23);
• Социјална политика и вработување (Поглавје 19);
• Политика на конкуренција (Поглавје 8) и
• Заштита на потрошувачи и здравствена заштита (Поглавје 28).

Од учесниците во Програмата се очекува да истражуваат и подготвуваат анализи и policy papers (документи за јавна политика) на теми релевантни за процесот на пристапување на Република Македонија во ЕУ, со особен фокус на четирите поглавја.

Клучни зборови

| македонија | обука