Настани и новости
Календар на активности
Програми
Образование
Информации
Jавно здравство
Економски реформи
Медиуми
Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа
Право
Исток-Исток: Прекугранични партнерства
Ромски практиканти
Граѓанско општество
Осамостоени програми
За Фондацијата
Конкурси
Публикации
Партнери и донатори (во 2009)
Извештаи
Отворени писма
Линкови
Контакт-информации
Мапа на сајтот
 
 
Фотографии од настани
Event photos
 

 Календар на активности
- Од 21 до 23 јули 2010 во ГЕМ клубот (Стара чаршија) со почеток во 17 часот ќе се одржи работилница на тема „Финансиска писменост и управување со долг“.

Цел на работилницата е учесниците да се стекнат со основни знаења за управување со личните финансии и како правилно да ги планираат трошоците и да управуваат со нив, односно како свесно да се заштитат од презадолженост.
- Архива на календарот на активности
 
 
 
Metamorphosis, Foundation for sustainable ICT solutions
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
World Summit Award
 
 
 
 
 
 
 
Antikorupcija.org.mk
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 

Програми

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Програмата Исток Исток: Прекугранични партнерства поддржува меѓународна соработка меѓу граѓанското општество и невладините организации со цел размена на искуства, експертиза и знаење за меѓународно да ги унапреди принципите на отвореното општество.

Основана во 1991 година програмата Исток Исток: Прекугранични партнерства е фокусирана кон централна и источна Европа и централна Азија особено во контекст на пост-социјалистичка традиција.

Оваа програма е единствена како ресурс и методологија за поддршка на граѓанското општество и невладините актери. Истата се имплементира во 23 Соросови Фондации во Албанија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Ерменија, Естонија, Казахстан, Киргистан, Косово, Латвија, Македонија, Молдавија, Монголија, Полска, Романија, Србија, Словенија, Таџикистан, Турција, Украина, Црна Гора, и Чешка Република. Во Словенија, Русија, Литванија, Хрватска и Унгарија програмата се спроведува преку институционалните партнер организации. Дополнителни информации може да се најдат на следниот линк www.soros.org/initiatives/east.

Програмата доделува финансиска поддршка за реализација на прекугранични иницијативи кои иницираат меѓународната размена. Програмата обезбедува финансиска поддршка на директните трошоци за организирање меѓународни настани во Македонија и учество на преставници од Македонија на настани кои се спроведуваат во странство .

Програмата Исток Исток: Прекугранични партнерства не поддржува:

  • светски/годишни конгреси,
  • индивидуални патувања за учество на конгреси,
  • продукции од уметноста,
  • консултански ангажмани
  • високо образовни истражувања,
  • преводи и издаваштво,
  • бизнис/комерцијални/профитни активности.


Што претставува Исток Исток : Прекугранични партнерства

Основната идеа на програмата Исток Исток: Прекугранични партнерства е размена на идеи преку движење на луѓето со цел создавање услови за развој на пазар на идеи околу кои актерите од граѓанското општество би можеле да соработуваат и креираат долгорочни перспективи за реализација на агендата за отворено општество.

Оваа програма предвидува прекугранични размени на искуства, пренос на знаење и експертиза, презентирање најдобри практики и научени лекции кои допринесуваат за унапредување на отворените општества преку искористување на механизмите на меѓународна соработка и прекугранично вмрежување.

Програмата поддржува иницијативи кои поттикнуваат прекугранични партнерства за да промовираат нови размислувања за постоечките предизвици во општествата и нудат алтернативни пристапи и перспективи за надминување на проблемите со цел ширење на агендата на отвореното општество.

Програмата поддржува прекугранични проекти кои предвидуваат взаемно корисно партнерство меѓу актерите од граѓанското општество со цел влијание врз трендовите и процесите во општествата.

Во 2010 година Програмата Исток Исток: Прекугранични партнерства во Македонија ќе биде фокусирана на поддршка на иницијативи кои ќе се обидат да го надминат:

  • недостатокот од информативни јавни дебати и ниската јавна свест за корените, формите на појавување и загрозеноста на демократијата од практикувањето авторитарни и популистички политики и
  • ограниченото знаење и капацитет на актерите во граѓанското општество за ефикасно и ефективно учество во дизајнирање политики за социјална правда, како и мониторинг на нивното спроведување согласно ЕУ и меѓународните вредности и критериуми.


Како може да се добие поддршка од Програмата Исток-Исток: Прекугранични партнерства?


За организирање настани во Македонија

Концептот на проектната идеја или предлог-проектот претставен во проектна пријавата за Програмата Исток-Исток: Прекугранични партнерства (http://www.soros.mk/dokumenti/2009.ee.pbbp.application.doc) се доставува во електронска форма до координаторот на програмата: Славица Инџевска sindzev@soros.org.mk и програмскиот асистент Александар Марковски amark@soros.org.mk.

Програмата користи ефикасни механизми за консултација и евалуација на поднесената концептна проектна идеа или предлог проект. Во подготвителната фаза, поднесоците, во рамките на своите ингеренции, ги коментираат координаторот и асистентот на програмата. Откако ќе се усогласи документот, информациите и очекувањата, поднесоците се разгледуваат од страна на Советодавната група на програмата во Макеоднија, која во името на Управниот одбор на ФИООМ формира мислење/препорака. Ова мислење/препорака заедно со проектната идеја/проектен документ се презентира по електронски пат пред регионален колегијален панел (програмските координатори од државите каде се планирани партнерски организации за спроведување на проектот) и менаџментот на Програмата (ИОО-Лондон). Откако ќе се обезбеди позитивна евалуација и согласност за финансирање на идејата/предлог проектот и ќе завршат договарањата со координаторот/асистенот на програмата за финалниот буџет, се потпишува договор за грант.
Реален период за донесување одлука од моментот на поднесување на проектниот формулар е најмалку три месеци пред почетокот на проектот/настанот за кој се бара поддршка. За организирање на настани во Македонија програмата финансиски поддржува само директни трошоци за организирање на меѓународни настани. Под директни трошоци подразбираме : хотелско сместување за учесниците на настанот, оброци/храна за сите учесниците, освежување за време на одржувањето на настанот, изнајмување простор за одржување на настанот, опрема за озвучување, опрема и услуги за симултан превод, работни материјали за настанот и локален транспорт за учесниците.

Учесниците од странство (земји во кои е активна програмата), своето учество во координација со домаќинот на настанот во Македонија, патните трошоци, трошоците за виза и џепарлак ги регулираат во матичната за нив фондација.
Доколку планираниот учесник доаѓа надвор од регионите од интерес на програмата, а програмата не може да обезбеди средства од своите фондови, истите ги обезбедува организаторот/домаќинот на настанот во Македонија. Не е исклучено, иако е прилично ретко, обезбедување присуство и покривање на патни и трошоци за граѓани од ЕУ и пошироко, доколку организаторот обезбеди солидно објаснување за неопходноста на присуството и неможноста патните или трошоците за престој во рамките на поддржаниот настан да бидат покриени од други фондови..
Планираниот проектен буџет се претставува во американски долари, а исплатата на одобрените грант средства се остварува во повеќе рати во денарска противредност, според стандардните процедури за реализација на грантови на ФИООМ.

Индивидуално учество на настани во странство

Поединците заинтересирани за поддршка за учество на настани во странство треба да поднесат формулар за пријава за индивидуален грант до ФИООМ. Овој формулар може да се најде на веб-сајтот www.soros.org.mk во делот Формулари. Освен формуларот за пријавување, заинтересираниот поединец треба да достави и:

  • преписка со организаторот на настанот поддржан од програмата Исток-Исток: Прекугранични партнерства,
  • покана за учество на настанот
  • и лична биографија

Бараните документи се доставуваат до Александар Марковски amark@soros.org.mk најдоцна 10 дена од почетокот на настанот. Потребните документи можат да се достават во електронска форма или лично во канцеларијата на ФИООМ најдоцна десет дена пред почетокот на настанот. За учество на настани во држави во кои е потребна виза неопходно е доставување на документите најмалку 3 недели пред започнувањето на настанот. Трошоците за учество се покриваат согласно стандардните критериуми и постапки на Програмата Исток-Исток: Прекугранични партнерства. Фондацијата го задржува дискреционото право да не додели грант на подносителот на барањето за поддршка за учество, иако тој/таа е поканет од организаторот на настанот.

Дополнителни информации поврзани со профилот на Програмата, листа на поддржани проекти, контакт детали од програмските координатори во мрежата и формуларот за пријавување предлог проект можат да се најдат на веб-сајтот на ФИООМ www.soros.org.mk во делот Програми http://www.soros.mk/default.asp?lang=mak&menuid=87.



Повеќе за програмата:

Одобрени иницијативи 2008 >>>, (.pdf, 392 КБ)

Одобрени иницијативи 2009 >>>, (.pdf, 180 КБ)

Одобрени иницијативи 2010 >>>, (.pdf, 113 КБ)

Структура на проектот (формулар/пријава) >>>, (.doc, 62 КБ)

Координатори на програмата >>>, (.pdf, 79 КБ)

 
назад  
 

     © Copyright 2010, Foundation Open Society Institute - Macedonia. Web site developed by Metamorphosis - Foundation for sustainable ICT solutions