|
 |
Календар на активности Архива на календарот на активности Архива на календарот на активности
ПРОМОЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕ, 17.05.2013 ПРОМОЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕ, 17.05.2013
Преобемната настава причина за послаб училишен успех
Фондацијата Oтворено општество Македонија (ФООМ), во рамките на проектот „Програма за образование на Роми“, ко-финансиран со Детската фондација „Песталоци“, ќе ги промовира резултатите на двете најнови истражувања за состојбите со дополнителната настава во македонскиот образовен процес. Промоцијата ќе се одржи во петок, 17 мај 2013 година, во салата Дипломатик на Скопскиот саем, со почеток во 11 часот. |  |  |  |
КОНФЕРЕНЦИЈА: Унапредување на политиките во областа на истражувањата во општествените науки во РМ (14.05.2012) КОНФЕРЕНЦИЈА:
Унапредување на политиките во областа на истражувањата во општествените науки во РМ
14.05.2012
Во рамките на Регионалната програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан, Фондацијата Отворено општество – Македонија организира конференција на тема “Унапредување на политките во областа на истражувањата во општествените науки во Република Македонија“. Настанот ќе се одржи на 14 мај 2013 година (вторник), во хотелот „Холидеј Ин“, сала Милениум 1, со почеток во 11.30 часот. | |  | |  | |  | |
ПРОМОЦИЈА НА АНАЛИЗАТА „ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА?“ ПРОМОЦИЈА НА АНАЛИЗАТА „ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА?“
30.04.2013
Во организација на Фондацијата Отворено општество - Македонија на 30 април 2013 година (вторник), во хотелот „Холидеј Ин“ (Дневна сала) со почеток во 11 часот, ќе се одржи промоцијата на анализата „Шест години подоцна: распука ли ѕидот од тишина? – Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер“.
Анализата е шеста книга од едицијата “Примената на законите под лупа”, која ја публикува Правната програма на ФООМ, и претставува сублимат од неколкугодишната работа на ФООМ и практичната примена на Законот за слободен пристап до информациите. |  |  |  |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Млади од акција! ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Млади од акција!
17-ти Извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ
Фондацијата отворено општество-Македонија (ФООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) ќе одржат прес-конференција утре (четврток) 11 април 2013 година, во просториите на ГЕМ Клубот со почеток во 11 часот.
Повод за средба со новинарите е објавувањето на седумнаесеттиот извештај од следењето на процесот на пристапувањето на Република Македонија во ЕУ посветен на повторните сомнежи за злоупотреба на европските средства од страна на Националната агенција за европски образовани програми и мобилност. | |  | |  | |  | |
ТРКАЛЕЗНА МАСА: Односите меѓу Македонија и Бугарија - ЧЕТВРТО ПОЛУВРЕМЕ ТРКАЛЕЗНА МАСА: Односите меѓу Македонија и Бугарија - ЧЕТВРТО ПОЛУВРЕМЕ
06.02.2013
Фондацијата отворено општество- Македонија (ФООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) ја организираат тркалезната маса за односите меѓу Македонија и Бугарија по Европскиот совет во декември 2012 со наслов: „Односите меѓу Македонија и Бугарија- ЧЕТВРТО ПОЛУВРЕМЕ“ која ќе се одржи на 06 февруари 2013 (среда) во 11 часот во ГЕМ клубот во Старата чаршија во Скопје.
Говорници на тркалезната маса се: Димитар Бечев- Европски совет за надворешни односи- Софија; Антоанета Приматарова- Центар за либерални стратегии- Софија; Јавор Сидеров- самостоен истражувач и аналитичар- Бугарија; Љубомир Данаилов Фрчкоски- Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје; Бартоломеј Кајтази- поранешен амбасадор на РМ во Ватикан и Ирена Стефоска- Институт за национална историја- Скопје. Работни јазици на тркалезната маса ќе бидат македонски и бугарски.
Агенда (pdf) |  |  |  |
ПРОМОЦИЈА НА ИЗВЕШТАЈОТ „ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИТЕ“ ПРОМОЦИЈА НА ИЗВЕШТАЈОТ „ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИТЕ“
Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), во соработка со Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД), во рамките на проектот „Транспарентна и ефикасна децентрализација“, во 12 општини-партнери ќе го промовира извештајот насловен како „Гласот на граѓаните“ а кој што го опфаќа истражувањето за задоволството на граѓаните од општинските услуги во Република Македонија во 2012 година.
Извештајот ќе биде претставен пред општинската администрација и граѓаните во 6 општини по следниот редослед:
• 13 декември, – 14 часот, општина Илинден, сала на општина; • 14 декември, 11:00 часот, општина Велес, сала на општина; • 14 декември, 14:30 часот, општина Неготино, сала на општина; • 17 декември, 11:00 часот, општина Тетово, сала на општина; • 17 декември, 14:00 часот, општина Боговиње, сала на општина; • 18 декември, 11:00 часот, општина Струмица, Дом на АРМ; • 19 декември, 13:30 часот, општина Карпош, ОУ „Димо Хаџи Димов“ Влае (сала на наставници) • 21 декември, 12:00 часот, општина Охрид, сала на општина; • 24 декември, 14 часот, општина Куманово, сала на општина • 24 декември, 11:30 часот, општина Гостивар, сала на општина • 25 декември, 12:00 часот, општина Дебар, сала на општина. • 26 декември, 10:30 часот, општина Старо Нагоричане, сала на општина;
Извештајот на македонски јазик (.pdf) Извештајот на албански јазик (.pdf)
| |  | |  | |  | |
ДЕБАТА 20.12.2012 ДЕБАТА 20.12.2012
Во ИМЕТО на датумот – државата, медиумите и евроинтеграциите
НВО Инфоцентарот и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), утре, на 20 декември 2012 година, со почеток во 11 часот, во хотелот Бест Вестерн (сала Амбасадор), организираат двочасовната дебата: „Во ИМЕТО на датумот – државата, медиумите и евроинтеграциите“.
На дебатата ќе учествуваат: Арсим Зеколи, Малинка Јорданова, Тања Хафнер Адеми, Суад Мисини, Едмонд Адеми, Боби Христов, Борјан Јовановски, Билјана Секуловска, Ида Протуѓер, Ивана Костовска. |  |  |  |
Презентација 12.12.2012 Презентација 12.12.2012
Програмата за образование на Роми на ФООМ и УСАИД ќе ги претстават резултатите од спроведувањето на малите интреркултурни иницијативи на проектните училишта, под мотото „Ги славиме различностите“. Презентацијата ќе се одржи во хотел „Александар палас“ во 12 часот на 12.12. 2012 година | |  | |  | |  | |
ДЕБАТА 10.12.2012 ДЕБАТА 10.12.2012
По повод Денот на човековите права, 10 декември (понеделник), Фондацијата Отворено општество – Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Институтот за човекови права организираат дебата во понеделник во 12.00 часот во ГЕМ клубот на тема „Заштитениот сведок“ помеѓу правната држава и прекршувањето на човековите права. |  |  |  |
ТРКАЛЕЗНА МАСА, 30.11.2012 ТРКАЛЕЗНА МАСА, 30.11.2012
Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Ромите – состојби и предизвици
Фондација Отворено општество – Македонија, во соработка со Здружението за хумано домување Хабитат Македонија и Здружението Национален ромски центар, во петок, 30 ноември 2012 година, ја организираат тркалезната маса "Ромите и Законот за постапување со бесправно изградени објекти – состојби и предизвици". Настанот ќе се одржи во хотелот Холидеј Ин (сала Милениум 1) во Скопје, со почеток во 11 часот. | |  | |  | |  | |
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА И ДЕБАТА, 29.11.2012 ПРОМОЦИЈА НА КНИГА И ДЕБАТА, 29.11.2012
„Борбата за македонскиот идентитет 1870-1912“, од Ник Анастасовски
Во четврток, 29 ноември 2012 година, во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје, во 11 часот ќе биде промовирана книгата „Борбата за македонскиот идентитет 1870-1912“ од Ник Анастасовски. Книгата, во издание на ФООМ, ќе ја промовираат Драги Ѓоргиев, професор на Институтот за национална историја и Наташа Котлар Трајкова, професор на Институтот за национална историја.
|  |  |  |
ПРОМОЦИЈА НА АНАЛИЗА И ДЕБАТА, 28.11.2012 ПРОМОЦИЈА НА АНАЛИЗА И ДЕБАТА, 28.11.2012
„Македонската лустрација (април 1999-2012) – настани, изјави, наслови; Примена на лустрациските прописи“
На 28 ноември 2012 година, во хотелот „Холидеј Ин“ Скопје, сала „Милениум 1“, со почеток во 11 часот, ФООМ ќе ја промовира петтата анализа од едицијата „Примена на законите под лупа“, aнализата „Македонската лустрација (април 1999-2012) – Настани, изјави, наслови; Примена на лустрациските прописи“. | |  | |  | |  | |
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА И ДЕБАТА, 27.11.2012 ПРОМОЦИЈА НА КНИГА И ДЕБАТА, 27.11.2012
„Македонските деца-дедовци: Транснационалната политика на меморијата, егзилот и враќањето 1948-1998“
Во вторник, 27 ноември 2012 година, во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје, во 11 часот ќе биде промовирана книгата „Македонските деца-дедовци: Транснационалната политика на меморијата, егзилот и враќањето 1948-1998“ од Кит Браун. Книгата, во издание на ФООМ, ќе ја промовираат Катерина Мирчевска, професор на Институтот за национална историја и Иван Чаповски, писател. За своето дело ќе говори и авторот Кит Браун. |  |  |  |
ТРИБИНА, 26.11.2012 ТРИБИНА, 26.11.2012
ЧИИ СЕ НАШИТЕ ПАРИ? или КАКО СЕ УПРАВУВА СО ЈАВНИТЕ ПАРИ?
Во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од својата работа Фондацијата Отворено општество – Македонија, на 26 ноември 2012 година (понеделник), во 11:00 часот во хотелот Холидеј Ин - сала Милениум 1, ја организира трибината „Чии се нашите пари? или Како се управува со јавните пари?“. Со воведни излагања на трибината ќе се обратат Петар Гошев, поранешен гувернер на Народната банка на Македонија, Трајко Славески, поранешен министер за финансии, Ванчо Узунов - Правен факултет „Јустинијан Први” и Сеад Џигал - комуниколог. | |  | |  | |  | |
ПРОЕКЦИЈА НА ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ И ДЕБАТА, 23.11.2012 ПРОЕКЦИЈА НА ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ И ДЕБАТА, 23.11.2012
„ЧЕКАЈЌИ ГО НЕИЗБЕЖНОТО“
ФООМ, во соработка со Здружението ХОПС - Опции за здрав живот, на 23 ноември 2012 година, во ГЕМ клубот, со почеток во 13 часот, организира проекција на документарниот филм „Чекајќи го неизбежното“. Филмот, кој дава приказ на судските постапки по полициската акција „сузбивање на уличната проституција“ во 2008 година, ќе биде проследен со дискусија на тема „Криминализација на трансмисијата на ХИВ и СПИ помеѓу сексуални работници“. |  |  |  |
КОНЦЕРТ НА „ШУТКА РОМА РАП“, 22.11.2012 КОНЦЕРТ НА „ШУТКА РОМА РАП“, 22.11.2012
По одличниот настап на престижниот музички саем „Вомекс“ во Солун, „Шутка Рома Рап“ ќе одржи бесплатен концерт во клубот „Хавана“ на 22 ноември (четврток) со почеток во 21.30 часот. Фондацијата Отворено општество – Македонија во рамки на одбележувањето на својот 20-годишен јубилеј ве кани на свирка на составот што ги освои светските музички сцени. Концертот на „Шутка Рома Рап“ во клубот „Хавана“ ќе биде најава за новиот албум на кој раперите интензивно работеа оваа година. Дојдете и слушнете што ќе донесе нивното најново издание „Me sium underground“ или „Јас сум андерграунд“. Влезот е слободен, а секој посетител добива две гратис консумации! | |  | |  | |  | |
ДЕБАТА “ПОДДРШКА НА ИСТРАЖУВАЊАТА ВО ОПШТЕСТВЕНИТЕ НАУКИ – ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ“, 22.11.202 ДЕБАТА “ПОДДРШКА НА ИСТРАЖУВАЊАТА ВО ОПШТЕСТВЕНИТЕ НАУКИ – ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ“, 22.11.202
Во рамките на Регионалната програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан, Фондацијата Отворено општество – Македонија организира дискусија на тема “Поддршка на истражувањата во општествените науки – предизвици и перспективи“. Дискусијата ќе се одржи во ГЕМ клубот (Стара скопска чаршија) на 22 ноември 2012 (четврток), со почеток во 12 часот. |  |  |  |
Промоција на четвртата публикација од едицијата „Примената на законите под лупа“ „Парламентарната контрола над Владата во Република Македонија“ Промоција на четвртата публикација од едицијата „Примената на законите под лупа“
„Парламентарната контрола над Владата во Република Македонија“
Во среда, 21 ноември 2012 година, во х. Холидеј ин (сала Милениум 1) во Скопје, со почеток во 10 часот, Фондацијата Oтворено општество – Македонија ќе ја промовира анализата „Парламентарната контрола над Владата во Република Македонија“ | |  | |  | |  | |
Информативни средби за конкурсите за доделување грантови Информативни средби за конкурсите за доделување грантови за заеднички акции на граѓански организации и мали грантови за работни стипендии во граѓански организации:
• Скопје, 6 ноември 2012 (вторник), 14:30 часот, Скопски саем, Бизнис сала • Велес, 7 ноември 2012 (среда), 10:30 часот, Ликовна галерија • Штип, 7 ноември 2012 (среда), 14:30 часот, х. „Оаза“, Банкет сала • Битола, 12 ноември 2012 (понеделник), 11:30 часот, х. „Епинал“, сала 1 |  |  |  |
Промоција на книгата „господ не е голем“ од Кристофер Хичинс и дебата Промоција на книгата „господ не е голем“ од Кристофер Хичинс и дебата
Во петок, 9 ноември 2012 година, во х. Холидеј ин (сала Милениум 1) во Скопје, со почеток во 11 часот, ќе биде промовирана книгата „госпиод не е голем“ од Кристофер Хичинс. | |  | |  | |  | |
ТРКАЛЕЗНА МАСА, 02.11.2012 ТРКАЛЕЗНА МАСА, 02.11.2012
Територијалната организација во Македонија
Во рамките на студиската посета на високата делегација на Молдавија, на 2 ноември (петок) 2012 година, од 10:00 до 12:30 часот, во конференциската сала на хотел ИМПЕКСЕЛ 2 - Скопје, ќе се одржи тркалезна маса на тема: „Територијалната организација во Македонија“, на која ќе зборуваат проф. Д-р Јове Кекеновски, проф. Ризван Сулејмани, Горан Ангелов, Аце Коцевски и други експерти кои активно учествувале во процесот на административна и територијална организација на Република Македонија.
Настанот е дел од проектот „Обезбедување трансформации преку спроведување административно - територијални реформи“ на Институтот за динамичен развој "Сфера Нова", поддржан од програмата East-East Beyond Borders на ФОО. |  |  |  |
Јавна дебата на ГЕМ во Прилеп Јавна дебата на ГЕМ во Прилеп
Иницијативата „Граѓани за Eвропска Македонија“, во четврток, 18 октомври 2012 година, во 20 часот, во х. „Кристал Палас“ во Прилеп, организира јавна дебата на тема „Духот на слободата“. На дебатата со граѓаните ќе разговараат Роберто Беличанец, Мерсел Билали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски. | |  | |  | |  | |
Јавна дебата на ГЕМ во Крива Паланка Јавна дебата на ГЕМ во Крива Паланка
Иницијативата „Граѓани за Eвропска Македонија“, во среда, 10 октомври 2012 година, во 20 часот, во х. „Турист“ во Крива Паланка, организира јавна дебата на тема „Духот на слободата“. На дебатата со граѓаните ќе разговараат Роберто Беличанец, Мерсел Билали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски. |  |  |  |
Јавна дебата на ГЕМ во Кавадарци 04.10.2012 Јавна дебата на ГЕМ во Кавадарци
Иницијативата „Граѓани за Eвропска Македонија“, во четврток, 4 октомври 2012 година, во 20 часот, во спортската сала „Јасмин“ (ресторан „Јасмин“) во Кавадарци, организира јавна дебата на тема „Духот на слободата“. На дебатата со граѓаните ќе разговараат Роберто Беличанец, Мерсел Билали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски. | |  | |  | |  | |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, 27.09.2012 ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, 27.09.2012
Правната програма на Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ) на 27 септември 2012 година, во ГЕМ клубот, со почеток во 10 часот, ќе одржи прес-конференција по повод 28 септември, Меѓународниот ден на правото на слободен пристап до информациите (Right to Know Day). На прес конференцијата ќе бидат изнесени наодите од истражувањето на ФООМ за состојбите со правото на слободниот пристап до информации од јавен карактер во Република Македонија, шест години по донесувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. |  |  |  |
Дебата: Оценки за Пристапниот дијалог на високо ниво ДЕБАТА, 18.09.2012
Оценки за Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН): Како досега, а како отсега?
Во организација на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), на 18 септември 2012 година, во вторник, во 11 часот, во ГЕМ клубот (Менада, Стара чаршија), ќе се одржи дебатата Оценки за Пристапниот дијалог на високо ниво: Како досега, а како отсега? | |  | |  | |  | |
Втора форумска сесија во Kaрпош ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“ - Втора форумска сесија во Kaрпош
Општина Карпош - втората форумска сесија ќе се одржи на 27 јуни 2012 год. (среда) во Основното училиште „Лазо Трповски, со почеток во 11:00 часот.
Дневен ред |  |  |  |
ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“ - Втора форумска сесија во Липково ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“ - Втора форумска сесија во Липково
Општина Липково - втората форумска сесија ќе се одржи на 20 јуни 2012 год. (среда) во ресторанот „Арбериа“, со почеток во 15:00 часот. | |  | |  | |  | |
Јавна дискусуија на Нацрт четвртиот периодичен извештај на Република Македонија по Меѓународниот пакт за граѓански и политички права Јавна дискусија на Нацрт четвртиот периодичен извештај на Република Македонија по Меѓународниот пакт за граѓански и политички права
Хотел „Арка“ Скопје 20 јуни (среда) 2012 година, со почеток во 10 часот |  |  |  |
Прва форумска сесија во Карпош ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“ - Прва форумска сесија во Карпош
Во рамките на Програмата „Форуми во заедницата“, првата форумска сесија во општина Карпош ќе се одржи во Основното училиште „Лазо Трповски“,на 13 јуни 2012, во 12 часот.
Дневен ред | |  | |  | |  | |
Први форумски сесии во Липково и Карпош Општина Липково - првата форумска сесија ќе се одржи на 8 јуни 2012 год. (петок) во ресторанот „Арбериа“, со почеток во 15:00 часот.
Општина Карпош - првата форумска сесија ќе се одржи на 13 јуни 2012 год.(среда) во ОУ „Лазо Трповски“, со почеток во 12:00 часот. |  |  |  |
ДЕБАТА: ПАРИ И ДИЈАЛОГ НА ВИСОКО НИВО ДЕБАТА: ПАРИ И ДИЈАЛОГ НА ВИСОКО НИВО
НВО Инфоцентарот, Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), на 12 јуни 2012 година, во вторник, во 12 часот, во ГЕМ клубот (Менада, Стара чаршија), ја организираат двочасовната дебата: „Пари и дијалог на високо ниво“.
Панелисти на дебатата ќе бидат: Васко Попетрески, Едмонд Адеми, Тања Хафнер Адеми, Ида Протуѓер, Анета Додевска, Лидија Димова, Фани Каранфилова Пановска и Билјана Бејкова, а модератор ќе биде Бојан Марчиќ. | |  | |  | |  | |
ПРЕС-КОНФЕРЕНИЈА: 12-ТИ ИЗВЕШТАЈ ОД СЛЕДЕЊЕТО НА ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ ПРЕС-КОНФЕРЕНИЈА: 12-ТИ ИЗВЕШТАЈ ОД СЛЕДЕЊЕТО НА ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ
Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) ќе одржат прес-конференција на 1 јуни 2012 година, во просториите на НВО Инфоцентарот, со почеток во 11 часот. Повод за средба со новинарите е дванаесеттиот извештај од следењето на процесот на пристапувањето на Македонија во ЕУ посветен целосно на Инструментот за претпристапна помош (ИПА). На прес-конференцијата ќе говорат Лидија Димова од МЦЕО и Фани Каранфилова-Пановска од ФООМ. |  |  |  | Промоција на третата публикација од едицијата „Примената на законите под лупа“
Промоција на третата публикација од едицијата „Примената на законите под лупа“ „Извештај во сенка за комисија во сенка - Извештај за работата на Комисијата за заштита од дискриминација во првата година од нејзиното постоење“
Хотел „Холидеј Ин“ Скопје, сала „Милениум 2“ 23 мај (среда) 2012 година | |  | |  | |  | |
Информативни средби Информативни средби Конкурс за доделување грантови на граѓански организации Проект на УСАИД за граѓанско општество
· Гевгелија, 14 мај 2012 (понеделник), 11:00 часот, Пионерски дом · Струмица, 14 мај 2012 (понеделник), 15:00 часот, Дом на АРМ · Скопје, 15 мај 2012 (вторник), 14:00 часот, х. „Александар палас“, Конгресна сала 2 · Велес, 16 мај 2012 (среда), 11:00 часот, Ликовна галерија · Штип, 16 мај 2012 (среда), 15:00 часот, х. „Оаза“, Банкет сала · Кичево, 17 мај 2012 (четврток), 11:00 часот, х. „Унион“ · Струга, 17 мај 2012 (четврток), 15:00 часот, х. „Дрим“, Пијано бар сала · Битола, 21 мај, 2012 (понеделник), 12:00 часот, х. „Милениум“, Горна сала |  |  |  |
ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА „ЧАЧИПЕ ЗА МЛАДИТЕ“ ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА „ЧАЧИПЕ ЗА МЛАДИТЕ“
Во организација на „Фондациите Отворено општество“, „Фондацијата Отворено општество – Македонија“ и Општина Кочани, во среда, 25 април 2012 година, во НУ центар за култура „БЕЛИ МУГРИ“ Кочани во 13 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Чачипе за младите“.
На изложбата ќе бидат прикажани фотографии од Меѓународниот конкурс за фотографија „Чачипе за младите“ од млади автори од дванаесет земји, дел од Декадата за вклучување на Ромите. Низ објективот на младите луѓе е прикажана софистицирана и суптилна слика на најголемото етничко малцинство во Европа – Ромите. Општина Кочани ја вклучува изложбата во рамките на програмата Град на културата 2012. | |  | |  | |  | |
Промоција на втората анализа од едицијата „Примената на законите под лупа“ Промоција на втората анализа од едицијата „Примената на законите под лупа“
Анализа 2: „Прекршочен орган – позитивна реформа“
Хотел „Холидеј Ин“ Скопје, сала „Милениум 1“
23 април (понеделник) 2012 година, 11 часот. |  |  |  |
ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ШТАЗИЛЕНД“ И ДЕБАТА
Во четврток, 5 април 2012 година, во ГЕМ клубот во Скопје, во 12 часот ќе биде промовирана книгата „Штазиленд“ од Ана Фандер. Книгата, во издание на ФООМ, ќе ја промовираат Ѓунер Исмаил од Форум - Центар за стратегиски истражувања и документација и Фросина Ташевска Ременски, професор на Факултетот за безбедност. Домаќин на дебатата, на која ќе се проговори и за последиците од процесот на лустрацијата во Македонија ќе биде Владимир Милчин, извршен директор на ФООМ. | |  | |  | |  | |
ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА „ЧАЧИПЕ ЗА МЛАДИТЕ“ ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА „ЧАЧИПЕ ЗА МЛАДИТЕ“ Во организација на „Фондациите Отворено општество“, „Фондацијата Отворено општество – Македонија“ и Амбасадата на Унгарија во Скопје, во петок, 6 април 2012 година, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје (Кеј „Димитар Влахов“ бб), во 11 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Чачипе за младите“. На изложбата ќе бидат прикажани фотографии од Меѓународниот конкурс за фотографија „Чачипе за младите“ од млади автори од дванаесет земји, дел од Декадата за вклучување на Ромите. Низ објективот на младите луѓе е прикажана софистицирана и суптилна слика на најголемото етничко малцинство во Европа – Ромите.
Преземете ја поканата на - македонски - ромски - англиски
|  |  |  |
Промоција „Бајка или реалност“ - Бесплатната правна помош во Република Македонија Промоција „Бајка или реалност“ - Бесплатната правна помош во Република Македонија
Во петок, 6 април 2012, во хотелот Холидеј Ин, (сала: Скала 1) со почеток од 11:00 часот ќе биде промовирана анализата „Бајка или реалност“ - Бесплатната правна помош во Република Македонија. Анализата е резултат од набљудувањето на примената на Законот за бесплатна правна помош во 2011 година што го спроведоа Фондацијата Отворено оптшество-Македонија и Македонското здружение на млади правници.
Преземте ја програмата. | |  | |  | |  | |
Дискусија на тема: Какви научни истражувања и настава овозможува новиот Закон за високо образование? Покана за дискусија на тема: Какви научни истражувања и настава овозможува новиот Закон за високо образование? Главен говорник: Проф. Др. Маја Бојаџиевска (Филолошки факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј) Соговорник: Проф. Др. Билјана Секуловска-Габер (Економски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј) Место: Клуб ГЕМ (Кафе Менада, Стара скопска чаршија) Време: 30 март 2012 (петок), 13 часот Активноста се спроведува во рамките на Регионалната програма за поддршка на истражувања во Западен Балкан (www.rrpp-westernbalkans.net)
Преземете ја поканата |  |  |  |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА „Покана за недостапните граѓани Зоран Ставрески и Александар Бичиклиски“ ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА „Покана за недостапните граѓани Зоран Ставрески и Александар Бичиклиски“
На 26 март (понеделник) 2012 г., пред Основниот Суд 1 во Скопје, членовите на иницијативата Граѓани за Европска Македонија (ГЕМ): Роберто Беличанец, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски, ќе одржат прес-конференција, со почеток во 14.30 часот. | |  | |  | |  | |
Промоција „Повеќе труд за подобар суд - судската заштита на човековите права во управен спор“ На 12 март 2012 година, во хотелот „Холидеј Ин“ со почеток во 11 часот Фондацијата Отворено општество - Македониаја ќе ја промовира анализата „Повеќе труд за подобар суд - судската заштита на човековите права во управен спор“.
Ова е првата публикација од едицијата „Примената на законодавството под лупа“. |  |  |  |
Работна средба - Што има ново? На 6 март (вторник), 2012 од 11 до 15 часот во х. „Holiday Inn“, сала Милениум 1, Скопје ќе се одржи работна средба на тема: ШТО ИМА НОВО? Дискусија и консултација за препораки на НВО за унапредување на текстот и решенијата предвидени со Предлогот – Стратегија за соработка на Владата на РМ со граѓанскиот сектор (2012-2017) – верзии од 15 и 27 февруари, 2012.
| |  | |  | |  | |
Петта форумска сесија во Босилово ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА” Петта форумска сесија во Босилово
На 23 февруари 2012 година, со почеток од 18.00 часот, во просториите на ОУ „Гоце Делчев“ во Босилово, ќе се одржи петтата форумска сесија. На оваа сесија ќе се презентираат финалните предлог проекти подготвени од работните групи, а учесниците на форумот ќе гласаат за избор на проектите кои ќе бидат финансирани од проектниот фонд.
Агенда |  |  |  |
Промоција на годишен извештај 15.02.2012 На ден 15 февруари (среда) со почеток во 11:00 часот во хотелот Арка, Фондацијата Отворено општество - Македонија и Транспарентност Македонија, ќе ги промовираат резултатите од Годишниот извештај: „Транспарентност во финансирањето на политичките партии“. | |  | |  | |  | |
Четврта форумска сесија во Босилово ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА” Четврта форумска сесија во Босилово
На 25 јануари 2012, во општина Босилово со почеток од 17.00 часот, во просториите на ОУ Гоце Делчев, Босилово, ќе се одржи четвртата форумска сесија во рамките на Проектните форуми. На оваа сесија ќе се презентираат предлог проектите кои беа подетално разработени помеѓу двете сесии.
Агенда |  |  |  |
Зборно место „Соучесници во злосторот“ Зборно место „Соучесници во злосторот“
На 19 јануари 2012 год. (четврток) со почеток во 12 часот во ГЕМ клубот ќе се одржи дебата од циклусот Зборно место на тема „Соучесници во злосторот“. На дебатата, чиј домаќин е Жарко Трајаноски, ќе говорат Мирјана Најчевска и Александар Нешкоски.
ПОВЕЛЕТЕ! | |  | |  | |  | |
ПОТПИШУВАЊЕ ДОГОВОР МЕЃУ ФООМ, НРЦ И ХАБИТАТ ПОТПИШУВАЊЕ ДОГОВОР МЕЃУ ФООМ, НРЦ И ХАБИТАТ
Фондација Отворено општество - Македонија (ФООМ), Националниот ромски центар (НРЦ) и Здружението за хумано домување Хабитат – Македонија ќе потпишат трипартитен Договорот за соработка, за имплементација на проектот „Легализација на домувањето за Роми (2012-2015)“. Јавното потпишување ќе се одржи во среда, 18.01.2012, во 11.30 часот во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија. |  |  |  |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Истражување за задоволството на граѓаните од општинските услуги ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Истражување за задоволството на граѓаните од општинските услуги
На 26 декември 2011 година (понеделник), во 11 часот, во просториите на НВО Инфоцентарот, Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД) ќе одржат прес-конференција на која ќе ги презентираат наодите од спроведеното истражување за задоволството на граѓаните од услугите кои ги добиваат на локално ниво. Истражувањето беше спроведено од страна на професионална агенција за истражување на јавното мислење, во рамките на проектот „Транспарентна и ефикасна децентрализација“, кој ФООМ и ЦРЛД го спроведуваат од август 2010 година во соработка со дванаесет партнер-општини. | |  | |  | |  | |
Трибина во Прилеп, 21.12.2011 Трибина во Прилеп, 21.12.2011 КАДЕ СЕ ЕВРОПСКИТЕ ПАРИ
Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ), Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и НВО Инфоцентарот организираат трибина на тема „Каде се европските пари?“. Фокусот на трибината ќе биде врз финансиските инструменти што Република Македонија ги има на располагање во процесот на приближување кон Европската унија, а особен акцент ќе биде ставен врз можностите за локален развој што ги нудат фондовите. Трибината ќе се одржи на 21 декември 2011 година (среда), во хотелот Кристал Палас, во Прилеп, со почеток во 12 часот. Воведничари ќе бидат Џевдет Хајредини, економист; Борче Чупетрески, бизнисмен; Анета Додевска,од ТВ 24 вести и Лидија Димова од МЦЕО, а трибината ќе ја модерира Бојан Маричиќ. |  |  |  |
Трибина во Битола, 20.12.2011 Трибина во Битола, 20.12.2011 КАДЕ СЕ ЕВРОПСКИТЕ ПАРИ
Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ), Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и НВО Инфоцентарот, организираат трибина на тема „Каде се европските пари?“. Трибината ќе се одржи на 20 декември 2011 година (вторник) во хотелот Милениум, во Битола, со почеток во 12 часот. Воведничари ќе бидат Џевдет Хајредини, економист; Ида Протугер,од ТВ Алфа и Лидија Димова од МЦЕО, а трибината ќе ја модерира Бојан Маричиќ.
Фокусот на трибината ќе биде врз финансиските инструменти што Република Македонија ги има на располагање во процесот на приближување кон Европската унија, а особен акцент ќе биде ставен врз можностите за локален развој што ги нудат фондовите. | |  | |  | |  | |
Трета форумска сесија во Босилово ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА” Трета форумска сесија во Босилово
Третата сесија на проектниот форум во општина Босилово ќе се одржи на 15 декември 2011 година, во 18 часот, во просториите на ОУ „Гоце Делчев“. На оваа сесија, работните групи ќе ги претстават предлог решенијата на дефинираните проблеми на тема образование и култура. |  |  |  |
Зборно место 15.12.2011 Во четврток, 15 декември 2011, со почеток во 19. 30 часот, во ГЕМ Клубот, во рамки на циклусот Зборно место ќе се одржи дебата на тема „Стратегии на отпорот - од културен активизам до нови модели на општествено дејствување“. Домаќин на дебатата е Искра Гешоска, а нејзини гости ќе бидат Теодор Целакоски, од иницијативата Право на град од Загреб и Емина Вишниќ, раководител на првата хибридна институција во регионот, Погон - Центар за независна култура и млади од Загреб.
ПОВЕЛЕТЕ! | |  | |  | |  | |
Зборно место: Процес „Љубе Бошковски“ на 13 декември во 12 ч. во ГЕМ Клуб Зборно место: Процес „Љубе Бошковски“ на 13 декември во 12 ч. во ГЕМ Клуб
На 13 декември (вторник) 2011 г., со почеток во 12 часот, во ГЕМ Клубот ќе се одржи дебата од циклусот „Зборно место“ на тема „Процес ’Љубе Бошковски’“.
На дебатата, чиј домаќин е Жарко Трајаноски, ќе говорат Виолета Бошковска, Мирјана Најчевска и Гордан Калајџиев.
ПОВЕЛЕТЕ! |  |  |  |
ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА” ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА”
Петта форумска сесија во Боговиње
Петтата сесија на буџетскиот форум во општина Боговиње ќе се одржи на 9 декември 2011 година, во ресторанот Флоар во Боговиње, со почеток во 14 часот. На оваа сесија граѓаните на општина Боговиње ќе имаат можност да гласаат за избор на програма и проекти кои ќе бидат финансирани од проектниот фонд во вкупен износ од 4.800.000,00 денари (2.400.000,00 денари од буџетот на општина Боговиње и 2.400.000,00 денари од Швајцарската агенција за развој и соработка).
Дневен ред | |  | |  | |  | |
ДЕБАТА ВО ГЕМ Клубот, 10.12.2011 ДЕБАТА ВО ГЕМ Клубот, 10.12.2011
Правните и политичките прашања поврзани со пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
На 10 декември (сабота), 2011 година, во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, со почеток во 11.30 часот, ќе се одржи дебата на тема „Правните и политичките прашања поврзани со пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг“. Воведничари на дебатата ќе бидат Мерсел Биљали, Љубчо Георгиевски, Александар Димитров и Љубомир Фрчкоски. Дебатата ја организираат граѓанските иницијативи Граѓани за европска Македонија и Г21.
|  |  |  |
Четрвта форумска сесија во Боговиње ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА” Четврта форумска сесија во Боговиње
Четвртата сесија на буџетскиот форум во општина Боговиње ќе се одржи во на 30 ноември 2011, во ресторанот Елита, во село Камењане, со почеток во 14 часот, а ќе се дискутира за расходите на општина Боговиње за 2012 година за програмите образование и екологија.
Дневен ред | |  | |  | |  | |
Втора форумска сесија во Босилово ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА” Втора форумска сесија во Босилово
Втората сесија на проектниот форум во општина Босилово ќе се одржи на 30 ноември 2011 во 18 часот во просториите на ОУ „Гоце Делчев“, на тема образование и култура.
Агенда |  |  |  |
Петта форумска сесија во Гостивар ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА” Петта форумска сесија во Гостивар
Петтата сесија на буџетскиот форум во Гостивар ќе се одржи на 29 ноември 2011 година, ресторанот Цвет, со почеток во 13 часот. На оваа сесија граѓаните на општина Гостивар ќе имаат можност да гласаат за избор на програма и проектите кои ќе бидат финансирани од проектниот фонд во вкупен износ од 4.800.000,00 денари (2.400.000,00 денари од буџетот на општина Гостивар и 2.400.000,00 денари од Швајцарската агенција за развој и соработка).
Агенда | |  | |  | |  | |
Промоција на публикација Промоција на публикација
„Невидливи за општеството - Проценка на подготвеноста за ратификација на Конвенцијата за правата на лицата со попречености“
Фондацијата Отворено општество – Македонија на 25 ноември 2011 година, со почеток во 10 часот, во хотелот Александар палас, ќе ја промовира публикацијата под наслов „Невидливи за општеството - Проценка на подготвеноста за ратификација на Конвенцијата за правата на лицата со попречености“. Воведни зборови за Конвенцијата и за искуствата на другите земји при ратификацијата на Конвенцијата, ќе даде член на Комитетот за правата на лицата со попречености при Обединетите нации, г – дин Дамјан Татиќ. |  |  |  |
Тркалезна маса: Транспарентност во финансирањето на политичките партии ТРКАЛЕЗНА МАСА: ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ
На 17 ноември (четврток), во хотелот Холидеј Ин (Дневна сала) со почеток во 11.00 часот, Транспарентност Македонија и Фондацијата Отворено општество - Македонија организираат тркалезна маса на тема: „Транспарентност во финансирањето на политичките партии“, на која ќе биде презентиран периодичниот извештај од истражувањето во рамките на истоимениот проект. | |  | |  | |  | |
Четврта форумска сесија во Гостивар 16.11.2011 Четврта форумска сесија во Гостивар 16.11.2011 Програма „Форуми во заедницата“ На 16 ноември, 2011 (среда) во Гостивар ќе се одржи четвртата сесија на буџетскиот форум на Општина Гостивар. Сесијата ќе се одржи во ресторанот „Цвет“, со почеток во 13 часот.
На форумската сесија ќе се дискутира за расходите на општина Гостивар за 2012 година, и тоа за програмите: уредување на градежно земјиште (капитални расходи), изградба и реконструкција на улици и патишта, изградба на системи за водоснабдување и канализација, одржување и уредување на паркови и зеленила (презентација, дискусија и предлози од граѓаните).
Дневен ред македонски | албански |  |  |  |
Конференција „MK vs. EU или MK@EU“ Конференција „MK vs. EU или MK@EU“
Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) на 8 ноември 2011 година (вторник) во хотелот Холидеј Ин во Скопје со почеток во 11.00 часот ќе организираат конференција на тема „MK vs. EU или MK@EU“, која во фокусот ќе го има Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2011 година и особено настаните кои следеа по неговото објавување. | |  | |  | |  | |
Трета форумска сесија во Боговиње ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА”
Трета форумска сесија во Боговиње
На 4 ноември 2011 со почеток од 15.00 часот, во с. Пирок- општина Боговиње, ќе се одржи третата форумска сесија на која ќе се дискутира за расходите на буџетот на општината во 2011 и за планираните расходи за 2012 година за програмите инфраструктура и економија. |  |  |  |
Прва форумска сесија во Босилово ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА”
Прва форумска сесија во Босилово
На 2 ноември 2011, во општина Босилово со почеток од 18.00 часот, во просториите на ОУ „Гоце Делчев“, Босилово, ќе започне првата форумска сесија во рамките на Проектните форуми. Поканети се сите жители на општина Босилово кои во соработка со општината ќе дискутираат и ќе изберат една тема од предложените теми/области која ќе ја проценат како најзначајна за нив, а потоа на следните форумски сесии подлабоко ќе навлезат во неа, утврдувајќи конкретни проблеми и предлагајќи решенија. На оваа сесија ќе се формираат работните маси, ќе се усвојат правилата на работа и ќе се определи динамиката на работа за време на сите форумски сесии.
Дневен ред | |  | |  | |  | |
Студиска посета 24-28.10.2011 Во рамки на меѓународна иницијатива Општо и предучилишно образование за деца Роми, меѓу 24-28 октомври ќе се одржи студиска посета на 14 претставници на релевантни државни институции и НВОа профилирани во проблематиката на образованието на Роми од Украина. Партнерот на ФООМ, Дендо Вас од Скопје и гостите од Украина ќе имаат работни средби со соодветните нивни колеги од Македонија. |  |  |  |
Работилница 14-18.10.2011 Во период од 14ти до 19ти октoмври во Скопје (плато пред Стоковна куќа Мост и ГЕМ клуб) се организира работилница „Оживување на плоштадите на Западниот Балкан“. Настанот е во партнерство на Коалцијата за одржлив развој - КОР од Скопје, Експедитио од Котор и КО-План од Тирана. Работилницата е поддржана од програмата Исток-Исток: Прекугранични партнерства на ФООМ.
| |  | |  | |  | |
Втора форумска сесија во општина Боговиње 14.10.2011 Програма „Форуми во заедницата“
Втора форумска сесија во општина Боговиње
На 14 октомври, 2011 (петок) во општина Боговиње ќе се одржи втората сесија на буџетскиот форум на општината. Сесијата ќе се одржи во ресторанот „Елита“ во село Камењане, со почеток во 15 часот.
Агенда |  |  |  |
Втора форумска сесија во Гостивар 12.10.2011 Програма „Форуми во заедницата“
Втора форумска сесија во Гостивар
На 12 октомври, 2011 (среда) во Гостивар ќе се одржи втората сесија на буџетскиот форум на Општина Гостивар. Сесијата ќе се одржи во ресторанот „Цвет“, со почеток во 13 часот.
Агенда | |  | |  | |  | |
Промоција 7.10.2011 Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД) и Фондацијата Отворено општество - Македонија на 7.10.2011 година (петок) ќе ги промовираат двата извештаи од следењето на процесот на децентрализацијата во РМ во областите финансии, образование, урбанизам и локален економски развој, подготвени во рамките на проектот „Транспарентна и ефикасна децентрализација“. Настанот ќе се одржи во хотелот „Best Western“, со почеток во 11.00 часот. |  |  |  |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, 6.10.2011 ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, 6.10.2011
Медиумско огледало
По повод објавувањето на последниот извештај од мониторингот на медиуми „Медиумско огледало“, насловен „Има ли кој да ја турка европската агенда во Македонија?“, НВО Инфоцентарот и Македонскиот центар за европско образование ќе одржат прес-конференција на 6 октомври 2011 година, во просториите на НВО Инфоцентрот, со почеток во 11.30 часот. Проектот се реализира со финансиска поддршка на ФООМ. | |  | |  | |  | |
Прес-конференција 29.09.2011 Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) и Фондацијата Отворено општество - Македонија ќе одржат прес конференција во четврток, 29.09.2011 год. во х.„Holiday Inn“ во Скопје. Повод за средбата со новинарите е презентација на двата извештаи од мониторингот на јавните набавки во РМ за периодот јануари - јуни 2011 година, спроведен во рамките на проектот Транспарентност во трошењето на јавните пари. |  |  |  |
Прес-конференција 27.09.2011 Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) ќе одржат прес-конференција (вторник) 27. 09. 2011 година, во просториите на НВО Инфоцентарот, со почеток во 10.30 часот.
Повод за средба со новинарите е десеттиот извештај од следењето на процесот на пристапувањето на Македонија во ЕУ, изработен во рамките на проектот „Accession Watch 2011“. | |  | |  | |  | |
Прва форумска сесија во Гостивар Програма „Форуми во заедницата“ Прва форумска сесија во Гостивар
На 20 септември, 2011 (вторник) во Гостивар ќе се одржи првата сесија на буџетскиот форум на Општина Гостивар. На сесијата ќе се презентира процесот на буџетирање и структурата на буџетот на општината, ќе се утврди структурата на форумот и правилата за работа и ќе се дискутира за приоритетите за развој на општината Гостивар за 2012 година. Сесијата ќе се одржи во ресторанот „Цвет“, со почеток во 13 часот.
Агенда |  |  |  |
Прва форумска сесија во Боговиње 23.09.2011 Програма „Форуми во заедницата“ Прва форумска сесија во Боговиње На 23 септември, 2011 (петок) во Боговиње ќе се одржи првата сесија на буџетскиот форум на општината. На сесијата ќе се утврди структурата на форумот и правилата за работа и ќе се дискутира за приоритетите за развој на општината за 2012 година. Сесијата ќе се одржи во ресторанот „Флоар“, со почеток во 16 часот. | |  | |  | |  | |
Промоција на книга На 9 септември 2011 год. (петок) со почеток во 20.30 часот во ГЕМ Клубот ќе се одржи промоција на книгата „ЛОГИКАТА НА ЈАЗИКОТ“ од Анета Маркоска Чубриновска. Книгата е во издание на издавачката куќа АЗ-БУКИ, а промотор ќе биде проф. д-р Ана Димишковска.
Повелете! |  |  |  |
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА 25.08.2001 ПРОМОЦИЈА НА КНИГА
Во четврток (25.08.2011) во 21 часот, во ГЕМ Kлубот во Старата скопска чаршија ќе се одржи промоција на книгата на Анастас Вангели „Античка сегашност: осврт кон грчко-македонскиот спор за Александровото наследство“. Промотори на книгата се Ирена Стефоска, Жарко Трајаноски и Владимир Милчин. | |  | |  | |  | |
ЗБОРНО МЕСТО ВО ГЕМ КЛУБ НА 25 АВГУСТ 2011 ВО 12 Ч. ЗБОРНО МЕСТО ВО ГЕМ КЛУБ НА 25 АВГУСТ 2011 ВО 12 Ч.
На 25 август (четврток) 2011 година со почеток во 12 часот, во ГЕМ Клубот во Старата скопска чаршија, ќе се одржи дебата на тема „Манипулации со лустрацијата“’. Домаќин на дебатата е Мерсел Биљали, а негов гостин Владимир Пивоваров.
ПОВЕЛЕТЕ! |  |  |  |
ЗБОРНО МЕСТО ВО ГЕМ КЛУБ НА 11 АВГУСТ 2011 ВО 12 Ч. ЗБОРНО МЕСТО ВО ГЕМ КЛУБ НА 11 АВГУСТ 2011 ВО 12 Ч.
На 11 август (четврток) 2011 година во ГЕМ Клубот во Старата скопска чаршија, со почеток во 12 часот ќе се одржи тркалезна маса на тема „Злоупотреба на лустрацијата“’. На тркалезната маса, чиј домаќин е Жарко Трајаноски, ќе говорат Стојан Андов, Ким Мехмети и Фросина Ременски.
ПОВЕЛЕТЕ! | |  | |  | |  | |
Проекција на филм и дебата во ГЕМ Клуб, 30.06.2011, 19.00 часот Проекција на филм и дебата во ГЕМ Клуб, 30.06.2011, 19.00 часот
Проекција на епизода од документарниот циклус на BBC за францускиот пацифист и банкар Албер Кан, кој во првата половина од дваесетиот век создал огромна фотографска архива за планетата, со цел да промовира мир и да ја документира културната разновидност во светот. Колекцијата за Европа го овековечува појавувањето на големите унифицирани национални култури, заради кои исчезнува богатиот мозаик на регионални јазици и локални идентитети ширум континентот.
Процесот на создавање нации е особено комплексен на Балканот и фотографиите на Кан, токму тоа го покажуваат. Националното обединување по примерот на Западна Европа има катастрофален ефект за луѓето од османлиска Македонија, но чудесните фотографии одново ни го откриваат исчезнатиот космополитски дух на овој дел од континентот.
По завршување на проекцијата, следува дискусија. |  |  |  | Мини-концерт на „Шутка рома рап“ на 26 јуни
Мини-концерт на „Шутка рома рап на 26 јуни
Скопскиот етно хип-хоп состав „Шутка Рома рап“ пред да замине на настап на реномираниот музички фестивал „Роскилде фестивал“ во Данска (http://roskilde-festival.dk/uk/bands/singleband/shutka-roma-rap/ ), во недела (26 јуни) во 22 часот ќе одржи мини-концерт за скопската публика во арт-кафето „Менада“ во Старата скопска чаршија.
„Шутка Рома рап“ е името под кое настапуваат четворица од раперите кои беа дел од цедето „Шутка моето родно место“, а кои на сите живи свирки се придружувани од бенд. По успехот на цеде компилацијата која ја издаде Фондацијата Отворено општество – Македонија, следеа настапите во Белград, Загреб и Виена по што ќе следува и појавувањето на 1 јули на „Роскилде фестивал“. Инаку на патот до Данска, раперите Ne-Li, Al-Alion, Error и Fat Joe ќе ги споделат своите рими и на фестивалот „Домбош Фест“ (http://www.dombosfest.org/ ) во Мали Иѓош (Србија), на кој ќе настапува и нашиот познат гитарист Влатко Стефановски. „Шутка Рома рап“ на 11 август ќе настапи и на фестивалот „Зигет“ во Будимпешта, Унгарија.
| |  | |  | |  | |
Филм Птица „Птица“ во режија на Клинт Иствуд на 21 јуни во 21 часот во ГЕМ клубот
Овој филм посветен на легендарниот џез-саксофонист, Чарли Паркер, е добитник на повеќе награди, меѓу кои Златниот глобус за најдобра режија, наградата за најдобар актер на Канскиот филмски фестивал, како и Оскарот за најдобар звук во 1989 година. Импресивната филмска студија за животот и музиката на Паркер кој го носел прекарот “Птица“ почнува од неговото детство во Канзас Сити, преку неговиот брак со Чан Ричардсон, прекумерната конзумација на дрога и алкохол, па сè до неговата прерана смрт на 34-годишна возраст.
|  |  |  |
Демократска Македонија „Птица“ во режија на Клинт Иствуд на 21 јуни во 21 часот во ГЕМ клубот
Овој филм посветен на легендарниот џез-саксофонист, Чарли Паркер, е добитник на повеќе награди, меѓу кои Златниот глобус за најдобра режија, наградата за најдобар актер на Канскиот филмски фестивал, како и Оскарот за најдобар звук во 1989 година. Импресивната филмска студија за животот и музиката на Паркер кој го носел прекарот “Птица“ почнува од неговото детство во Канзас Сити, преку неговиот брак со Чан Ричардсон, прекумерната конзумација на дрога и алкохол, па сè до неговата прерана смрт на 34-годишна возраст.
| |  | |  | |  | |
Проекција на „Пети Смит: сон на животот“ во ГЕМ клуб на 14 јуни во 21 часот Проекција на „Пети Смит: сон на животот“ во ГЕМ клуб на 14 јуни во 21 часот
Документарниот филм „Пети Смит: сон на животот“ на режисерот Стивен Себринг ќе биде прикажан на 14 јуни 2011 година во ГЕМ клубот со почеток во 21 часот. Снимен во период од единаесет години, долгометражниот деби филм на уметникот и фотограф Стивен Себринг претставува оригинален и интимен портрет на легендарната пејачка, музичарка, поетеса и активистка.
Трејлер
|  |  |  |
ЗБОРНО МЕСТО ВО ГЕМ КЛУБ НА 9 ЈУНИ ВО 12 ЧАСОТ ЗБОРНО МЕСТО ВО ГЕМ КЛУБ НА 9 ЈУНИ ВО 12 ЧАСОТ
На 9 јуни (четврток), 2011 година, во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, со почеток во 12.00 часот, ќе се одржи тркалезната маса „Ден потоа – насилниците во акција!“. На тркалезната маса, чиј домаќин е Жарко Трајаноски, ќе говорат Голуб Ангелов, Виолета Бошкоска, Џабир Дерала, Славчо Димитров, Осман Кадриу, Борис Каески, Маргарита Цаца Николовска и Мирослава Симоновска. | |  | |  | |  | |
„Проба на оркестарот“ во ГЕМ клубот на 7 јуни во 21 часот „Проба на оркестарот“ во ГЕМ клубот на 7 јуни во 21 часот
„Проба на оркестарот“, контроверзниот филм на Федерико Фелини од 1978 година, ќе биде прикажан во ГЕМ клубот на 7 јуни 2011 година во 21 часот. Оркестарот, под палка на германски диригент, доаѓа во стара римска капела на проба, каде ТВ екипа снима документарен филм. Диригентот се жали на непочитување на авторитетот, додека музичарите сè повеќе почнуваат да го покажуваат своето мислење и стануваат непослушни. Раштиманиот оркестар е одлична метафора за опасното хаотично општество во кое живееме.
Трејлер
|  |  |  |
ФИНАЛЕН НАСТАН НА КАМПАЊАТА „ГЛАСАМ“ – 3 ЈУНИ, 18 ЧАСОТ ФИНАЛЕН НАСТАН НА КАМПАЊАТА „ГЛАСАМ“ – 3 ЈУНИ, 18 ЧАСОТ
На платото пред Фонтаната во Градскиот парк во Скопје, на 3 јуни (петок), 2011 година, во 18 часот, ќе започне завршниот настан на кампањата за поттикнување на граѓаните „Гласам“. На настанот ќе бидат промовирани најдобрите видео клипови и постери од конкурсот „Зошто Гласам“, ќе има интересни интерактивни игри, а и музичка поддршка со ДЏ-и од Радио МОФ. | |  | |  | |  | |
ЗБОРНО МЕСТО ВО СТРУГА ЗБОРНО МЕСТО ВО СТРУГА
На 2 јуни (четврток) во 19 часот, ГЕМ ќе одржи јавна дебата за состојбите и перспективите на Р. Македонија во х. „Дрим“, Струга. На дебатата со граѓаните на Струга ќе разговараат Роберто Беличанец, Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски. |  |  |  |
Проекција на „Др.Стрејнџлав“ на Кјубрик во ГЕМ клубот на 31 мај Проекција на „Др.Стрејнџлав“ на Кјубрик во ГЕМ клубот на 31 мај
На 31 мај, вторник, со почеток во 21 часот во ГЕМ клубот ќе биде прикажан еден од првите филмови на култниот Стенли Кјубрик - „Д-р Стрејнџлав или како научив да престанам да се грижам и ја засакав бомбата“. Тоа е брилијантна, провокативна црна комедија којашто се занимава со прашањето за “Судниот ден“ и Студената војна што води кон случаен и несвесен нуклеарен напад.
Трејлер
| |  | |  | |  | |
„Гласам” во вторник, 31 мај 2011, во 11:00 часот на градскиот плоштад во Крива Паланка „Гласам” во вторник, 31 мај 2011, во 11:00 часот на градскиот плоштад во Крива Паланка
Во рамките на кампањата за поттикнување на граѓаните масовно да излезат и да гласаат на претстојните вонредни Парламентарни избори 2011, Фондацијата Отворено општество Македонија, Младинскиот образовен форум и Здружението Регионален центар за одржлив развој, Кратово го организираат јавниот настан „Гласам”. Изјави и повеќе информации за активностите ќе бидат дадени во 12:00 часот. |  |  |  |
ЗБОРНО МЕСТО ВО ВИНИЦА ЗБОРНО МЕСТО ВО ВИНИЦА
В четврток, 26 мај 2011 година, со почеток во 19 часот, во салата на општинската организација на Црвен крст, Виница ќе се одржи дебата на ГЕМ за состојбите и перспективите на Република Македонија. Со граѓаните на Виница ќе разговараат Роберто Беличанец, Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски. | |  | |  | |  | |
„Гласам” во Паркот на поезијата, Струга „Гласам” во Паркот на поезијата, Струга
Во рамките на кампањата за поттикнување на граѓаните масовно да излезат и да гласаат на претстојните вонредни Парламентарни избори 2011, ФООМ и МОФ го организараат јавниот настан „Гласам” на 25 мај 2011 (среда), во Паркот на поезијата, во Струга, со почеток во 12:30 часот. Посетителите на настанот ќе имаат можност преку интерактивни игри и промотивен материјал да се забавуваат и да се информираат за демократското право, но и за демократската морална обврска, да гласаат на денот на изборите.
|  |  |  |
„Гласам” патува во Тетово „Гласам” патува во Тетово сабота, 21 мај 2011, 12:30 часот, плоштад Тетово
Во рамките на кампањата за поттикнување на граѓаните масовно да излезат и да гласаат на претстојните вонредни Парламентарни избори 2011, ФООМ и МОФ го организираат јавниот настан „Гласам” на 21 мај 2011 (сабота), на плоштадот во Тетово, со почеток во 12:30 часот. Посетителите на настанот ќе имаат можност, преку интерактивни игри и промотивен материјал, да се забавуваат и да се информираат за демократското право, но и за демократската морална обврска, да гласаат на денот на изборите.
На настанот во Тетово му претходеа настаните во Скопје http://glasam.org/novosti/52--1505- и Штип http://glasam.org/novosti/56 | |  | |  | |  | |
ЗБОРНО МЕСТО ВО КРАТОВО ЗБОРНО МЕСТО ВО КРАТОВО
В четврток, 19 мај 2011 година, со почеток во 19 часот во Пензионерскиот дом во Кратово ќе се одржи дебата на ГЕМ. Иницијаторите на ГЕМ, Роберто Беличанец, Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски, ќе разговараат со граѓаните на Кратово за состојбите и перспективите на Република Македонија. |  |  |  |
Јавен настан „Гласам“ „ГЛАСАМ“ среда, 18 мај 2011, 11 часот, плоштад „Слобода“ Штип
Во рамките на кампањата за поттикнување на граѓаните масовно да излезат и да гласаат на претстојните вонредни Парламентарни избори 2011, Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) и Младинскиот образовен форум (МОФ) го организараат јавниот настан ,,Гласам”. Настанот ќе се одржи на 18 мај 2011 (среда), на плоштадот Слобода во Штип, со почеток во 11 часот. Посетителите на настанот ќе имаат можност, преку интерактивни игри и промотивен материјал, да се забавуваат и да се информираат за демократското право, но и на демократската обврска, да гласаат на денот на изборите. | |  | |  | |  | |
ЈАВЕН НАСТАН „ГЛАСАМ“ ЈАВЕН НАСТАН „ГЛАСАМ“ недела, 15 мај 2011, улица „Македонија“ Скопје Во рамките на кампањата за поттикнување на граѓаните масовно да излезат и да гласаат на претстојните вонредни Парламентарни избори 2011, Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) и Младинскиот образовен форум (МОФ) го организараат јавниот настан ,,Гласам”. Настанот ќе се одржи на 15 мај 2011 (недела), на улицата Македонија во Скопје (пред спомен куќата на мајка Тереза), со почеток во 13 часот. Посетителите на настанот ќе имаат можност, преку интерактивни игри и промотивни материјали, да се забавуваат и да се информираат за демократското право, но и за демократската обврска, да гласаат на денот на изборите. |  |  |  |
ЗБОРНО МЕСТО ВО РАДОВИШ ЗБОРНО МЕСТО ВО РАДОВИШ
На 12 мај со почеток во 19.00 часот во салата на Стопанска банка, Радовиш ГЕМ ќе одржи јавна дебата за состојбите и перспективите на Р. Македонија. На дебатата ќе говорат Роберто Беличанец, Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски. | |  | |  | |  | |
Проекција на „Софи Шол - последните денови“ во ГЕМ клуб на 10 мај Проекција на „Софи Шол - последните денови“ во ГЕМ клуб на 10 мај
Овој вторник (10 мај) во ГЕМ клубот со почеток во 21 часот ќе имате можност да го погледнете филмот на Марк Ротемунд од 2005-та, добитник на две Сребрени мечки на Берлинскиот фестивал – „Софи Шол – последните денови“.
Трејлер |  |  |  |
ЗБОРНО МЕСТО ВО ВАЛАНДОВО ЗБОРНО МЕСТО ВО ВАЛАНДОВО
На 5 мај со почеток во 19.30 часот во хотел „Анска река“, Валандово ГЕМ ќе одржи јавна дебата за состојбите и перспективите на Р. Македонија. На дебатата ќе говорат Роберто Беличанец, Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски. | |  | |  | |  | |
ЗБОРНО МЕСТО ВО РОСТУША ЗБОРНО МЕСТО ВО РОСТУША
На 28 април 2011 година (четврток) со почеток во 19 часот во кафеана „Центар“ во Ростуша, ГЕМ ќе одржи јавна дебата за состојбите и перспективите на Р. Македонија. Со граѓаните на Ростуша ќе разговараат Роберто Беличанец, Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски. |  |  |  |
Проекција на култниот Romper Stomper во ГЕМ клубот Проекција на култниот Romper Stomper во ГЕМ клубот
На 26 април (вторник) во 21 часот во ГЕМ клубот ќе имате можност да го погледнете филмското остварување на Џефри Рајт од 1992 година, Romper Stomper. Ова е брутален филм за последните денови на група неонацистички скинхедси од едно сиромашно предградие на Мелбурн, филм кој го истражува не само размислувањето зад неонацистичкото однесување, туку и лојалноста и другарството.
Трејлер: http://www.youtube.com/watch?v=YXa-nAYdjrk | |  | |  | |  | |
ЗБОРНО МЕСТО ВО БИТОЛА - 19.04.2011 ЗБОРНО МЕСТО ВО БИТОЛА
Во вторник (19 април) со почеток во 19 часот во х. „Епинал“ (банкет сала) во Битола, ГЕМ ќе одржи дебата за состојбите и перспективите на Република Македонија. На дебатата ќе говорат Роберто Беличанец, Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски. |  |  |  |
Проекција на „Строго контролирани возови“ на 19 април Проекција на „Строго контролирани возови“ на 19 април
На 19 април (вторник) со почеток во 21 часот во ГЕМ клубот ќе биде прикажана црната комедија „Строго контролирани возови“ на Јиржи Менцел. Ова е комична драма за млад човек кој работи на мала железничка станица за време на Втората светска војна и учествува во заговорот да се минира еден германски воз со муниција, но планот „паѓа“ во вода, а тој е ставен пред свршен чин.
Трејлер: http://www.youtube.com/watch?v=Igc0Jp62kEg
| |  | |  | |  | |
Тркалезна маза - 15.04.2011 На 15 април (петок) со почеток во 10 часот во хотел Континентал ќе се одржи тркалезна маса на тема “Работа со лица со интелектуална попреченост:
Искуства од Киргистан, Казахстан и Таџикистан”. Настанот е во организација на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, а е поддржан од ФИООМ преку програмата Исток Исток: Прекугранични партнерства. |  |  |  |
Зборно место во ПРОБИШТИП Зборно место во ПРОБИШТИП
На 14 април (четврток) во 19 часот во х. „Црешово топче“ во Пробиштип, ГЕМ ќе одржи дебата за состојбите и перспективите на Р. Македонија. Со граѓаните на Пробиштип ќе разговараат Роберто Беличанец, Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски. | |  | |  | |  | |
Проекција на „12“ на Никита Михалков во ГЕМ клуб Проекција на „12“ на Никита Михалков во ГЕМ клуб
На 12 април (вторник) со почеток во 21 часот во ГЕМ клубот ќе имате можност да го погледнете рускиот „12“ на Никита Михалков од 2007 година. Михалков всушност прави своевиден римејк на „Дванаесет гневни луѓе“ на Сидни Ламет од 1957-та, во кој ги прикажува поротниците кои треба да одлучат за судбината на еден млад Чеченец кој го убива неговиот очув, руски офицер.
Трејлер: http://www.imdb.com/video/imdb/vi706937625/ |  |  |  |
Зборно место во Кичево - 7 април 2011 ЗБОРНО МЕСТО ВО КИЧЕВО
В четврток, 7 април 2011 година, во 19 часот во хотел „Унион“ во Кичево, ГЕМ ќе одржи јавна дебата за состојбите и перспективите на Република Македонија. На дебатата со граѓаните ќе разговараат Роберто Беличанец, Мерсел Билали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски. | |  | |  | |  | |
Проекција на „Последното метро“ во ГЕМ клубот на 5-ти април во 21 часот Проекција на „Последното метро“ во ГЕМ клубот на 5-ти април во 21 часот
Воената, љубовна драма на Франсоа Трифо од 1980 "Последното метро" со Кетрин Денев и Жерар Депардје ќе биде прикажана во ГЕМ клубот во вторник (5 април 2011) со почеток во 21 часот. „Последното метро“ е филм за животот на уметничките кругови на парискиот Монмартр, за време на германската окупација во Втората светска војна.
Трејлер од филмот: http://www.imdb.com/video/screenplay/vi2945384729/ |  |  |  |
Осма форумска сесија на Програмата „Форуми во заедницата“ Програмата „Форуми во заедницата“
На 5 април, 2011 (вторник) во Крушево ќе се одржи осмата форумска сесија на Програмата „Форуми во заедницата“. Сесијата, на која ќе се презентираат резултатите од досега спроведените проекти за подобрување на комуналната инфраструктура во Крушево, ќе се одржи во новата зграда на Градскиот пазар, со почеток во 13 часот.
Дневен ред на осмата форумска сесија во Крушево | |  | |  | |  | |
ЗБОРНО МЕСТО ВО РЕСЕН ЗБОРНО МЕСТО ВО РЕСЕН
В четврток, 31 март 2011 година, во 19 часот во ресторан „Класик“ во Ресен, ГЕМ ќе одржи јавна дебата за состојбите и перспективите на Република Македонија. На дебатата со граѓаните ќе разговараат Роберто Беличанец, Мерсел Билали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски. |  |  |  |
Проекција на „Предлогот“ во ГЕМ клубот Проекција на „Предлогот“ во ГЕМ клубот
Во вторник (29 март) со почеток во 21 часот во ГЕМ клубот ќе можете да го погледнете филмот „Предлогот“. Ова вестерн-остварување е во режија на Џон Хилкоут, а сценариото и музиката ги потпиша Ник Кејв.
„Предлогот“ е визуелно прекрасна приказна за лојалноста, одмаздата и потрагата по правда во земја без закони.
Трејлер од филмот: http://www.imdb.com/video/screenplay/vi3589800217/ | |  | |  | |  | |
ПРОМОЦИЈА НА АЛБУМОТ „ ШУТКА МОЕТО РОДНО МЕСТО“ ПРОМОЦИЈА НА АЛБУМОТ „ШУТКА МОЕТО РОДНО МЕСТО“
24 и 25 март 2011
Kонцертната промоција на албумот I Šutka tani mo than („Шутка моето родно место“) во Скопје ќе се случи на два настани, на 24 март (четврток) во МКЦ клуб & ресторан, со почеток во 21.30 часот и на 25 март (петок) во Менада, со почеток во 22.00 часот.
Компилацијата „I Šutka tani mo than“ („Шутка моето родно место“) е прв амбициозен обид за презентација на најдобрите ромски рапери од Скопје и содржи разновиден локален ромски пристап кон хип-хоп звукот, од ромски етно r&b, метал-панк рап до балкански ромски призвук на регетон. Албумот „I Šutka tani mo than“ го издаде Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, во мај 2010 година. |  |  |  |
ЗБОРНО МЕСТО ВО КОЧАНИ ЗБОРНО МЕСТО ВО КОЧАНИ
В четврток, 24 март 2011 година, во 19 часот во ресторан „Але-Дар“ во Кочани, ГЕМ ќе одржи јавна дебата за состојбите и перспективите на Република Македонија. На дебатата со граѓаните ќе разговараат Роберто Беличанец, Мерсел Билали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски. | |  | |  | |  | |
Зборно место во Гевгелија - 17.03.2011 ЗБОРНО МЕСТО ВО ГЕВГЕЛИЈА
В четврток, 17 март 2011 година, во 19 часот во хотел „Пелагонија“ во Гевгелија, ГЕМ ќе одржи јавна дебата за состојбите и перспективите на Република Македонија. На дебатата со граѓаните ќе разговараат Роберто Беличанец, Мерсел Билали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски. |  |  |  |
„Му служев на англискиот крал“ на Јиржи Менцел во ГЕМ клубот „Му служев на англискиот крал“ на Јиржи Менцел во ГЕМ клубот
Во вторник (15 март) во ГЕМ клубот со почеток во 21 часот ќе биде прикажан чешкиот филм „Му служев на англискиот крал“ на режисерот Јиржи Менцел, филм кој многу суптилно, ведро и точно ќе ја исцрта приказната за тнр. „мал човек“ низ очите на еден неквалификуван келнер кој сонува да стане милионер.
Во 2007 година овој филм ја доби златната „Камера 300“ на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
Трејлер: http://www.youtube.com/watch?v=RnngW62nbjc | |  | |  | |  | |
ПРОМОЦИЈА НА ПУБЛИКАЦИЈА ПРОМОЦИЈА НА ПУБЛИКАЦИЈА
Во организација на Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) в понеделник, 14 март 2011 година, во хотелот Холидеј ин, со почеток во 11 часот ќе се одржи промоцијата на публикацијата „Еднаквоста како основно човеково право- со посебен осврт на практиката на Европскиот суд за човекови права во однос на заштитата од дискриминација“.
Публикација претставува збир на конкретни предмети на заштита од дискриминација не само во рамки на Советот на Европа, туку и во соодветни тела на Обединетите нации и на други соодветни механизми на заштита, кои за првпат се преведени на македонски јазик. |  |  |  |
Проекција на филм „12 гневни луѓе“ во ГЕМ клуб Проекција на филм „12 гневни луѓе“ во ГЕМ клуб
Филмот „12 гневни луѓе“ во ГЕМ клуб на 8 март во 21 часот. Во вторник (8 март) со почеток во 21 часот во ГЕМ клубот ќе биде прикажано филмското деби на Сидни Лумет од 1957 година „12 гневни луѓе“. Номиниран е за 3 оскари, добитник е на Златна мечка во Берлин и е на 7. место на листата на 250 најдобри филмови на сите времиња на Интернационалната филмска база на податоци www.imdb.com.
12 членови на поротата треба да одлучат дали еден млад човек е виновен за убиство на неговиот татко. Она што на почетокот наликува на „чист“ случај на убиство набрзо се трансформира во мини-драма каде на површина излегуваат предрасудите на поротниците, нивната лековерност, нечиста совест, нивниот џелатски однос... но и нивната трошка сочуство и потреба да ја донесат вистинската одлука.
Tрејлер од филмот: http://www.youtube.com/watch?v=A7CBKT0PWFA | |  | |  | |  | |
ЗБОРНО МЕСТО ВО ОХРИД ЗБОРНО МЕСТО ВО ОХРИД
В четврток, 10 март 2011 година, во 19 часот во хотел „Ривиера“ во Охрид ГЕМ ќе одржи јавна дебата за состојбите и перспективите на Република Македонија. На дебатата со граѓаните ќе разговараат Роберто Беличанец, Мерсел Билали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски. |  |  |  |
Конференција 04.03.2011 Конференција 04.03.2011
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД) на 4 март 2011 година, во 11 часот, во х.Холидеј Ин, Милениум 1 сала, ќе ги претстават резултатите од Мониторингот на децентрализацијата во РМ 2008 – 2009 и резултатите од истражувањето на мислењето на граѓаните за услугите кои ги пружаат единиците на локалната самоуправа. | |  | |  | |  | |
ЗБОРНО МЕСТО ВО КРИВА ПАЛАНКА ЗБОРНО МЕСТО ВО КРИВА ПАЛАНКА
В четврток, 3 март 2011 година, во 19 часот во Домот на културата во Крива Паланка ГЕМ ќе одржи јавна дебата за состојбите и перспективите на Република Македонија. На дебатата со граѓаните ќе разговараат Роберто Беличанец, Мерсел Билали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски. |  |  |  |
Проекција на „Полноќен експрес“ во ГЕМ клубот на 1 март во 21 часот Проекција на „Полноќен експрес“ во ГЕМ клубот на 1 март во 21 часот
На 1 март 2011 година (вторник) со почеток во 21 часот во ГЕМ клубот ќе биде прикажан филмот „Полноќен експрес“ во режија на Алан Паркер. Приказната во сценариото напишано од легендарниот Оливер Стоун се врти околу Американецот Били Хејс кој се наоѓа во озлогласен турски затвор откако го фаќаат со големо количество на хашиш во Турција во 1970-тите. Првичната казна од три години набрзо е зголемена за 10 пати, па тој одлучува самодеструкцијата да ја прекине на единствениот можен начин - со планирање на бегство. Режисерот Алан Паркер го портретира турскиот правосуден систем како суров и садистички гледан од американска перспектива, a главниот јунак се наоѓа на средина меѓу криминалец и жртва во опкружение преполно со насилство.
Трејлер на филмот: http://www.youtube.com/watch?v=eAY4aADKk08 | |  | |  | |  | |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, 28.02.2011 ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, 28.02.2011
ФИООМ и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД), в понеделник, 28 февруари 2011 година, во НВО Инфоцентарот, со почеток во 11.30 часот ќе одржат прес-конференција на која ќе ги презентираат наодите од истражувањето на задоволството на граѓаните од услугите кои ги добиваат на локално ниво (од општините). Истражувањето е спроведено од страна на професионална истражувачка агенција, во рамките на проектот „Транспарентна и ефикасна децентрализација“. |  |  |  |
ЗБОРНО МЕСТО ВО КАВАДАРЦИ ЗБОРНО МЕСТО ВО КАВАДАРЦИ
В четврток, 24 февруари 2011 година, во 19 часот во ресторан „Александрија“ (над СП маркет, поранешна Стоковна куќа) во Кавадарци ГЕМ ќе одржи јавна дебата за состојбите и перспективите на Република Македонија. На дебатата со граѓаните ќе разговараат Роберто Беличанец, Мерсел Билали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски. | |  | |  | |  | |
Проекција на „Духовите на Гоја“ на култниот Милош Форман Проекција на „Духовите на Гоја“ на култниот Милош Форман
На 22 февруари (вторник) со почеток во 21 часот во ГЕМ клубот ќе биде прикажан филмот „Духовите на Гоја“, историска драма на култниот чешки режисер Милош Форман. Станува збор за приказна видена низ очите на шпанскиот сликар Франциско де Гоја (Стелан Скарскард), а сместена во периодот на укинување на Шпанската инквизиција и окупацијата на Шпанија од страна на Наполеон. Хавиер Бардем го игра Отец Лоренцо, таинствен и подмолен член на Инквизацијата кој е заслепен од младата муза на Гоја, Инес (Натали Портман), во моментот кога таа е неправедно обвинета за кривоверство и испратена возатвор.
Трејлер на филмот: http://www.imdb.com/video/screenplay/vi2729050393/ |  |  |  |
ЗБОРНО МЕСТО, 17.02.2011, во 19.00 часот ЗБОРНО МЕСТО, 17.02.2011, во 19.00 часот
На 17 февруари (четврток), 2011 година, во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, со почеток во 19.00 часот, во рамки на циклусот „Зборно место“ ќе се одржи дебата на тема „Тортура и нечовечки третман“. Домаќин на дебатата е Жарко Трајаноски, а негова гостинка Мирјана Најчевска. | |  | |  | |  | |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, 17.02.2011 ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, 17.02.2011
Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) ќе одржат прес-конференција на 17 февруари 2011 година, со почеток во 11:30 часот, во НВО Инфоцентарот. Повод за настанот е осмиот квартален извештај од следењето на процесот на пристапувањето на Македонија во ЕУ за периодот ноември 2010 – јануари 2011 во кој се осврнува на: надворешната политика во текот на 2010, реформата на јавната администрација, како и предизвиците со спроведувањето на Законот за здруженија и фондации и Законот за антидискриминација и другите актуелни настани и состојби во тој период.
Извештајот е изработен во рамките на проектот „Accession Watch“. |  |  |  |
Проекција на филмот „Месечината и ѕвездите“ Проекција на филмот „Месечината и ѕвездите“ во ГЕМ клуб на 15.02 во 21 часот
Ве покануваме на проекција на филмот „Месечината и ѕвездите“ на режисерот Џон Ирвин во ГЕМ клубот во вторник (15 февруари) во 21 часот.
Приказната во оваа историска драма е "врзана" околу правењето на филм базиран на операта на Пучини, „Тоска“. Периодот е најлош за креативност, 1939 година кога Мусолини владее со Италија и Втората светска војна е на прагот. А да биде уште пострашно продуцент е богат Евреин хомосексуалец (Алфред Молина), додека главните улоги во филмот ги толкуваат германска дива (Кетрин МекКорман) и англиски актер (Џонатан Прајс). Филмскиот сет станува метафора за трагичното разгорување на Втората светска војна во Европа.
Повелете!
Трејлер на филмот: http://www.azmovies.net/the-moon-and-the-stars.html | |  | |  | |  | |
Прес конференција 15.02 Прес конференција
Годишен извештај за состојбата во борбата против корупцијата во 2010 на Транспарентност Македонија
На 15 февруари 2011 година со почеток во 11.30 часот Транспарентност Македонија ќе го промовира Годишниот извештај за состојбата во борбата против корупцијата и криминалот и состојбата со транспарентноста во општеството во 2010 година. Извештајот, во име на експертски тим, ќе го презентира м-р Сашо Орданоски, претседател на Транспарентност Македонија.
Прес конференцијата ќе се одржи во НВО Инфо центар.
|  |  |  |
ПРОМОЦИЈА И ДЕБАТА - „Црна книга“ – документ на македонската јавна сцена во 2009 година ПРОМОЦИЈА И ДЕБАТА
„Црна книга“ – документ на македонската јавна сцена во 2009 година
ФИООМ и Центарот за развој на медиуми на 11 февруари (петок), 2011 година, во ГЕМ клубот во старата скопска чаршија, организираат промоција на изданието „Црна книга“, со почеток во 12 часот.
„Црната книга“ претставува запис, документирање на промените кои се случуваа на јавната сцена во текот на 2009 година. Документирањето на настаните е направено од дискурсот на употребата на јазикот/говорот кој го употребуваа учесниците во јавниот живот, кои се изразуваа во и преку радиодифузните и печатените медиумите како и сите учесници во новите медиуми и социјалните мрежи на Интернет. | |  | |  | |  | |
ЗБОРНО МЕСТО ВО ШТИП ЗБОРНО МЕСТО ВО ШТИП
В четврток, 10 февруари 2011 година, во 19 часот во Радио кафе Канал 77 во Штип (ул. „5-та Партиска Конференција“ бб, населба Сењак 2) ГЕМ ќе одржи јавна дебата за состојбите и перспективите на Република Македонија. На дебатата со граѓаните ќе разговараат Роберто Беличанец, Мерсел Билали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски. |  |  |  |
Проекција на филмот „Добар“ на 8 февруари во ГЕМ клубот
Проекција на филмот „Добар“ на 8 февруари во ГЕМ клубот
Ве покануваме на проекција на филмот „Добар“ (Good) на 8 февруари (вторник) во 21 часот во ГЕМ клубот.
Брилијантниот Виго Мортенсен во филмот „Добар“ го игра Германецот Џон Халдер, професор по книжевност во 1930-тите. Кога неговата книга посветена на еутаназијата ќе биде неочекувано прифатена од моќни политички фигури кои работат на владините пропаганди, кариерата на Халдер доживува ненадеен подем, но во служба на нацистите. Оваа промена на судбината на Хадлер, која е резултат на неговите наизглед наивни одлуки, се претвора во потенцијална опасност за луѓето во неговиот живот. А крајот е исполнет со катастрофални последици.
Ова е филм за животните одлуки кои нè прават она што сме ние – сега и тука, (за)секогаш.
Трејлер од филмот: http://www.imdb.com/video/imdb/vi2659517209/ | |  | |  | |  | |
ЗБОРНО МЕСТО, 03.02.2011, во 19.00 часот ЗБОРНО МЕСТО, 03.02.2011, во 19.00 часот
На 3 февруари (четврток), 2011 година, во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, со почеток во 19.00 часот, ќе се одржи седумнаесеттата дебата од циклусот „Зборно место“. Домаќинот Роберто Беличанец ќе разговара со неговиот гостин Сеад Џигал на тема „Медиумска војна – крах на новинарството!“. |  |  |  |
ДЕБАТА 03.02.2011 ДЕБАТА
Медиумската војна ја намалува довербата кај публиката
НВО Инфоцентарот, во четврток, 3 февруари 2011 година, во 11 часот, во просториите на ГЕМ клубот, во Менада (Стара чаршија), ја организира дебата „Медиумската војна ја намалува довербата кај публиката“.
Комуникологот и аналитичарот Сеад Џигал, ќе ги презентира резултатите од мониторингот на медиуми посветен на информирањето за „Случајот А1“ и „Случајот МПМ“, кој во периодот ноември – декември 2010 година, го спроведоа НВО Инфоцентарот и Центарот за нови медиуми. На дебатата ќе учествуваат комуниколозите, уредниците и новинарите: Имер Селмани, Зоран Иванов, Љупчо Зиков, Сефер Тахири, Климе Бабунски и Роберто Беличанец.
| |  | |  | |  | |
Проекција на филм „Мефисто“на Иштван Сабо
Cнимен според истоимениот роман на Клаус Ман, филмот „Мефисто“ на култниот унгарски режисер Иштван Сабо, ќе биде прикажан на 1 февруари (вторник) во ГЕМ клубот со почеток во 21 часот.
Филмот го следи подемот на фаустовскиот лик кој фигуративно ја продава својата душа за краткотрајна слава. Хендрик Хофген е ѕвездата на државниот театар кому му е здодеано од својата работа. Исто како и колегите, и тој кокетира со социјалистичките идеали сѐ до подемот на нацистичката партија. Во тој политички пресврт актерот гледа можност да дојде до својата цел, односно да постигне национална слава и стекне признание. Додека неговите пријатели заминуваат од земјата во потрага по уметничка слобода, тој ѝ се предава на пропагандната машина на новите моќници.
Трејлери: http://www.youtube.com/watch?v=u96ZqCesO-g http://www.youtube.com/watch?v=sZ0b2BWDoFk |  |  |  |
ЗБОРНО МЕСТО, 27.01.2011, во 19.00 часот ЗБОРНО МЕСТО, 27.01.2011, во 19.00 часот
На 27 јануари (четврток), 2011 година, во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, со почеток во 19.00 часот, во рамки на циклусот „Зборно место“ ќе се одржи проекција на документарниот филм „Нашите во Стамбол„. На истата тема домаќинот Драги Ѓоргиев ќе разговара со гостите Елизабета Конеска и Роберт Јанкулоски.
| |  | |  | |  | |
ПРОМОЦИЈА НА ПУБЛИКАЦИЈАТА „СОНУВАМЕ ДА ПАТУВАМЕ" ПРОМОЦИЈА НА ПУБЛИКАЦИЈАТА „СОНУВАМЕ ДА ПАТУВАМЕ“
Младинскиот образовен форум-МОФ организира промоција на публикацијата „СОНУВАМЕ ДА ПАТУВАМЕ“ - Анализа на студентската и академската мобилност преку алатката: Пристап до информации од јавен карактер. Настанот ќе се одржи на 27.01.2011 (четврток), во просториите на ЕУ Инфо Центар, со почеток во 12:00 часот. |  |  |  |
Проекција на филм „1900“ од Бернардо Бертолучи

Филмот „1900“ (познат и како „Дваесетти век“), ремек-дело на италијанскиот режисер Бернардо Бертолучи, ќе биде прикажан на 18 јануари 2011 (прв дел) и 25 јануари 2011 (втор дел) во 21 часот во ГЕМ клубот.
Епската историска драма на Бертолучи е метафорична хроника на подемот и падот на фашизмот во Италија во текот на првата половина од дваесеттиот век. Дејствието започнува во 1901 година, на денот на смртта на Џузепе Верди. Во еден ден се раѓаат две деца: Алфредо Берлоњери во богато семејство и Олмо Далко во сиромашно, селско семејство. Иако со различно општествено потекло, тие стануваат пријатели. За време на филмот, полн со неочекувани пресврти, богатиот Алфредо се оддава на расипништво и препредена игра со фашистите за да го задржи својот имот, а Олмо се посветува на бунтовите и станува работнички лидер и комунист. По Првата светска војна, пријателството меѓу Алфредо и Олмо продолжува, но како што во Италија навлегува фашизмот, така тие пак се раздвојуваат - Алфредо го штити неговото богатство и по смртта на татко му, успева да им пркоси на фашистите, додека Олмо отворено и бескомпромисно се бори против фашизмот…
Режија: Бернардо Бертолучи Улоги: Роберд Де Ниро, Жерар Депардје и Доминик Санда Музика: Енио Мориконе Година: 1976 Времетраење: 5 часа во два дела
Трејлер од филмот
| |  | |  | |  | |
ЗБОРНО МЕСТО, 20.01.2011, во 19.00 часот ЗБОРНО МЕСТО, 20.01.2011, во 19.00 часот
На 20 јануари (четврток), 2011 година, во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, со почеток во 19.00 часот, ќе се одржи петнаесеттата дебата од циклусот „Зборно место“ на тема „Политички апсења и притисоци“. Домаќин на дебатата е Жарко Трајаноски, а негови гости се Душко Илиевски, Кире Неделковски и Мазес Рамковска. |  |  |  |
ЗБОРНО МЕСТО, 13.01.2011, во 19.00 часот ЗБОРНО МЕСТО, 13.01.2011, во 19.00 часот
На 13 јануари (четврток), 2011 година, во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, со почеток во 19.00 часот, ќе се одржи четиринаесеттата дебата од циклусот „Зборно место“ на тема „За перењето пари“. Домаќин на дебатата е Владимир Милчин, а негов гостин Ване Цветанов. | |  | |  | |  | |
Форумска сесија во Струмица - 27.12.2010 ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“ Струмица, 27 декември 2010
В понеделник, 27.12.2010, со почеток во 14 часот во Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи последователната форумска сесија на буџетскиот форум на Општина Струмица. На сесијата ќе бидат претставени резултатите од спроведениот проект изгласан од форумот, a реализиран со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка (4 милиони денари) и Општината Струмица (по 2 милиони денари). Со овие средства спроведен е проектот “Изградба на амфитеатар – отворена летна сцена”. Покрај проектот ќе се презентира и реализацијата на предлозите од граѓаните за буџетот на Општина Струмица за 2010 година. |  |  |  |
Дигитализирано младинското списание „ФОКУС 1969-1972“ – Промоција и дебата Дигитализирано младинското списание „ФОКУС 1969-1972“ – Промоција и дебата
Промоцијата на дигитализираната верзија на изданијата на младинското списание ФОКУС, од 1969 до 1972 година, ќе се одржи на 24-ти декември 2010 година, со почеток во 12 часот во ГЕМ клубот (поранешна „Менада“ во Старата чаршија).
На дебатата ќе се проговори за контекстот во кој „Фокус“ почнал да излегува, неговото забранување и затворање од тогашна и денешна перспектива. Настанот ќе биде можност да се дискутира и за денешните можности на младите за креирање на свои алтернативи, списанија и за нивната комуникација со јавноста. | |  | |  | |  | |
ЗБОРНО МЕСТО, 23.12.2010, во 19.00 часот ЗБОРНО МЕСТО, 23.12.2010, во 19.00 часот
На 23 декември (четврток), 2010 година, во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, со почеток во 19.00 часот, на тринаесеттата дебата од циклусот „Зборно место“, Сеад Џигал и Филип Стојановски ќе разговараат на темата „Викиликс – револуција или балон? “. Домаќин на дебатата е Никола Гелевски. |  |  |  |
Проекција на „Фаренхајт 451“ во ГЕМ клубот на 21.12 во 21 часот
Проекција на „Фаренхајт 451“ во ГЕМ клубот на 21.12 во 21 часот
Почитувани,
Овој вторник (21 декември) со почеток во 21 часот, ГЕМ клубот Ве поканува на проекција на филмот „Фаренхајт 451“. По истоимениот и воедно најпознат антиутописки роман на Реј Бредбери, Франсоа Трифо во 1966 година го сними филмот со Оскар Вернер и Џули Кристи во главните улоги. Дејствието на филмот се одвива во иднината, во едно општество каде што книгите се забранети и се палат поради стравот од појавата на независна мисла во јавноста. Пожарникарот чија работа е токму тоа - да ги пали книгите, почнува да се запрашува за вистинските мотиви на владата позади целата таа работа. Ова го води низ едно искушение кое може да го чини многу: неговиот брак, работата, па дури и неговиот живот.
ПОВЕЛЕТЕ!
Трејлер од филмот
| |  | |  | |  | |
Промоција на Истражувањето на причините за предвремено напустање на образованието на децата Роми Промоција на Истражувањето на причините за предвремено напустање на образованието на децата Роми
Промоцијата на наодите и препораките од „Истражувањето на причините за предвремено напустање на образованието на децата Роми“ ќе се одржи на 17 декември 2010 година, со почеток во 10 часот, во ГЕМ клубот. Истражувањето го спроведе Институтот за социјална работа и социјална политика, во рамки на проектот “Програма за образование за Роми”, поддржан од ФИООМ и Детска фондација „Песталоци“. |  |  |  |
ЗБОРНО МЕСТО, 16.12.2010, во 19.00 часот ЗБОРНО МЕСТО, 16.12.2010, во 19.00 часот
На 16 декември (четврток), 2010 година, во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, со почеток во 19.00 часот, со новиот претседател на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, во рамки на циклусот „Зборно место“ ќе се разговара на тема „Иднината на македонското новинарство“. Домаќин на дебатата е Бранко Героски. | |  | |  | |  | |
Проекција на филм „Ноќниот портир“, 14.12.2010
Проекција на филм „Ноќниот портир“, 14.12.2010
Филмот со наслов „Ноќен портир“ од 1974 година во режија на Лилијана Кавани ќе биде прикажан во ГЕМ клубот во вторник (14 декември) со почеток во 21 часот.
Трејлер од филмот:
ПОВЕЛЕТЕ! |  |  |  |
ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „МИНАТОТО ПОД ПРАШАЊЕ – МОДЕРНА МАКЕДОНИЈА И НЕИЗВЕСНОСТИТЕ НА НАЦИЈАТА“ ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „МИНАТОТО ПОД ПРАШАЊЕ – МОДЕРНА МАКЕДОНИЈА И НЕИЗВЕСНОСТИТЕ НА НАЦИЈАТА“
Во четврток, 9 декември 2010 година, во ГЕМ клубот во Скопје, во 12 часот ќе биде промовирана книгата од Кит Браун „Минатото под прашање – модерна Македонија и неизвесностите на нацијата“. Книгата, во издание на „Евро-Балкан пресс“, со финансиска поддршка од ФИООМ, ќе ја промовира Љупчо С. Ристески, а воведничари ќе бидат Ирена Стефоска и Жарко Трајановски.
| |  | |  | |  | |
ЗБОРНО МЕСТО, 09.12.2010, во 19.00 часот ЗБОРНО МЕСТО, 09.12.2010, во 19.00 часот
На 9 декември (четврток), 2010 година, во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, со почеток во 19.00 часот, ќе се одржи единаесеттата дебата од циклусот „Зборно место“ на тема „Словачка и Македонија на патот до ЕУ – сличности и разлики“. Домаќин на дебатата е Владимир Милчин, а негов гостин е Роберт Кирнаг, Амбасадор на Република Словачка. |  |  |  |
Проекција на филм „Змиско јајце“, 07.12.2010
Проекција на филм „Змиско јајце“, 07.12.2010
Филмот „Змиско јајце“ на култниот режисер Ингмар Бергман ќе биде прикажан во вторник (7 декември) со почеток во 21 часот во ГЕМ клубот. Ова брилијантно дело прикажува само една недела од животот на невработениот акробат Авел Розенберг во осиромашената Германија во периодот после Првата светска војна. Целата земја буквално се руши, германската марка е практично безвредна, невработеноста е огромна, Адолф Хитлер за прв пат се обидува да ја превземе власта... Авел почнува да работи во клиниката на професорот Вергерус каде ја дознава застрашувачката вистина зад работата на професорот.
Трејлер од филмот
ПОВЕЛЕТЕ! | |  | |  | |  | |
ЗБОРНО МЕСТО, 02.12.2010, во 19.00 часот ЗБОРНО МЕСТО, 02.12.2010, во 19.00 часот
На 2 декември (четврток), 2010 година, во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, со почеток во 19.00 часот, ќе се одржи десеттата дебата од циклусот „Зборно место“ на тема „Полициска блокада на критички медиуми“. Домаќин на дебатата е Жарко Трајаноски, а негови гости се Борјан Јовановски, Билјана Секуловска и Младен Чадиковски. |  |  |  |
ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ - ИСТОРИЈА“ ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ - ИСТОРИЈА“
Во четврток, 2 декември 2010 година, во ГЕМ клубот во Скопје, во 12 часот ќе биде промовирана книгата од Ендрју Росос „Македонија и Македонците - историја“. Книгата, во издание на ФИООМ, ќе ја промовира Академик Иван Катарџиев. Медијатор на дебатата, на која покрај за самата книга ќе се проговори и за македонското прашање кое доминира во историјата и политиката на Балканот, ќе биде Владимир Милчин. | |  | |  | |  | |
Проекција на филм „ЛЕНИ“, 30.11.2010 Проекција на филм „ЛЕНИ“, 30.11.2010
Филмот „Лени“ за еден од пионерите во стенд-ап комедијата, Лени Брус, ќе биде прикажан овој вторник (30 ноември) во ГЕМ клубот со почеток во 21 часот.
Овој филм е биографската сторија за контроверзниот комичар од 60-тите години на минатиот век. Го следи неговиот живот од почетокот на кариерата па сè до моментите кога се здобива со огромна слава поради саркастичниот хумор и храброста без влакно на јазикот да ги коментира општествените случувања заради што многу често бил осудуван од страна на владејачките структури.
Трејлер: http://www.youtube.com/watch?v=hcJRrbwGdWo
ПОВЕЛЕТЕ! |  |  |  |
ЗБОРНО МЕСТО, 25.11.2010, во 19.00 часот ЗБОРНО МЕСТО, 25.11.2010, во 19.00 часот
На 25 ноември (четврток), 2010 година, во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, со почеток во 19.00 часот, ќе се одржи деветтата дебата од циклусот „Зборно место“ на тема „Извештајот на Европската комисија и по него“. Домаќин на дебатата е Владимир Милчин, а негов гостин Н. Е. Ерван Фуере, Специјален претставник на Европската Унија и шеф на Делегацијата на Европската Унија. | |  | |  | |  | |
ЗБОРНО МЕСТО, 18.11.2010, во 19.30 часот ЗБОРНО МЕСТО, 18.11.2010, во 19.30 часот
На 18 ноември (четврток), 2010 година, во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи предавањето со отворена дискусија „Што сака ослободениот Бог? (за ренесансата на религијата во посткомунизмот)“ на предавачот Борис Буден. Предавањето го организира Контрапункт, во рамки на проектот Расшколувано знаење, а во соработка со ГЕМ и програмата Зборно место. |  |  |  |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, 18.11.2010, во 10 часот ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, 18.11.2010, во 10 часот
ФИООМ и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД) утре, 18.11.2010, во просториите на НВО Инфоцентарот, со почеток во 10 часот ќе ги промовираат двата policy brief-ови, насловени „Децентрализацијата во Република Македонија: Забавена или заборавена“ и „Централизирана (фискална) децентрализација“, во издание на ФИООМ, а изготвени од страна на ЦРЛД.
| |  | |  | |  | |
Проекција на филмови - Бекстејџ пропусница и Боже, чувај го Ле збор Почитувани,
Двата музички документарни филмови „Бекстејџ пропусница“ и „Боже, чувај го Ле збор“ кои се дел од програмата на овогодинешниот фестивал на европски филм Cinedays, ќе бидат прикажани на 16 ноември (вторник) со почеток во 21 часот во ГЕМ Клубот во Скопје.
„Боже, чувај го Ле збор“ во режија на Далија Пинтариќ и Лора Шуљиќ ( Хрватска) е интересна приказна за прифаќањето на Другите, тема која на Балканот сè уште нема добиено заслужен третман. Овој филм за музиката, храброста, љубовта, гордоста и предрасудата сигурно го пробива мразот. (Времетраење: 30 минути)
„Бекстејџ пропусница“ на Радислав Јованов Гонзо (Хрватска) е филм за животот и концертната кариера на можеби најпознатата хрватска група во странство, Бамби Молестерс. Тој ги следи нивните концерти во Австрија како предгрупа на Р.Е.М каде свиреле по лично барање на групата, но дополнето и со попатните концерти низ целиот свет. Бамби Молестерс денес се една од најпознатите групи на светската сурф сцена. (Времетраење: 60 минути)
Повелете! |  |  |  |
„Скопје радос ти ќе бидеш“, изложба на Матеј Богдановски „Скопје радос ти ќе бидеш“, изложба на Матеј Богдановски - 13.11.2010, ГЕМ клуб
| |  | |  | |  | |
ЗБОРНО МЕСТО, 11.11.2010, во 19 часот ЗБОРНО МЕСТО, 11.11.2010, во 19 часот
На 11 ноември(четврток) во 19 часот ќе се одржи седмата дебата од циклусот „Зборно место“ на тема „ АРХИТЕКТУРАТА И ТОТАЛИТАРИЗМОТ“.Домаќин на дебатата е Никола Гелевски, а негов гостин Минас Бакалчев. Пред разговорот ќе биде промовиран и последниот број на списанието Маргина, целиот посветен на ГРАДОТ. |  |  |  |
Проекција на филм - Читачот - 09.11. Проекција на филм
Филмот „Читачот“ на Стефан Далдри ќе биде прикажан во вторник (9 ноември) со почеток во 21 часот во ГЕМ Клубот.
Овој филм е всушност адаптација на истоимениот роман на Бернхард Шлинк, а главните улоги ги толкуваат Ралф Фајнс и Кејт Винслет која за својата изведба во „Читачот“ го доби Оскарот за најдобра женска улога во 2009 година.
ПОВЕЛЕТЕ!
Трејлер за филмот: http://www.youtube.com/watch?v=EBg1IBivcbk | |  | |  | |  | |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, 07.11.2010 ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, 07.11.2010
Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) ќе одржи прес-конференција, в недела, 7 ноември 2010 година, со почеток во 12 часот во ГЕМ Клубот (Менада, Стара Скопска чаршија). Повод за средба со новинарите се подметнувањата и инсинуациите од страна на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ со именувањето и етикетирањето на организации и поединци во аферата „Надеж“. Извршниот директор на ФИООМ ќе одговори и на директните прашања и дилеми упатени до ФИООМ од страна на г-динот Ставрески, вицепремиер на Владата на Република Македонија. |  |  |  |
ЗБОРНО МЕСТО, 04.11.2010, во 19 часот ЗБОРНО МЕСТО, 4.11.2010
На 4 ноември (четврток) во 19 часот ќе се одржи шестата дебата од циклусот „Зборно место“ на тема „Теоријата на Ставрески за заговорот на ГЕМ против државата“. | |  | |  | |  | |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, 4.11.2010 ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, 4.11.2010
Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) ќе одржат прес-конференција утре (четврток), 4 ноември 2010 година, во просториите на НВО Инфоцентарот, со почеток во 11 часот. Повод за средба со новинарите е шестиот извештај од следењето на процесот на пристапувањето на Македонија во ЕУ за исполнувањето на приоритетите од Ревизијата на Пристапното партнерство на ЕУ, изработен во рамките на проектот „Accession Watch 2010“. |  |  |  |
Проекција на филм - Градот на Бога - 02.11.2010
Бразилскиот филм ГРАДОТ НА БОГА/ THE CITY OF GOD/ CIDADE DE DEUS (2002) на Фернандо Меирелес ќе биде прикажан на 2 ноември (вторник) во 21:00 часот во ГЕМ Клубот.
ПОВЕЛЕТЕ!
Трејлер од филмот: http://www.youtube.com/watch?v=ioUE_5wpg_E | |  | |  | |  | |
ДЕБАТА, 29.10.2010 ДЕБАТА, 29.10.2010 Во рамките на есенскиот циклус на проектот АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА на 29 октомври 2010 година со почеток во 12.00 часот, во хотелот Холидеј Ин (сала Милениум 1) во Скопје, ќе се одржи тематската дебата „Човековите права и еднаквоста во Европската Унија по Договорот од Лисабон“.
Како воведничари ќе учествуваат Симоне Филипини, амбасадор на Холандија, Хозе Мануел Паз и Агуерас, амбасадор на Шпанија,Лилјана Поповска и Весна Бендевска, пратеници во Собранието на Република Македонија, Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права, Мирјана Најчевска, професор во Институт за социолошки и политичко-правни истражувања и Жарко Трајаноски, колумнист – активист за човекови права. |  |  |  |
ЗБОРНО МЕСТО, 28.10.2010, во 19 часот ЗБОРНО МЕСТО, 28.10.2010, во 19 часот
На 28 октомври (четврток) во 19 часот ќе се одржи петата дебата од циклусот „Зборно место“ на тема „Од ќотеци до тужби (Притисоците врз слободата на изразување)“.Домаќин на дебатата е Роберто Беличанец, а негова гостинка Ирена Цветковиќ. | |  | |  | |  | |
Филм во ГЕМ – оскаровецот „Кабаре“ на 26.10.2010 Филм во ГЕМ – оскаровецот „Кабаре“ на 26.10.2010
Еден од најдобрите мјузикли во филмската историја - „Кабаре“, ќе се прикажува во ГЕМ Клубот во вторник, 26 октомври, во 21 часот.
Филмот на режисерот, танчар, кореограф и великан на Бродвеј - Боб Фос, во
кој носечката улога ја толкува маестралната Лајза Минели беше награден со
дури 8 оскари. Во другите улоги се појавуваат Мајкл Јорк, Хелмут Грим и Џоел
Греј како легендарниот конферансие.
Трејлер од филмот: http://www.youtube.com/watch?v=moOamKxW844 |  |  |  |
ЗБОРНО МЕСТО, 21.10.2010, во 18 часот ЗБОРНО МЕСТО, 21.10.2010, во 18 часот
На 21 октомври (четврток) во 18 часот ќе се одржи четвртата дебата од циклусот „Зборно место“ на тема „Грчко-македонските односи во светлината на евроинтеграцискиот процес“.Гостин на дебатата ќе биде Александра Пападопулу, шеф на канцеларијата за врски на Република Грција во Република Македонија. | |  | |  | |  | |
ПРОЕКЦИЈА НА ОСКАРОВЕЦОТ "ТАЈНАТА ВО НИВНИТЕ ОЧИ" - 19.10.2010 ПРОЕКЦИЈА НА ОСКАРОВЕЦОТ "ТАЈНАТА ВО НИВНИТЕ ОЧИ"
Аргентинскиот филм "Тајната во нивните очи" кој годинава го доби Оскарот за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, ќе биде прикажан во вторник (19 октомври) во 21 часот во ГЕМ клубот. Приказната во овој непредвидлив и богат со симболи филм, е фокусирана на пензиониран правен советник кој пишува роман надевајќи се дека притоа ќе стави крај на еден од неговите нерешени случаи на убиство. Филмот во кој се обединете 3 жанра - драма, мистерија и романса, е во режија на Хуан Хозе Кампанела.
Со проекцијата на "Тајната во нивните очи", ГЕМ клубот продолжува со редовните вторнички филмски вечери. Изминатите две недели ги прикажавме и австрискиот "Белата панделка" и германскиот "Животот на другите".
Трејлер: http://www.youtube.com/watch?v=0cNd1OIp808 |  |  |  |
Промоција 18.10.2010 Фондацијата Институт отворено општество-Македонија (ФИООМ) и Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), на 18 октомври 2010 година со почеток во 10 часот, во хотелот Холидеј Ин (сала Милениум 2) ќе го промовираат најновиот „Квартален извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки во РМ“.Свое излагање за искуствата на земјите од регионот и од Европа во борбата против корупцијата во јавните набавки, на конференцијата ќе има и Драго Кос, претседавач со ГРЕКО (Групација на земји против корупцијата при Советот на Европа). | |  | |  | |  | |
Дебата 15.10.2010 Дебата 15.10.2010
На 15 октомври 2010, со почеток во 12 часот, во хотелот Епинал во Битола, ќе се одржи тематската дебата „ЕУ како глобален играч и новата Служба за надворешни работи“. Како говорници-воведничари ќе учествуваат амбасадорите Улрике Марија Кноц, на Германија и Жан-Клод Шлумберже, на Франција, амбасадорот на Обединетото Кралство Кристофер Ајвон, Хорхе Нуњез Ферер, придружен експерт на CEPS, Карлос Хавиер Мореиро Гонзалес, универзитетски професор, градоначалникот на Битола Владимир Талески, Фани Каранфилова Пановска од ФИООМ, пратеничката Теута Арифи, генералениот секретар на Меѓународната либерала, Емил Кирјас и Андреја Стојковски, претседател на МЦЕО. |  |  |  |
Зборно место 14.10.2010 Зборно место 14.10.2010
На 14 октомври (четврток) во 19 часот ќе се одржи третата дебата од циклусот „Зборно место“ на тема „Евроатлантската интеграција на Македонија“. Гостин на дебатата ќе биде Радмила Шеќеринска Јанковска, пратеничка и претседателка на Националниот совет за евроинтеграции. Домаќин на дебатата е Мерсел Биљали. | |  | |  | |  | |
Проекција на филм - 12.10.2010 Вторник (12 октомври 2010) во ГЕМ клубот во 21.00 ќе се одржи проекција на австрискиот оскаровец за корените на нацизмот, филмот „Белата панделка“, во режија на Михаил Ханеке. |  |  |  |
Дебата 08.10.2010 ДЕБАТА
На 8 октомври 2010, со почеток во 12 часот, во хотелот Холидеј Ин во Скопје, ќе се одржи тематската дебата „Македонија и ЕУ“. Како говорници-воведничари ќе учествуваат: Ерван Фуере, Жорди Вакер и Фанес, Радмила Шекеринска Јанковска, Петар Поп-Арсов, Васко Попетрески и Лидија Димова. | |  | |  | |  | |
ГЕМ Дебата 07.10.210 Најава за дебата:
На 7 октомври (четврток) во 19 часот ќе се одржи втората дебата од циклусот „Зборно место“ на тема „Санитарна енигма„ (Нашата лустрација 2). Гостин на дебатата ќе биде Јасна Котеска, писател и активист. Дебатата ќе ја води Никола Гелевски. |  |  |  |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА 06.10.1010 Прес-конференција
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Фондацијата за одржлив информатички решенија „Метаморфозис“ во среда, 06 октомври 2010 година во 10.00 часот во просториите на ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија ќе одржат прес-конференција. На средбата со новинарите ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето „Употребата на компјутери и интернет во образовниот систем на РМ“. | |  | |  | |  | |
Проекција на филм - 05.10.2010 Проекција на филм:
ГЕМ клубот на 5 октомври (вторник) од 21 часот ќе одржи проекција на филмот „Животот на другите“ во режија на Флоријан Хенкел ван Донерсмарк. Филмот што во 2007 го освои Оскарот за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, е политички трилер кој го опфаќа периодот пред падот на Берлинскиот ѕид. |  |  |  |
ЗБОРНО МЕСТО! 30.09.2010 ЗБОРНО МЕСТО!
четврток, 30.09.2010, 19 часот
ГЕМ клуб, Стара чаршија
Од овој четврток ГЕМ ја започнува својата дебатна програма. Секој четврток во 19 часот во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија ќе се случуваат јавни разговори. Целта на овие разговори е да се развива и шири демократската култура на дијалог, т.е. да се унапредуваат основните граѓански вредности: отвореноста, критичноста, ангажираноста, вештината да се артикулира... При изборот на соговорниците важна ќе ни биде актуелноста или провокативноста на можните теми, но исто толку важни ќе ни бидат интегритетот на соговорниците, демократскиот дух и толеранцијата како клучна граѓанска вредност.
Првата тема ја насловивме „Нашата лустрација“. Водител ќе биде Жарко Трајаноски, а првиот гостин на Зборно место е Стојан Андов. | |  | |  | |  | |
ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“ 28.09 ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“
Кочани, 28 септември 2010
Во вторник, 28.09.2010, со почеток во 18 часот во ОУ „Кирил и Методиј“ во Кочани ќе се одржи последователната, осма форумска сесија на тема „Инфраструктурно уредување на градот и околните населени места“. На сесијата ќе бидат претставени резултатите од спроведените проекти изгласани од форумот и реализирани со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка (6 милиони денари) и Општина Кочани (2 милиони денари).
|  |  |  |
ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ! - 28.09. ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ!
28 септември – Right To Know Day
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, по повод 28 септември - Меѓународниот ден за слободен пристап „Имам право да знам“, утре (28.09.2010), на Плоштадот „Македонија“ во Скопје, од 10 до 15 часот, организира јавен настан за промовирање на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Во рамките на настанот ќе се одржи и прес-конференција со почеток во 11 часот. | |  | |  | |  | |
ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“ 27.09 ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“
Ново Село, 27 септември 2010
Во понеделник, 27.09.2010, со почеток во 15 часот во ресторанот „Мичел“ во Ново Сeло ќе се одржи последователната, осма форумска сесија на тема „Подобрување на комуналната инфраструктура и животната средина“. На оваа сесија ќе бидат претставени резултатите од спроведените проекти изгласани од форумот и реализирани со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка (6 милиони денари) и Општина Ново Село (2 милиони денари). |  |  |  |
ИЗВЕСТУВАЊЕ ИЗВЕСТУВАЊЕ
Брифингот „Можна ли е стабилна Европа без стабилизација на Балканот?“ се откажува
Почитувани,
заради патувањето на гостинката Гунила Херолф, брифингот, закажан за утре, 25 септември 2010 година, во ГЕМ клубот нема да се одржи.
Се извинуваме за непријатностите.
Со почит,
Фондација Институт отворено општество – Македонија
Македонски центар за европско образование
| |  | |  | |  | |
TETOВO 24.09 АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА ВО ТЕТОВО
Во организација на Фондацијата Институт отворено општество-Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), на 24 септември 2010, со почеток во 12 часот, во Дебатна сала во Ректоратот на Универзитетот „Југоисточна Европа“ во Тетово, ќе се одржи тематската дебата „Интегрирањето во ЕУ како инструмент за стабилност и безбедност“.
На настанот ќе говорат амбасадорите Луис де Алмеида Сампајо, од Португалија и Александра Пападопулу, шеф на Канцеларијата за врски на Грција и Алешка Совињц, заменик амбасадор на Словенија, како и Гунила Херолф истражувач од Стокхолмскиот институт за меѓународни мировни студии (SIPRI), членка на Извршниот одбор на Транс-европската асоцијација на истражување на политиките (TEPSA).Локални говорници на настанот ќе бидат професорите Стево Пендаровски, Мерсел Биљали и Блерим Река. |  |  |  |
АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА ВО ВЕЛЕС АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА ВО ВЕЛЕС
Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) на 15 септември (среда), 2010 година, со почеток во 12 часот, ќе ја одржат тематската конференција „ Што битно се промени по пристапувањето во членство во ЕУ? “, дел од проектот „Акција за Европа“. Конференцијата ќе се одржи во Ликовниот салон при Музејот на Општина Велес.
На конференцијата ќе зборуваат амбасадорите на Словачка, Полска и Унгарија: Роберт Кирнаг, Дариуш Карол Бахура и Ференц Кекеши, потоа Милан Фишер заменик-амбасадор на Чешка како и новинарот Васко Попетрески и професорот Сефер Тахири. | |  | |  | |  | |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА 23.08.2010 ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА
Фондацијата Институт отворено општество - Македонија ќе одржи прес-конференција во просториите на ГЕМ Клубот (Стара скопска чаршија, над Менада), во понеделник 23 август 2010 година, со почеток во 11:00 часот. На прес-конференцијата, ќе бидат презентирани наодите од анализата на ФИООМ: „Квалитетот на високото образование под прашање-Дисперзијата како македонски феномен“.
Анализа се занимава со можните причини за дисперзијата на високото образование и со различните аспекти на нејзиното спроведување, нуди сумарен преглед на мислењата на универзитетскиот кадар и пошироката јавност за дисперзираните студии искажани во медиумите, а дава и препораки за натамошни чекори. |  |  |  |
Работилница Управување со личните финансии 21-23.7.2010. Од 21 до 23 јули 2010 во ГЕМ клубот (Стара чаршија) со почеток во 17 часот ќе се одржи работилница на тема „Финансиска писменост и управување со долг“.
Цел на работилницата е учесниците да се стекнат со основни знаења за управување со личните финансии и како правилно да ги планираат трошоците и да управуваат со нив, односно како свесно да се заштитат од презадолженост. | |  | |  | |  | |
Информативна средба со граѓани 05.07.2010 Правна програма
Слободен пристап до информации, средби со граѓани
Македонското здружение на млади правници и Фондацијата Институт отворено
општество – Македонија на 5 јули 2010 година (понеделник) во 10 часот, ќе
остварат информативна средба со граѓани заради запознавање со правото на
пристап до информации од јавен карактер.
За таа цел, од 10 до 13 часот, пред зградата на Народна банка на Република
Македонија ќе биде поставен штанд на кој ќе се делат едукативни брошури за
слободен пристап до информации од јавен карактер. Истовремено
заинтересираните граѓани ќе можат да постават прашања и да добијат правна
помош во врска со слободниот пристап. |  |  |  |
ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА 07.07.2010 ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА НА ТЕМА „ПРЕДИЗВИЦИ ПРЕД ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ“
По повод почетокот на имплементацијата на Законот за бесплатна правна помош, ФИООМ и Македонското здружение на млади правници, во рамките на проектот „Следење на примената на Законот за бесплатна правна помош“, организираат информативна средба со здруженијата кои во рамките на своите активности пружаат бесплатна правна помош. Средбата ќе се одржи на 7 јули (среда) 2010 година, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје (сала Милениум 2), со почеток во 9:45. | |  | |  | |  | |
Трибина на ГЕМ во Куманово Трибина на ГЕМ во Куманово
Иницијативата „Граѓани за Eвропска Македонија“ (ГЕМ), во вторник, 29 јуни 2010 година, во 18 часот, во просториите на Советот на Општина Куманово (зграда на поранешен Комитет), ја организира трибината „Можеме ли во НАТО и ЕУ без компромис?“
На трибината ќе говорат иницијаторите (Бранко Героски, Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Владимир Милчин, Жарко Трајаноски и Роберто Беличанец) и членови на ГЕМ.
|  |  |  |
Отворен штанд и правна помош за граѓаните – 28. 06. 2010 Отворен штанд и правна помош за граѓаните – 28. 06. 2010
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Македонското здружение на млади правници, во понeделник, 28 јуни 2010 година, од 10 до 14 часот, пред зградата на МРТВ ќе постават штанд за пропаганден материјал и на заинтресираните граѓани ќе им даваат правна помош поврзана со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
| |  | |  | |  | |
ИНИЦИЈАТИВАТА „ГРАЃАНИ ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА“ ВО АКЦИЈА - 08-23.06.2010 ИНИЦИЈАТИВАТА „ГРАЃАНИ ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА“ ВО АКЦИЈА Иницијативата „Граѓани за Eвропска Македонија“ (ГЕМ) започнува нова серија средби со македонските граѓани. Иницијаторите на движењето „Граѓани за Eвропска Македонија“ Владимир Милчин, Бранко Героски, Никола Гелевски, Роберто Беличанец, Мерсел Биљали и Жарко Трајаноски ќе продискутираат со граѓаните на тема Можеме ли во НАТО и ЕУ без компромис? Македонија се наоѓа во еден од позначајните моменти во процесот на евроинтеграција, а тоа е поводот за средба и конструктивна дебата со граѓаните. Распоред на трибините:
- 23 јуни 2010 - Битола, Младински културен центар во 18 часот |  |  |  |
Тркалезна маса - “Заштита на личните податоци при нивното медиумско објавување” - 18.06.2010 Тркалезна маса “Заштита на личните податоци при нивното медиумско објавување” Дирекцијата за заштита на личните податоци и Фондацијата Институт отворено општество - Македонија ја организираат тркалезната маса “Заштита на личните податоци при нивното медиумско објавување”, која ќе се одржи на 18 јуни 2010 година (петок), во хотелот „Холидеј Ин“, сала „Милениум 2“, со почеток во 10:00 часот. | |  | |  | |  | |
АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА ВО КАВАДАРЦИ - 16.06.2010 АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА ВО КАВАДАРЦИ
Акцијата за Европа, во организација на ФИООМ и МЦЕТ, продолжува на 16 јуни 2010 во Кавадарци, со конференцијата „Подарокот од Бахус - Вино“. Конференцијата ќе се одржи во хотелот Фени, со почеток во 12 часот, а ќе се разговара на две теми: индустрија која се прилагодува на променливиот вкус и виното како начин и можност за економски развој.
Пред конференцијата ќе се одржи дискусија за надворешната политика на која Александра Пападопулу, амбасадор на Грција, Симон Филипини, амбасадор на Холандија и Роберт Кирнаг, амбасадор на Словачка ќе зборуваат за надворешно-политичките приоритети на своите држави vis-a-vis Европската унија, политиката на проширување и Република Македонија, како и за приоритетите во однос на политиката за животна средина. Дискусијата за надворешната политика ќе започне во 11 часот. |  |  |  |
Потпишување на Меморандум за соработка - 16.06.2010 Потпишување на Меморандум за соработка за јакнење на капацитетот на Комисиите за односи меѓу заедниците преку проектот МЕК Во рамките на проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи со заедниците и граѓаните“ (МЕК) на 16 јуни 2010 година (среда) од 10.00 до 11.00 часот во просториите на ГЕМ Клубот во Стара Чаршија во Скопје, градоначалниците на Гостивар, Дебар, Тетово и Чаир ќе потпишат меморандум за соработка со Фондацијата Метаморфозис. | |  | |  | |  | |
Целовечерна трибина - 15.06.2010 Целовечерна трибина Што ѝ нуди Република Македонија на својата младина? (и обратно) Иницијативата Граѓани за европска Македонија (ГЕМ) и Младински образовен форум (МОФ) на 15.06.2010 (вторник), во 19:30 часот, во ГЕМ клубот (над Менада), организираат целовечерна трибина на која ќе се дискутира околу неизвесната иднината на младите во Македонија и ризиците кои произлегуваат од одложувањето на интеграцијата во ЕУ. Во рамки на настанот ќе се реализираат две дебати и презентација на активностите на повеќе младински организации од Македонија. |  |  |  |
АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА ВО КОЧАНИ 14.06.2010 АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА ВО КОЧАНИ
Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) на 14 јуни (понеделник), 2010 година, со почеток во 12 часот, ќе ја одржат тематската конференција „Енергетска ефикасност – европски искуства и македонски перспективи “, дел од проектот „Акција за Европа“. Конференцијата ќе се одржи во свечениот амфитеатер на Правниот факултет во Кочани, со учество на експерти од Македонија и од странство, како и учесници од повеќе градови од Република Македонија.
На првата тема на конференцијата, „Енергетска политика: каде сме и што следно треба да сториме?“ ќе зборуваат Саше Паневски од Македонски центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ, претставник од Министерство за економија и експертот Славе Ивановски.
На втората тема, „ Европските фондови за поддршка на енергетските проекти“ ќе зборуваат Габриела Костовска-Богоеска од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР)-ЕИИЦМ Конзорциум, Мирјана Апостолова од Град Скопје, Соња Гушкова од Геотерма – Кочани и Даниел Александар Шрот од Мисијата на Европската унија .
Пред конференцијата ќе се одржи и дискусија за надворешната политика во која Н.Е. Алојз Краут, амбасадор на Австрија и Соња Боне, прв секретар, ќе зборуваат за приоритетите на надворешната политика на Австрија и Германија vis-à-vis ЕУ, проширувањето и Македонија, како и приоритети на енергетската политика. Дискусијата за надворешната политика ќе започне во 11.00 часот. | |  | |  | |  | |
ПОТПИШУВАЊЕ НА ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ И НАТО - 11.06.2010 ПОТПИШУВАЊЕ НА ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ И НАТО
Лидерите на политичките партии кои ја прифатија Декларацијата за Македонија во ЕУ и НАТО, ќе ја потпишат на свеченоста што ќе се одржи во Клубот на ГЕМ во старата скопска чаршија (Менада) во петок 11.06.2010 година во 12 часот. Декларацијата за Македонија во ЕУ и НАТО е иницирана од движењето „Граѓани за Европска Македонија“ и е поддржана од над 54 здруженија на граѓани и фондации. |  |  |  |
АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА ВО СТРУМИЦА 11.06.2010 АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА ВО СТРУМИЦА
Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) на 11 јуни (петок), 2010 година, со почеток во 12 часот, ќе ја одржат тематската конференција „Да зборуваме за животната средина“, дел од проектот „Акција за Европа“. Конференцијата ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица со учество на експерти од Македонија и од странство, како и учесници од повеќе градови од Република Македонија.
Конференцијата ќе опфати две теми, европското искуство во финансирање и развој на земјоделството и македонски перспективи за развој на земјоделството.
На конференцијата ќе зборуваат Јан Баршвари од Проект за поддршка на подготовката на ИПАРД, Иван Меккачион од Друштвото за соработка на Западен Корк, Маргарита Делева од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Данијела Андонова од Фондацијата Евро центар – Св. Николе. | |  | |  | |  | |
Проекција на "The Future is Unwritten" 09.06.2010 ВЕЧЕРВА 9 ЈУНИ 2010 Проекција на "The Future is Unwritten" - Joe Strummer и музика 22.00 часот во ГЕМ клубот |  |  |  |
ПРОМОЦИЈА НА ПУБЛИКАЦИИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ - 07.06.2010 ПРОМОЦИЈА НА ПУБЛИКАЦИИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ФИООМ и Дирекцијата за заштита на личните податоци организираат промоција на публикациите: „Коментар на Законот за заштита на личните податоци“ и „Прирачник за практично спроведување на Правилникот за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци“. Промоцијата ќе се одржи на 7 јуни 2010 година (понеделник) во хотелот Холидеј Ин, сала Милениум 2, со почеток во 10:00 часот. Дополнително, промоцијата ќе биде пропратена со дискусија на тема: “Проблемите и предизвиците во имплементирањето на законската и институционалната рамка за заштита на личните податоци во Република Македонија“. | |  | |  | |  | |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА 04.06.2010 ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) ќе одржат прес-конференција во петок (04 јуни 2010), со почеток во 11 часот, во просториите на клубот на ГЕМ (ул. Караорман ББ во Старата чаршија, над локалот Менада).
Повод за средба со новинарите се резултатите од посетата на претставници од овие две организации на Сараево и нивноте обраќање во има на повеќе од 480 НВО од целиот Западен Балкан до лидерите на ЕУ. Главна порака на обраќањето беше интегрирањето на Западен Балкан во ЕУ да остане приоритет за институциите и државите членки на ЕУ. Посета се одвиваше непосредно пред започнувањето и во текот на самитот ЕУ- Западен Балкан во Сараево, кој се одржа на 2 јуни 2010 година. |  |  |  |
ПРОМОЦИЈА НА МАКЕДОНСКОТО ИЗДАНИЕ НА ПУБЛИКАЦИЈАТА 03.06.2010 ПРОМОЦИЈА НА МАКЕДОНСКОТО ИЗДАНИЕ НА ПУБЛИКАЦИЈАТА
ТЕМНАТА СТРАНА НА РЕВОЛУЦИЈАТА Што е СЛОБОДАТА без мудрост и без доблест? Таа е најголемото од сите можни ЗЛА. Од праведниот и почитуван ЕДМУНД БЕРК.
Настанот ќе се одржи во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија во четврток, 3 јуни 2010 година во 12.00 часот. | |  | |  | |  | |
ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМ И МУЗИКА – Боб Дилан - 02.06.2010 ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМ И МУЗИКА – Боб Дилан
Во ГЕМ клубот (поранешна Менада) во Старата скопска чаршија љубителите на добрата музика ќе имаат можност да го гледаат филмот „Не гледај назад“ (Don’t Look Back) со Боб Дилан.
среда 2 јуни 2010 почеток во 21 часот, влез слободен. |  |  |  |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА 01.06.2010 ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА Мониторингот на јавните набавки, јануари-март 2010
Резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки се содржани во Кварталниот извештај за резултатите од мониторингот на јавните набавки во Република Македонија, јануари-март 2010 година, ќе бидат претставени на прес конференција на Центарот за граѓански комуникации, која ќе се одржи утре (вторник) на 1 јуни 2010 година, во хотелот Холидеј Ин (Дневна сала) во Скопје, со почетокот во 11.00 часот. Резултатите од мониторингот ќе ги претстават антикорупциските експерти, Вања Михајлова и д-р Никола Тупанчески. | |  | |  | |  | |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА 01.06.2010 GEM ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА Можеме ли во НАТО и ЕУ без компромис
Иницијаторите на движењето „Граѓани за Eвропска Македонија“ (ГЕМ), Владимир Милчин, Бранко Героски, Никола Гелевски, Роберто Беличанец, Мерсел Биљали и Жарко Трајаноски, утре, 1 јуни 2010 година, со почеток во 12 часот, во просториите на новиот клуб на ГЕМ, лоциран во Старата скопска чаршија (ул. „Караорман“ бб – поранешна „Менада“) ќе одржат прес-конференција. Повод за средба со новинарите е темата/прашањето „Можеме ли во НАТО и ЕУ без компромис“. |  |  |  |
мала свеченост 28.05.2010 ПРОГРАМА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА РОМИ
На 28 мај ( петок) со почеток во 12.00 часот во хотелот Holiday Inn ќе се одржи мала свеченост по повод матурирањето на 98 средношколци –стипендисти на Програмата за образование на Роми, финасирана од УСАИД, Детската фондација Песталоци, Ромскиот образовен фонд, ФИООМ и други донатори. На настанот ќе се промовираат постигнатите резултати при што покрај на матурантите, посебно место ќе им биде отстапено и на 44 студенти кои се стекнаа со универзитетски дипломи во текот на реализацијата на Програмата ( 2004-2010 година). На настанот ќе зборуваат: амбасадорот на САД, Н.Е Филип Рикер, министерот без ресор, г-дин Неждет Мустафа, министерот за образование, г-дин Никола Тодоров (не е потврдено), извршниот директор на ФИООМ, г-дин Владимир Милчин, и двајца корисници на програмата.
| |  | |  | |  | |
ОТВОРАЊЕ НА ГЕМ КЛУБОТ 28.05.2010 ОТВОРАЊЕ НА ГЕМ КЛУБОТ
Во Старата скопска чаршија, в петок, 28 мај 2010 година, во 20 часот свечено ќе се отвори новиот клуб на движењето „Граѓани за Eвропска Македонија“ (ГЕМ). Клубот е лоциран на ул. „Караорман“ бб – поранешна „Менада“.
На настанот ќе биде претставено и новото издание на ФИООМ за промоција на ромската современа музика, албумот I Šutka tani mo than (Шутка моето родно место). Албумот е компилација од 14 рап и хип хоп песни напишани и изведени од страна на млади и талентирани Роми од Македонија.
Едновремено, на отворањето на ГЕМ клубот ќе биде промовирана и публикација која ги содржи дискусиите од дебатата по повод промоцијата на книгата „Што не знаеше Орвел“. |  |  |  |
Обука за новинари „Дискриминацијата и медиумите“ 28-30.05.2010 ПРАВНА ПРОГРАМА Обука за новинари „Дискриминацијата и медиумите“ Со оглед на значењето на прашањето на борбата против дискриминацијата во Република Македонија, на состојбите во периодот пред и по донесувањето на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, како и на значењето и улогата на медиумите во борбата против дискриминацијата, ФИООМ, од 28-30 мај 2010 година, во хотелот „Бистра“ во Маврово, организира обука за претставници на средствата медиуми на тема „Дискриминација и медиуми“. Целите на обуката се следниве:
1. Запознавање со: општите принципи на начелото на еднаквост, новите светски и европски перспективи во областа на борбата против дискриминација и со новиот механизам воспоставен со Законот за спречување и заштита од дискриминација; 2. Запознавање и препознавање на формите на дискриминација и нивното претставување во медиумите; 3. Препознавање на значењето и улогата на медиумите во борбата против дискриминација. | |  | |  | |  | |
АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА - 26 МАЈ 2010 АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА - 26 МАЈ 2010
ФИООМ во соработка со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Младинскиот образовен форум (МОФ) и 11 локални невладини организации организира еднодневен настан во рамките на проектот „Акција за Европа“ во Велес.
Конференцијата на тема „Да зборуваме за животната средина“ ќе се одржи во Хотелот Романтик на Велешкото Езеро со почеток во 11 часот.
Преземете ја агендата (.pdf 62 KB) |  |  |  |
Втор меѓународен семинар 18-22.05.2010 Втор меѓународен семинар: Последипломски курсеви за Право, Човекови права и Грижа за пациентите
Меѓународниот семинар го организираат: ФИООМ, Мрежната програма за право и здравство од ИОО Њујорк, Програмата за грантови за човекови права од ИОО Будимпешта; и Медицинскиот и Правниот факултет од Скопје. Размена на искуства и знаења помеѓу експерти и професори од 7 земји на чии факултети дел од курикулумот е Право и здравство е целта на овој семинар.
Семинарот ќе се одржи од 18 до 22 мај, 2010 година, во х.Холидеј Ин, Скопје | |  | |  | |  | |
АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА 14 МАЈ 2010 АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА 14 МАЈ 2010
ФИООМ во соработка со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) ќе организира еднодневен настан во рамките на проектот „Акција за Европа” во Ресен (с.Крани и с. Брајчино) Конференцијата на тема „Алтернативен туризам – европски искуства и македонски перспективи“ ќе се одржи во с. Крани во ресторанот на автокампот Крани со почеток во 11 часот. |  |  |  |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА 13.05. ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА мај-јуни 2010 Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) ќе одржат прес-конференција утре (четврток), 13 мај 2010 година, во просториите на НВО Инфоцентарот, со почеток во 11 часот. Повод за средба со новинарите е почетокот на новиот циклус на активности и настани од проектот „АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА“. Активностите ќе започнат на 14 мај 2010 година во Ресен и потоа ќе продолжат се до 18 јуни 2010 година по следниот редослед: Струмица, Велес, Кавадарци и Кочани. Во овие градови ќе се одржат тематски конференции на кои ќе учествуваат повеќе амбасадори од државите-членки на Европската унија, како и експерти од соодветните сектори. | |  | |  | |  | |
Промоција 12.05.2010 Во рамки на потпрограмата „Книги за дебати за отвореното општество“ на 12.05.2010 со почеток во 17.30 часот во Регионалниот центар за одржлив развој во Гевгелија ќе се одржи промоција на три книги од едицијата „Градот“.
 |  |  |  |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА 04.05.2010 ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА
Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) ќе одржат прес-конференција во вторник, 4 мај 2010 година, во просториите на НВО Инфоцентарот, со почеток во 11 часот.
Повод за средба со новинарите е петтиот извештај од следењето на процесот на пристапувањето на Македонија во ЕУ за исполнувањето на приоритетите од Пристапното партнерство на Европската унија со Република Македонија, изработен во рамките на проектот „Accession Watch во 2010“ | |  | |  | |  | |
ПРАВНАТА КЛИНИКА 05.05.2010 ПРАВНАТА КЛИНИКА ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
По повод отворањето на Правната клиника за слободен пристап до информации од јавен карактер, на 5 мај (среда), 2010 година, со почеток во 13:00 часот, во малиот амфитеатар 2, на Правниот факултет „Јустинијан I“ ќе се одржи трибина, на која ќе говорат М-р Драган Гоцевски, асистент на Правниот факултет, Лазар Поп Иванов, координатор на студентската програма на Младински образвен форум и Сања Божовиќ, координатор на Правната клиника. |  |  |  |
КОНФЕРЕНЦИЈА 05.05.2010 КОНФЕРЕНЦИЈА: „Може ли да ни банкротира државата?“
Во организација на ФИООМ, на 05 мај 2010 година, во хотелот Холидеј Ин во Скопје со почеток во 10 часот, ќе се одржи конференцијата на тема „Може ли да ни банкротира државата?“, која ќе се фокусира на анализа на макроекономската политика во Република Македонија и ќе понуди стратегија и можни решенија за излегување од финансискиот и економски колапс и побрзо заздравување на економијата. | |  | |  | |  | |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА 30.04.2010 ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА
Коалиција „Сите за правично судење“, во петок, 30 април 2010 година, во просториите на НВО Инфоцентрот, со почеток во 12 часот, ќе одржи прес-конференција на која ќе бидат презентирани наодите и препораките од финалниот извештај на проектот „Јавност и транспарентност во судските постапки од областа на изборните нерегуларности“. |  |  |  |
Тркалезната маса 29.04.2010 Тркалезната маса: Јавност и транспарентност во судските постапки од областа на изборните нерегуларности
Во организацијата на Коалицијата „Сите за правично судење“, утре (четврток) 29 април 2010 година, во хотелот Бест Вестерн, со почеток во 10 часот, ќе се одржи тркалезната маса „Јавност и транспарентност во судските постапки од областа на изборните нерегуларности“.
На тркалезната маса ќе бидат презентирани наодите и препораките од спроведеното набљудување на судски предмети во врска со изборните нерегуларности, во основните судови низ Македонија. | |  | |  | |  | |
КОНФЕРЕНЦИЈА 23.04.2010 КОНФЕРЕНЦИЈА: Децентрализацијата во Република Македонија – забавена или заборавена
Во организација на ФИООМ, на 23 април 2010 година, во хотелот Холидеј Ин во Скопје со почеток во 10 часот, ќе се одржи конференцијата „Децентрализацијата во Република Македонија – забавена или заборавена“. Конференцијата, има за цел да направи анализа на клучните аспекти за моменталната состојба во која се наоѓа процесот на децентрализација, да ги лоцира предизвиците и да се обиде да изнајде дел од можните решенија заради целосна функционалност на децентрализацијата и поголема локална демократија. |  |  |  |
ЈАВНА ДИСКУСИЈА 23.04.2010 ЈАВНА ДИСКУСИЈА:
Остварување на правото на образование во Република Македонија, со посебен осврт на образованието на децата Роми
Програмата за образование на Роми при Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поддржана од Детската фондација Песталоци од Швајцарија, на 23 април 2010 година, во 11 часот, во салата Дипломатик на Скопски Саем, организира јавна дискусија на која ќе биде презентиран алтернативниот извештај „Коментар за остварување на правото на образование во Република Македонија – со посебен осврт на образованието на децата Роми”. | |  | |  | |  | |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА 19.04.10 ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Имплементација на Законот за бесплатна правна помош
ФИООМ и Македонското здрижение на млади правници ќе одржат прес-конференција во понеделник 19 април 2010 година, во просториите на НВО Инфоцентарот, со почеток во 12 часот.
Пвод за прес-конференцијата е претстојната имплементација на Законот за бесплатна правна помош, кој влезе во сила во јануари 2010 година, а ќе почне да се применува од јули 2010 година. |  |  |  |
Форуми во заедницата 24-29.03.2010 Програма Форуми во заедницата:
Седма сесија на меѓуопштинскиот форум во општините Могила и Новаци
на тема „Собирање смет“ ресторан „Колта“ - Могила, 29 март 2010, 14:00 часот
На последната сесија на заедничкиот форум на општините Могила и Новаци граѓаните ќе гласаат за подготвените четири проекти од работните групи на форумот и ќе ги изберат оние кои ќе бидат финансирани од проектиот фонд во вкупен износ од 8 милиони денари, од кои 6 милиони од СДЦ и по 1 милион од двете општини. | |  | |  | |  | |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА
ФИООМ, Коалицијата за заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници, Македонскиот Хелсиншки комитет и ЦИВИЛ на 23 март (вторник), 2010 година , со почеток во 11 часот, ќе одржат прес-конференција, во просториите на НВО Инфоцентарот.
Повод за средба со новинарите е актуелната хомофобична дебата околу Законот за заштита и спречување на дискриминација и директниот напад врз граѓанскиот сектор. |  |  |  |
КОНФЕРЕНЦИЈА 24.02.2010 КОНФЕРЕНЦИЈА
На 24 февруари 2010 година со почеток во 11 часот, во Дипломатик салата на Скопски саем ќе се одржи конференција по повод завршување на проектот „Еднакви образовни можности за децата Роми” финасиран од Амбасадата на Кралството Холандија. На конференцијата ќе учествуваат преставиници на сите партнери вклучени во реализацијата на проектот: ФИООМ, МОН, проектните училишта, невладините организации, општините. Покрај останатите говорници, во име на донаторот на конференцијата ќе се обрати Н.Е. Симоне Филипини, амбасадорката на Кралството Холандија во Република Македонија. | |  | |  | |  | |
КОНФЕРЕНЦИЈА 25.02.2010 КОНФЕРЕНЦИЈА
На 25 февруари 2010 во хотел “Стоун бриџ“ во 10.00 часот ќе започне завршната конференција од проектот “Политики за управување со отпад: Искуства и најдобри практики од ЕУ“. На неа ќе бидат презентирани меѓународни искуства од успешното управување со отпадот и инклузивни модели за вклучување на граѓанските организации во донесувањето одлуки за прашања поврзани со оваа проблематика.
Ќе учествуваат и претставници од граѓански организации од Полска, Словачка, Бугарија и Хрватска и ќе елаборираат ефикасни политики за застапување и нивните позитивни искуства за оваа проблематика.
Иницијативата е поддржана од ФИООМ програма Исток Исток: Прекугранични партнерства. |  |  |  |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, 25.02.2010 ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, 25.02.2010
Македонското здружение на млади правници, на прес-конференцијата што ќе се одржи на 25 февруари 2010 година, во просториите на НВО Инфоцентрот, со почеток во 11 часот, ќе го промовира Извештајот од спроведената анализа на состојбата на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за периодот 2006-2009 година.
| |  | |  | |  | |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, 24.02.2010 ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, 24.02.2010
Коалицијата „Сите за правично судење“, на 24 февруари 2010 година, во просториите на НВО Инфоцентар, ќе одржи прес-конференција со почеток во 11 часот.
На средбата со новинарите ќе биде презентиран годишниот извештај од проектот „Ефикасност во заштитата на човековите права при пречекорување на полициските овластувања“, за 2009 година. |  |  |  |
Програма Форуми во заедницата 22-24.02.2010 Програма Форуми во заедницата:
Шеста сесија на форумот во општина Крушево на тема „Комунална инфраструктура“ Пензионерски дом – Крушево, 24 февруари, 14:00 часот | |  | |  | |  | |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА на 22.02.2010 ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА на 22.02.2010
По повод објавувањето на Годишниот извештај од мониторингот на јавните набавки на централно ниво, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) во соработка со Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ќе одржат прес-конференција на 22 февруари 2010 со почеток во 11 часот во “Холидеј ин“, сала Милениум 2.
Интегралниот текст од извештајот ќе биде поставен на Интернет страната на ФИООМ по неговата промоција. |  |  |  |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА 16.02.2010 ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА
Презентација на правосилната пресуда за организаторите на протестот од Плоштад Слобода и Прва-Архи Бригада
Институтот за човекови права, утре, 16 февруари 2010 година, во просториите на НВО Инфоцентар, ќе одржи прес-конференција, со почеток во 10 часот. На средбата со новинарите ќе се презентира правосилната пресуда за случајот Прк.688/09-Ј, а кој се однесува на организаторите на протестот од Плоштад Слобода и Прва-Архи Бригада, одржан на 28 март, минатата година. За овој предмет, во рамките на проектот „Слобода наместо страв: Заштита на правото на мирно собирање и изразување јавен протест“, Институтот за човекови права обезбеди правна помош за обвинетите организатори на протестот. | |  | |  | |  | |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА 02.02.2010 ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА
„ПРАВИ ЛИ ВЛАДАТА СПОМЕНИК ОД ЕУ?“
По повод објавувањето на четвртиот Извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) ќе одржат прес-конференција, утре (вторник), 2 февруари 2010 година, во просториите на НВО Инфоцентарот, со почеток во 11 часот. |  |  |  |
Програма Форуми во заедницата Програма Форуми во заедницата:
1. Петта сесија на меѓуопштинскиот форум во општините Могила и Новаци на тема „Собирање смет“. Ресторан „Колта“ - Могила, 25 јануари 2010, 14:00 часот
2. Петта сесија на форумот во општина Крушево на тема „Комунална инфраструктура“. Пензионерски дом – Крушево, 27 јануари, 14:00 часот
| |  | |  | |  | |
Форум во заедниците во Општина Дебар Форум во заедниците во Општина Дебар, последователна сесија, 15 јануари 2010 година од 13 до 15 часот, во ОУ „Братство и единство“ Дебар. |  |  |  |
Четврта форумска сесија во Крушево на 23.12.2009 Програма Форуми во заедницата
Четврта форумска сесија во Крушево на 23.12.2009 со почеток во 14.00 часот во Пензионерскиот дом | |  | |  | |  | |
ПРОМОЦИЈА НА „ВОДИЧОТ МК@EU“ НВО Инфоцентарот во соработка со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) утре (четврток), 10 декември 2009 година, во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје (Дневна сала), со почеток во 11 часот, ќе ја промовираат алатката за новинари „Водич МК@EU“. Водичот птретставува алатка за истражување и аналитичко известување за процесот на пристапување во Европската унија. |  |  |  |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, 2.12.2009
Во пресрет на самитот на Министри и очекувањето Македонија да добие датум за започнување на преговори си Европската Унија, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) подготвија policy brief во кој се објаснуваат петте причини зошто Македонија треба да добие датум за преговори. Содржината на документот ќе биде објавена на прес-конференција утре (среда), 2 декември 2009 година, во просториите на НВО Инфоцентарот, со почеток во 11 часот. | |  | |  | |  | |
Форуми во заедницата – општина Крушево, 25.11.2009
На 25 ноември 2009 година, во Пензионерскиот дом во Крушево, со почеток во 14 часот, ќе се одржи третата форумска сесија. |  |  |  |
Форуми во заедницата – Могила и Новаци, 23.11.2009 Форуми во заедницата – Могила и Новаци, 23.11.2009
На 23 ноември 2009 година, во ресторан „Колта“ во Могила, со почеток во 14 часот, ќе се одржи третата сесија од меѓуопштинскиот форум во Могила и Новаци. | |  | |  | |  | |
конференција на Евроазиска иницијатива за безбедност на пациенти Во период 19-21 ноември 2009, во хотел Континентал, Скопје ќе се одржи завршната регионална конференција на Евроазиска иницијатива за безбедност на пациенти. Целта на настанот е размена на национални и регионални искуства во развивањето маханизми за подобрување на јавниот здравствен секотор во чиј центар се правата и безбедностите на пациентите.
|  |  |  |
Предизвиците во пресрет на донесувањето на Законот за бесплатна правна помош Тркалезна маса „Предизвиците во пресрет на донесувањето на Законот за бесплатна правна помош“
ФИООМ, во соработка со Проектот за поддршка на човековите права и Македонското здружение на млади правници, организира тркалезна маса на тема „Предизвиците во пресрет на донесувањето на Законот за бесплатна правна помош“. Настанот ќе се одржи на 20.11.2009 година (петок), со почеток во 9:45 часот, во Хотелот „Холидеј Ин“ (сала Милениум 1). | |  | |  | |  | |
Дали бизнис инкубацијата функционира? На 20 ноември 2009 год. на Скопски саем (сала Македонски бизнис центар) Фондацијата Претприемачки сервис за млади и фондацијата Институт отворено општество – Македонија организираат регионална конференција со наслов Дали бизнис инкубацијата функционира?
|  |  |  |
ГЕМ - Дебата во Скопје ГЕМ - Дебата во Скопје
Иницијативата Граѓани за Европска Македонија, в четврток, 19 ноември 2009, во х. „Александар Палас“ во Скопје, со почеток во 11 часот, ја организира дебатата „Притисоците врз слободата на изразувањето“. | |  | |  | |  | |
Форуми во заедницата – Струмица, 20.11.2009 Форуми во заедницата – Струмица, 20.11.2009
На 20 ноември 2009 година, во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 12 часот, ќе се одржи петтата сесија рамките на програмата „Форуми во заедницата“. На сесијата, граѓаните ќе разговараат за приоритетите кои ќе бидат вклучени во општинскиот буџет во 2010 година и ќе одлучат кој проект ќе биде финансиран од фондот на програмата „Форуми во заедницата“, во висина од 6 милиони денари. |  |  |  |
Зголемување на финансиската и управувачка автономија на месната самоуправа На 6 ноември, 2009 во 10 часот во хотелот “Александар палас“, Фондацијата Институт отворено општество - Македонија ќе одржи конференција со наслов „Зголемување на финансиската и управувачка автономија на месната самоуправа“. Целта на оваа конференција е да ги презентира наодите и искуствата стекнати со имплементацијата на истоимениот Проект имплементиран во Општина Крушево. | |  | |  | |  | |
GEM tribina 6.11.2009 Граѓанската иницијатива „Граѓани за Eвропска Македонија“, в петок, 6 ноември 2009 година, во 17.00 часот, во салата на Општина Велес, организира трибина за предизвиците на Република Македонија, пред декемвриската одлука на Советот на министри на ЕУ, за датумот за почеток на преговори. |  |  |  |
Прием На 30 октомври, 2009 во 12 часот во хотелот “Александар палас“, Фондацијата Институт отворено општество - Македонија ќе приреди прием по повод успешното завршување на средното образование на 106 средношколци Роми, стипендисти на проектот „Алијанса за вклучување на Ромите во образованието“. Проектот финансиран од Ромскиот образовен фонд од Будимпешта и спроведен во соработка со Управа за унапредување и развој на образованието на јазиците на припадниците на заедниците при Министерството за образование и наука на Република Македонија, обезбеди вкупно 1464 стипендии во изминативе четири години.
| |  | |  | |  | |
ГЕМ-Трибина во Тетово, 30.10.2009 Граѓанската иницијатива „Граѓани за Eвропска Македонија“, в петок, 30 октомври 2009 година, во 17.30 часот, во салата на општина Тетово, организира трибина за предизвиците на Република Македонија, пред декемвриската одлука на Советот на министри на ЕУ, за датумот за почеток на преговори. На трибината ќе говорат иницијаторите на ГЕМ: Бранко Героски, Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Владимир Милчин, Жарко Трајаноски и Роберто Беличанец.
Приклучете се! Заедно да ги удвоиме напорите за развивање на свесноста на граѓаните определени за Европска Македонија дека е неопходно да се исчекори последниот чекор, а институциите да се подготват за преговорите за членство во ЕУ. |  |  |  |
ДЕБАТА, 29.10.2009, Скопски саем ДЕБАТА, 29.10.2009, Скопски саем, 11.30 часот
По повод издавањето на збирката есеи „Што не знаеше Орвел“, ФИООМ, в четврток, 29 октомври 2009 година, на Скопскиот саем (сала Дипломатик), со почеток во 11.30 часот, организира дебата на која ќе се говори за есеите, но и за состојбите во македонското општество на темите обработени во збирката: пропаганда, извртување на вистина, пристрасност, манипулацијата со јавноста.
На дебатата ќе говорат: Климе Бабунски, Роберто Беличанец, Газменд Ајдини, Марјан Забрчанец, Александар Ивановски, Дамјан Здравев, Тања Милевска, Бранко Тричковски, Бранко Геровски и Сашо Орданоски, модератор Билјана Бејкова. | |  | |  | |  | |
Лисабон – Скопје – Атина: МК@EU На 28 октомври 2009 година во “Холидеј Ин“ во Скопје со почеток во 13.00 часот Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) организираат конференција „Лисабон – Скопје – Атина: МК@EU“ која ќе се фокусира на анализа на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија за 2009 година и на следните чекори кои Македонија треба да ги преземе со цел побрзо зачленување во ЕУ. |  |  |  |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА
Трет Извештај од мониторингот на процесот на јавни набавки во Република Македонија ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА Трет Извештај од мониторингот на процесот на јавни набавки во Република Македонија
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија и Центарот за граѓански комуникации, денеска, 22 октомври 2009 година, ќе одржат прес-конференција на која ќе биде промовиран третиот Извештај од мониторингот на процесот на јавни набавки во Република Македонија.
Прес-конференцијата ќе се одржи во хотелот Холидеј ин, Скопје, со почеток во 11 часот. | |  | |  | |  | |
Конференција „Децентрализацијата – можност за потолерантни општини“ Конференција „Децентрализацијата – можност за потолерантни општини”
Во организација на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и здружението „Заеднички вредности”, на 22 октомври 2009 година, во салата Милениум 1, хотел „Холидеј Ин”, со почеток во 10 часот, ќе се одржи завршната конференција на проектот „Живеење во мултиетничка средина - граѓани со еднакви права, можности и заштита”.
Конференција „Децентрализацијата – можност за потолерантни општини” ќе ја отворат Н.Е. Ерван Фуере, шефот на Делегацијата на Европската комисија и специјален претставник на Европската Унија во Македонија, Владимир Милчин, Извршен директор на ФИООМ и Хајрије Ахмед, Претседател на здружението „Заеднички вредности” од Скопје. |  |  |  |
Живеење во мултиетничка средина Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита
Работилници за промоција на „Прирачник за отстранување на дискриминацијата врз основа на етничката припрадност“:
· 13 октомври 2009 г. (вторник) од 16:00 до 18:00 часот во х. „Оаза“, Штип.
| |  | |  | |  | |
Програма за економски реформи Програма за економски реформи
Во рамки на проектот “Подобра абсорпција на ЕУ фондовите”, во неколку општини ќе се спроведат информативни работилници за земјоделци за ИПАРД:
- 6 октомври 2009, 13:00 часот, општина Чешиново – Облешево (сала на месна заедница на Облешево) - 6 октомври 2009, 18:00 часот, општина Струмица (Дом на АРМ) - 7 октомври 2009, 12:00 часот, општина Свети Николе (сала на Собрание на општината)
|  |  |  |
Прес конференција ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА
По повод објавувањето на третиот Извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) ќе одржат прес-конференција ,утре (среда), 7 октомври 2009 година, во просториите на НВО Инфоцентарот, со почеток во 10:30 часот.
| |  | |  | |  | |
Евалуација на проект Финансиска писменост за ромски домаќинства со ниски приходи Програма за економски реформи
Евалуација на проект Финансиска писменост за ромски домаќинства со ниски приходи
На 3 и 4 октомври 2009 во хотел Континентал, Скопје ќе се одржи евалуација на 15 работилници за финансиска писменост за ромски домаќинства кои ги посетувале над 150 учесници.
|  |  |  | АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА: ДЕН III – MK @ EU
АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА: ДЕН III – MK @ EU
Распоред на настаните:
Штип, 17.09.2009
Прилеп, 22.09.2009
Дебар, 24.09.2009
Струга, 25.09.2009
Кичево, 29.09.2009
Битола, 03.10.2009
| |  | |  | |  | |
Forumi vo zaednicata Форуми во заедницата
На 1 октомври 2009 год., од 12 до 15 часот во Домот на АРМ, ќе се одржи првата сесија од буџетскиот форум кој ќе се реализира во општина Струмица.
|  |  |  |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА - „ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ“: 28 септември - Меѓународен ден на слободниот пристап до информации од јавен карактер ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА
„ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ“: 28 септември - Меѓународен ден на слободниот пристап до информации од јавен карактер По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на слободниот пристап до информации од јавен карактер, на 28 септември 2009 година (понеделник), Фондацијата Институт отворено општество Македонија – ФИООМ, Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, Македонското здружение на млади правници и Младинскиот образовен форум организираат прес-конференција во хотелот Холидеј Ин (Дневна сала), со почеток во 11.30 часот. | |  | |  | |  | |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ФИООМ ќе одржи прес-конференција на 3 септември 2009 година, во хотелот Холидеј Ин (Дневна сала) на која ќе го објави новиот Ургентен фонд. На пресот ќе ги соопшти критериумите за распределбата на средствата од Фондот. Ургентниот фонд е одговор на глобалната финансиска криза на американскиот финансиер и филантроп Џорџ Сорос. |  |  |  | Меморандум за соработка
Денеска во 12ч. Министерството за образование и ФИООМ ќе потпишат Меморандум за соработка за помош за образованието на сиромашните…Со средствата на ФИООМ ќе биде обезбеден училишен прибор за околу 10.000 ученици од основните училишта чиишто родители се најпогодени од економската криза. | |  | |  | |  | |
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ФИООМ, Македонскиот центар за европско образование-МЦЕО, и Младинскиот образовен форум-МОФ, ќе одржaт прес-конференцијата утре, 1 септември 2009 година, во просториите на НВО Инфоцентарот, со почеток во 11.00 часот.
Повод за средба со новинарите е почетокот на вториот циклус на активности и настаните на отворено од проектот „АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА“. Активностите ќе започнат на 02 септември 2009 година во Кратово и потоа ќе продолжат се до 03 октомври 2009 година по следниот редослед: Гевгелија, Струмица, Неготино, Штип, Велес, Ресен, Прилеп, Дебар, Струга, Кичево и Битола.
|  |  |  | Публикација Предлог државна стратегија
ФИООМ организира промоција на публикацијата: „Предлог државна стратегија за решавање на спорот со Република Грција во врска со името на Република Македонија“ од авторот Стојан Андов, пратеник на Либералната партија.
Промоцијата ќе се одржи на 17 јули 2009 година (петок), со почеток во 11 ч. во х. Холидеј Ин (сала Скала). | |  | |  | |  | |
Прес конференција По повод објавувањето на втор Извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, и Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) ќе одржат прес-конференција утре (четврток), 09 јули 2009 година, во просториите на НВО Инфоцентарот, со почеток во 11 часот. |  |  |  |
Прес-конференција по повод одржувањето на вториот голем мултиетнички хепенинг „Под исто сонце“ Прес-конференција по повод одржувањето на вториот голем мултиетнички хепенинг „Под исто сонце“
ФИООМ ќе ги презентира сите детали за програмата, местото и времето на одржување хепенингот на утрешната прес-конференција, 30.06.2009 година (вторник), во Културниот центар „Точка“, со почеток во 13 часот.
На прес-конференцијата ќе говорат Бени Шаќири и членови на бендот „Паркети“, Сунчица Костовска - Петровска од ФИООМ, Сабахета Мерсими од Организацијата на жени Житоше и Емра Куртишова од „Зелената гуска“. | |  | |  | |  | |
Tркалезната маса 30.06.2009 Tркалезната маса на која ќе се расправа по документот за јавни политики на ФИООМ:
Долг е патот до општество базирано на знаење - Македонското образование во светло на реперите и индикаторите за „Образование и обука 2010“-Програма за работа на Европската комисија.
Тркалезната маса ќе се одржи на 30 јуни (вторник), 2009 година, со почеток во 11 часот, во Скопски саем (сала Дипломатик).
|  |  |  |
Програма Форуми во заедниците, распоред на форумски сесии во јуни 2009 Програма Форуми во заедниците, распоред на форумски сесии во јуни 2009
Последна форумска сесија во Општина Ново Село
Граѓаните одлучуваат кои проекти ќе бидат финансирани од програмата Форуми во заедниците,
на 24.06.2006 во 20.00 часот во ресторан „Сонце“, с. Борисово
Последна форумска сесија во Општина Кочани
10 проекти во конкуренција за фонд од 8 милиони денари,
на 25.06.2009 година во 18.00 часот во ОУ „Кирил и Методиј“ | |  | |  | |  | |
ФИООМ и Центарот за граѓански комуникации во рамките на програмата Реформа на јавната администрација и локалната власт ФИООМ и Центарот за граѓански комуникации во рамките на програмата Реформа на јавната администрација и локалната власт
Трибина „Извештајот за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки во РМ“. Настанот ќе се одржи на 23 јуни 2009 година (вторник), во хотелот Холидеј Ин (Дневна сала), во Скопје, во периодот од 10.00 до 12.00 часот. |  |  |  |
ГЕМ – Распоред на трибини во јуни 2009 ГЕМ – Распоред на трибини во јуни 2009:
Иницијативата „Граѓани за Европска Македонија“ во јуни 2009 ќе одржи трибини во:
- ПРИЛЕП, 15 јуни (понеделник), Центар за култура „Марко Цепенков“, 18.30 часот. | |  | |  | |  | |
Распоред на мајски трибини - ГЕМ Движењето „Граѓани за Европска Македонија“, распоред на мајски трибини:
- 29 мај (петок), ВЕВЧАНИ, сала на Општина Вевчани, 18.30 часот |  |  |  |
Прес-конференција 21 мај Фондацијата Институт отворено општество - Македонија ќе одржи прес-конференција во просториите на НВО Инфоцентарот, утре (четврток) 21 Мај 2009 година, со почеток во 11:00 часот.
На прес-конференцијата, ќе бидат презентирани наодите од документот за јавни политики на ФИООМ: „Долг е патот до општество базирано на знаење: Македонското образование во светло на реперите и индикаторите за „Образование и обука 2010“ Програма за работа на Европската Комисија. | |  | |  | |  | |
Акција за Европа - Кичево “Акција за Европа“ во сабота 15-ти мај 2009 во Кичево, хотел Унион, организатори: ФИООМ, МЦЕО и МОФ. Теми за дебатите: 11-13часот“Македонија и европската унија“; 13.30-14.30часот “Се‘ што сакавте да знаете, а немавте кого да прашате за ЕУ“; 15-16часот “Иднината на Македонија во Европската унија-младинската перспектива“ |  |  |  |
Акција за Европа - Прилеп “Акција за Европа“ во четврток 14-ти мај 2009 во Прилеп хотел Салида, организатори: ФИООМ, МЦЕО и МОФ. Теми за дебатите: 11-13часот “Македонија и европската унија“; 13.30-14.30часот “Се‘ што сакавте да знаете, а немавте кого да прашате за ЕУ“; 15-16часот “Иднината на Македонија во Европската унија-младинската перспектива“ | |  | |  | |  | |
Прес-конференција ФИООМ ќе одржи прес-конференција во просториите на НВО Инфоцентарот, утре (четврток) 14 Мај 2009 година, со почеток во 11:00 часот.
На прес-конференцијата, ќе бидат презентирани резултати од Истражувањето за перцепцијата на граѓаните во Република Македонија за остварувањето на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и оцената на имателите на информации за примената на правото.
|  |  |  |
Трибина - Гостивар - Граѓани за европска Македонија Во среда, 13 мај 2009 година, ќе се одржи трибина во Центарот за култура во Гостивар, со почеток во 18.30 часот. Трибината ја организира граѓанската иницијатива „Граѓани за Европска Македонија”. Основната идеја на оваа иницијатива е да поттикне интензивна граѓанска дебата за состојбите и перспективите на Република Македонија. Ве молиме вашето присуство да го пријавите на тел. (02)3113966 или по e-mail: anita@cv.org.mk најдоцна до 12 мај 2009 година (вторник) до 12 часот. | |  | |  | |  | |
Промоција на историски читанки Понеделник, 21 јануари 2008 Со почеток во 11 ч. на Скопскиот саем (Бизнис сала), ФИООМ и Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа ќе ги промовираат историските читанки на македонски и на албански јазик. Читанките се иновативни алтернативни наставни материјали што ќе им помогнат на наставниците да ја збогатат и унапредат наставата по историја.
|  |  |  |
Прес-конференција за имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Во петок на 31 август 2007 година, со почеток во 12:30 часот, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со партнерите на проектот Имплементација на слободниот пристап до информации ќе одржат прес-конференција на тема: Една година потоа: Извештај од имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Прес-конференцијата ќе се одржи во просториите на НВО Инфоцентар. | |  | |  | |  | |
Гледај најгласно!!! Патувачка филмска ревија на музички документарци од регионот + дискусии и трибини (...интимни приказни на креативни поединци кои можеби даваат а можеби и не, некакви поинакви објаснувања за сите случувања во изминативе децении на Балканот....)
12/13 Септември 2007 Битола (во соработка со ЦКД - Битола)
14/15 Септември 2007 Скопје (во соработка со ГБ Браќа Миладиновци - Скопје)
16/17 Септември 2007 Кочани (во соработка со кафе бар PUB B&G)
Организација: Corpus Delicti Records
Консултации: Здружение на љубители на филм - Винковци
Финансиски помогнато од: Фондација Институт Отворено Општество Македонија
Скопје
14.09.2007
19:00 - 19:30 Kad se neko necem dobrom nada by Brankica Drašković (Obojeni Program) 28”
19:35 - 21:05 Nevidljiva nacija by Darko Kovacevic (Suboticka rock scena) 90”
21:05 - 21:35 пауза/разговор со Darko Kovacevic
21:35 - 23:25 Kad Miki Kaze da se boji by Ines Pletikos (Azra) 106”
23:25 - 23:55 пауза/разговор со Ines Pletikos
23:55 - 01:00 Divided States Of America by Sašo Podgorshek (Laibach) 64“
15.09.2007
19:00 - 20:40 ТРИБИНА: (Архивирање на музиката: носталгија или нечија заслуга)
20:40 - 20:50 Гето 103 by Јане Алтипармаков (Канал 103) 11”
20:55 - 21:40 Shuffle: Politics, bullshit and rock'n'roll by Edon Rizvanolli & Ylber Mehmedali
(Kosovska rock scena) 42”
21:40 - 22:10 пауза/разговори со Јане Алтипармаков и Ylber Mehmedali
22:10 - 23:00 Dolgcajt by Igor Zupe (Pankrti) 47”
23:00 - 23:30 пауза / разговор со Dushan Hedl
23:30 - 01:00 Ritam rock plemena by Bernardin Modrić (Rijecka scena) 90”
Битола/Кочани
1 ден.
19:10 - 20:15 Divided States Of America (Laibach) 64“
20:20 - 21:05 Shuffle: Politics, bullshit and rock'n'roll (Kosovska rock scena) 42”
21:05 - 21:35 пауза
21:35 - 23:20 Kad Miki Kaze da se boji (Azra) 106”
23:25 - 00:00 Kad se neko necem dobrom nada (Obojeni Program) 28”
Битола/Кочани
2 ден.
19:00 - 19:10 Гето 103 (Канал 103) 11”
19:15 - 20:05 Dolgcajt (Pankrti) 47”
20:05 - 20:35 пауза/разговор со Dushan Hedl
20:35 - 22:05 Nevidljiva nacija (Suboticka rock scena) 90”
22:05 - 22:35 пауза / разговор со Darko Kovacevic
22:35 - 00:00 Ritam rock plemena (Rijecka scena) 90”

(KAD SE NEKO NEČEM DOBROM NADA) (Србија)
• Траење: 28'
• Автор: Brankica Drašković
• Продукција: TV produkcija urbaNS
• Производство: 2001.
Ова е биографски документарен запис за дваесет години од постоењето на Обојени програм, еден од најзнач rock состави од Србија, со многу архивски кадрови и занимливости од кариерата на овој легендарен новосадски бенд. Упорноста и тврдоглавото инсистирање на истрајноста резултираа со импресивна кариера и прекрасни поп ремек-дела, кои малку кој бенд од овие простори ги има во својата песмарка. Квалитетот на песните на Кебра и специфичниот израз на бендот, ги издвојуваат во само еден тесен круг на ОДБРАНИ, на оние чии албуми и денес се слушаат со подеднаква возбуда. Филмот не е класична ретроспектива на постоењето на групата, туку повеќе е базиран на исповеди на членовите на бендот како и на коментари на разни уметници и новинари кои всушност, низ приказната за работата и значењето на на групата, зборуваат и за поширокиот друштвено политички контекст во кој групата се создаваше, и во кој низ сите овие 20 години успеваше да истрае.
(RITAM ROCK PLEMENA) (Hrvatska)
• Траење: 86'
• Автор: Bernardin Modrić
• Продукција: Istra film, Rijeka
• Произведено: 2005.
Филм за Ријечката rock сцена, која и до ден денешен остана една од највиталните во Хрватска. Филмот е исцрпен исказ, од почетокот на 60-те и самите почетоци на сцената, па се до рецентните протагонисти, со многу занимливи архивски материјали, до сега неприкажани. За жал, импресивен број на квалитетни песни и поединци, од Ријека, а кои ја обележаа тамошната алтернативна сцена, е тешко да се прикажат во само 90 минути. Кон крајот на 70-те, исклучително квалитетните punk rock блесоци ( Paraf , Termiti …), сега со овој филм, заслужено доаѓаат на површина и по прв пат имаме можност да видиме каков вид на млади бунтовни уметници создавала во овој град, работејќи подеднакво квалитетни песни како врсниците во Лондон, Загреб или Белград. Во жарот на урбаната герила, една генерација градејќи нова самосвест создаваше истовремено и нова популарна култура.
SHUFFLE: Politics, bullshit and rock'n'roll… (Косово)
• Траење: 42'
• Автори: Edon Rizvanolli & Ylber Mehmedaliu
• Продукција: 1244 Productions
• Производство: 2005.
Наградуван филм за алтернативната музичка сцена во Приштина. Емотивна приказна на животот на младите во најсиромашниот регион на овие простори. Потресна и возбудлива, искрена, исповест на млади луѓе кои не застануваат и покрај сите пројавени проблеми. 6 бендови, 6 приказни, 6 погледи на на подобар живот и обид за разбирање на несреќните околности во кои свирењето во punk банд се чини како храбар чин, а оптимизмот и добрата воља можат да послужат како пример. Во турбулентните меѓуетнички случувања и проблемите со кои мора да се живее, дел од нив како виновник за ситуацијата го посочуваат турбо-фолкот а дел од нив критички се навраќаат на недостатокот на професионализам и озбилност во пристапот и ангажманот.
DOLGCAJT (Словенија)
• Траење: 47'
• Автор: Igor Zupe
• Продукција: Nord cross production&VPK
• Производство: 2006.
Овој документарц е само почеток на еден поголем проект, за најважните албими во словенечката rock музика. Веројатно сосема природно се наметна (вели авторот) тоа да биде филм за љубљанските Pankrti, нивниот прв албум и нивното влијание на словенечкото ( и југословенското) општество. Овој филм е приказна за Pankrti, како прв бунтовнички punk банд чие влијание се чувствува и денес, раскажана низ приказна за временскиот контекст и влијанието кое на цивилното друштво јаи маше таквата револуција. Во филмот е реконструиран духот на времето во кое таа револуција се случуваше, 1980 -та година, годината кога умира Тито и кога повеќе ништо не можеше да остане исто. Тие случувања ги следиме низ очите на вистинскиот фан на групата, Marina Rosić, се разбира, и со уште многу разговори со протагонисти и сведоци на тие случувања. Токму како и punk музиката на Pankrti и филмот е динамичен, брз и директен.
(NEVIDLJIVA NACIJA) (Србија)
• Траење: 93'
• Автор: Darko Kovačević
• Продукција: Darko Kovačević
• Производство: 2006.
Ова е приказна за суботичката независна музичка сцена, со посебен акцент на социолошкиот аспект на ситуацијата во која тој град, и поединците кои се занимаваа со НЕШТО ДРУГО, се наоѓаа во деведесетите години од минатиот век. Lajko Felix , Ludolf Neum i njegov paranormalni džuboks, Džukele и многу други, се ликовите кои не се појавија на Површината, а имаа квалитетни приказни. Токму тие се појавуваат во филмот и ги кажуваат тие приказни. Одличниот Subotički festival и случувањата кои го обележаа овој град, се еден од лајтмотивите на оваа приказна, во која многу градови можат да се препознаат. Интимните приказни на сјајните креативни поединци даваат само едно од можните објаснувања за сите случувања од минатото десетлетие, на тие простори.
KAD MIKI KAŽE DA SE BOJI (Хрватска)
• Траење: 106'
• Автор: Ines Pletikos
• Продукција: HTV
• Производство: 2006.
Одлична приказна посветена на култните ликови од уште покултните песни на Johnny Štulić. Галеријата на ликови од митските загребски 80-и: Čera, Gracija, Kipo, Miki, Krvava Meri и сите останати кои што во нашите животи влегоа низ тие прекрасни песни, прикажани се во овој филм - каде се и што работат денес, како го заслужиле местото во тие песни....Премиерните изведби на снимки од АЗРА, уште од времето додека Johnny ја забавуваше својата екипа на тулумите, само се мала причина поради која вреди да се погледне овој филм. Во продукција на ХТВ, направена е одлична приказна која го потполнува мозаикот сложуван со години, мозаик кој што генерациите со задоволство повторно го сложуваат и гордо о го слават.
Divided States Of America (Словенија)
• Траење: 65'
• Автор: Sašo Podgoršek
• Продукција: Divided Artists
• Производство: 2005
Филмот ја следи Американската турнеја на словенската пост авангардна атракција, Laibach. Концертите се случуваат во 2004, во време на американските избори за претседател, на кои George W. Bush, за жал, победи по втор пат. Првиот, од серијата од 15 концерти, се случи во Washington, само еден ден по објавувањето на резултатите од изборите. ...”темни облаци го покрија небото и започна да врне”... Podgoršek го снимаше филмот во моментите кога започнуваше војната во Авганистан и Ирак и насекаде се зборуваше за опасноста од светски тероризам. ...Тие настани ја разделуваа Америка.
ГЕТО 103 (Македонија)
• Траење: 11'
• Автор: Јане Алтипармаков
• Продукција: МТВ & ФДУ
• Производство: 1999
Гето 103 е документарен филм за скопската алтернативна радио станица Канал 103. Формирана пред повеќе од 15 години, Канал 103 е еден од моторните погони на македонската алтернативна сцена. Она што го прави овој документарен филм уникатен, е тоа што не е само прв со оваа тематика, туку што користи и поавангардни филмски техники, не премногу често присутни во македонската кинематографија. Преку интервјуата со дел од соработниците на ова радио и преку визуелизирањето на интригантните џинглови, документарецот успева да одговори на повеќето прашања поврзани со 103-ка, а можеби и да продре во некои подлабоки теми. |  |  |  |
Прес-конференција за имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Во петок на 31 август 2007 година, со почеток во 12:30 часот, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со партнерите на проектот Имплементација на слободниот пристап до информации ќе одржат прес-конференција на тема: Една година потоа: Извештај од имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Прес-конференцијата ќе се одржи во просториите на НВО Инфоцентар. | |  | |  | |  | |
Експертска расправа за два закони со почеток во 11 часот, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје (сала Милениум 1) ќе се одржи експертска расправа по Предлог-законот за прекршоци и Предлог-законот за управен спор. Расправата ја организираат ФИООМ и Министерството за правда на Република Македонија |  |  |  |
Покана за конференција за печат 10 часот, во просториите на НВО Инфоцентарот во Скопје Покана за конференција за печат Младите во акција: финансиска и техничка помош за младинските НВО за проекти ориентирани кон заедницата | |  | |  | |  | |
Работен состанок по повод работната верзија на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности Работен состанок по повод работната верзија на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности со почеток во 15:00 часот во просториите на Фондацијата |  |  |  |
Јавна расправа за предлогот за донесување Закон за изменување и дополнувања на Законот за здруженијата на граѓани и фондациите Во хотелот „Холидеј Ин“, Скопје од 11:00 до 15:30 часот се одржува јавна расправа за предлогот за донесување Закон за изменување и дополнувања на Законот за здруженијата на граѓани и фондациите. | |  | |  | |  | |
8-Ноемвриска награда за Центарот за поддршка на НВО во Неготино 8-Ноемвриска награда за Центарот за поддршка на НВО во Неготино |  |  |  |
Отворање на Дом на невладини организации во Велес Свечено отворање на Дом на невладини организации во Велес | |  | |  | |  | |
Конференција „е-Општество.Мк“ Конференција „е-Општество.Мк“ на 20 октомври 2005 г. во Скопје
|  |  |  |
Живо наследство – учејќи од иновативните практики во културата и локалниот развој во Југоисточна Европа
од 13 до 16 октомври 2005
Меѓународна конференција „Живо наследство – учејќи од иновативните практики во културата и локалниот развој во Југоисточна Европа“ во Скопје | |  | |  | |  | |
Филантропија и спонзорство во културата Меѓународен семинар „Филантропијата и спонзорството во областа на културата: законодавството и практиките во Франција и во Македонија“ во Скопје |  |  |  |
Конференција „еМакедонија 2005“ во Скопје Конференција „иМакедонија 2005“ во Скопје. | |  | |  | |  | |
Стручна расправа по Нацрт-амандманите Стручна расправа по Нацрт-амандманите на Уставот на Република Македонија во Собранието на РМ во Скопје |  |  |  |
Промоција на уредениот локалитет Борја Промоција на уредениот локалитет Борја во близина на манастирот Св. Гаврил Лесновски, село Лесново, Пробиштип | |  | |  | |  | |
Ростуше - Езеро Локув Пуштање во употреба на пешачката патека Ростуше - езеро Локув. |  |  |  |
Преведувачки маратон Преведувачки маратон за локализација на слободен софтвер во Метаморфозис, Скопје | |  | |  | |  | |
Мултикултурализмот во Македонија: модел во настанување Промоција на книгата „Мултикултурализмот во Македонија: модел во настанување“, во Даут Пашиниот Амам во Скопје, со почеток во 12 часот |  |  |  |
Решавање на приоритетните потреби во локалните заедници 05.07.2005, Во Клубот на пратениците во Скопје во 11 часот ќе започне прес-конференција и потпишувањето 73 грант-договори помеѓу ФИООМ и претставници на невладини организации чии апликации беа избрани на конкурсот за проекти насочени кон решавање на приоритетните потреби во локалните заедници. Проектите ќе се спроведуваат преку центрите за поддршка на невладини организации во Дебар, Делчево, Кратово, Неготино, Струмица, Гевгелија, Струга и Ресен, поддржани од ФИООМ и Европската агенција за реконструкција. | |  | |  | |  | |
Семинар на тема „Едукативни програми во музеите: иновативни практики во Македонија и Велика Британија“ 30.06.2005, Во просториите на Музејот на современа уметност – Скопје ФИООМ организира семинар на тема „Едукативни програми во музеите: иновативни практики во Македонија и Велика Британија“. Целта е да се поттикнат и афирмираат едукативните практики во музеите на Македонија и да се разменат искуства и знаења. По покана на ФИООМ, на семинарот учествува г. Мартин Ватс, експерт од Велика Британија. |  |  |  |
Резултати од евалуацијата и препораки за развој на Музејот на Македонија 16.06.2005, Во 12 часот во кино салата на Музејот на Македонија ФИООМ ќе одржи прес-конференција, на која ќе бидат претставени резултатите од евалуацијата и препораките за развој на Музејот на Македонија. Евалуацијата, по покана од Програмата за култура и уметност на ФИООМ, а во соработка со Музејот на Македонија, ја изврши г-ѓа Барбара Воронцов, експерт од Велика Британија. | |  | |  | |  | |
Обуки за слободен пристап до информации 10 јуни – 3 јули – ќе се одржи серија обуки (10-12 јуни во Струмица, 17-19 јуни во Битола, 1-3 јули во Охрид) за подигање на свеста на службениците од општините и граѓаните за правата/обврските поврзани со развојот на унифицираната политика за слободен пристап до информации од јавен карактер на локално ниво. На обуките ќе учествуваат претставници од повеќе општините и од невладиниот сектор. Тие се дел од проектот „Имплементација на слободниот пристап до информации на локално ниво“ што го спроведува ФИООМ во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС), во период од две години, до мај 2006 година. |  |  |  |
Форум „Локалната власт – граѓанска комуникација и активно граѓанско учество во јавното одлучување“ 19.05.2005, Во Штип ќе се одржи Форум „Локалната власт – граѓанска комуникација и активно граѓанско учество во јавното одлучување“ на петте мобилни информатички центри Инфо-бус од Балканот: Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Македонија. Форумот ќе го отвори заменик министерката за култура г-ѓа Мелпомени Корнети. Проектот Инфо-бус во Македонија го финансираат ФИООМ и Министерството за култура. Преку Инфо-бус библиотеките, населението од руралните области има пристап до книги, Интернет, ЦД и други публикации. Повеќе на www.infobus.org.mk. | |  | |  | |  | |
Проект „Мокринските извори за навек“ Во близина на село Мокрино, Струмичко, ќе се одржи свеченост по повод уредувањето на локалитетот Мокрински извори. Проектот „Моринските извори за навек“ е дел од програмата „Живо наследство“ на ФИООМ, а го спроведуваат еколошкото друштво „Извор“ од Ново Село, Месната заедница Мокрино и општината Ново Село. Повеќе на www.zivonasledstvo.org.mk |  |  |  |
Проектот „И ова е Јурукана“ 01.06.2005, Културното наследство на Јуруците од Штипскиот регион ќе биде претставено во Скопје, на дводневната презентација и изложба што ќе се одржи во Културниот центар „Точка“. Проектот „И ова е Јурукана“ го спроведува здружението ЕМ од Штип во рамки на програмата „Живо наследство“. Повеќе на www.zivonasledstvo.org.mk | |  | |  | |  | |
Саем на живото наследство 01.04.2005, Во Скопје, во Домот на АРМ, ќе се одржи Саем на живото наследство. Саемот го организираат ФИООМ и Центарот на современа уметност од Скопје. Со свои ракотворби, производи, изложби, претстави, филмски промоции и други активности, ќе се претстават околу 30 проекти поддржани од програмата “Живо наследство” на ФИООМ.
|  |  |  |
Детски театарски центар во Скопје 29.09.2004, Во старата скопска чаршија во Скопје, свечено беше отворен Детскиот театарски центар. Проектот е реализиран со подршка од Швајцарската и Шведската агенција за развој, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија како и од други меѓународни и домашни институции: УСАИД, норвешката и канадската амбасада, ИОМ, Министерството за култура на РМ и градот Скопје. | |  | |  | |  | |
Изложба по повод десет години на програмата „Чекор по чекор“ 02.09.2004, Фондацијата за образовни и културни иницијативи "Чекор по чекор" ја
одбележува 10 годишнината од реализацијата на програмата "Чекор по
чекор" во Македонија. По тој повод ќе биде отворена изложба на која ќе
биде претставен дел од работата на предучилишните установи и основните
училишта од Македонија кои ја реализираат програмата "Чекор по чекор".
Изложбата ќе биде отворена на 02.09.2004 во Куршумли Ан, Скопје.
|  |  |  |
Стручниот надзор во библиотеките на Франција и на Македонија 08.07.2004, ФИООМ и Францускиот културен центар - Скопје (ФКЦ) на 8/07/2004 година (четврток), со почеток во 10,00 часот, во просториите на НУБ “Св. Климент Охридски“ во Скопје, организираат еднодневна работилница “Стручниот надзор во библиотеките на Франција и на Македонија“. Работилницата ќе ја одржи г. Жан-лук Готје-Жантес, доајен на Генералната инспекција на библиотеките при француското Министерство за образование. Посебен аспект ќе биде ставен на законската рамка, стручниот надзор и автоматизацијата во работата на библиотеките. | |  | |  | |  | |
Музеите на Франција и на Македонија: компаративни искуства 06.07.2004, ФИООМ и Францускиот културен центар - Скопје (ФКЦ) на 6/07/2004 (вторник), со почеток во 10,00 часот, во Музејот на Македонија во Скопје, организираат еднодневна работилница на тема “Музеите на Франција и на Македонија: компаративни искуства“. Работилницата ќе ја одржи г. Паскал Амон, директор за меѓународни врски при Дирекцијата на музеи од Франција. Работилницата е дел од заедничкиот проект за унапредување на културната политика во Македонија на ФИООМ и ФКЦ, кој се одвива во соработка со Министерството за култура на Република Македонија. |  |  |  |
Конференција на тема „Претставување на измените во кривичното законодавство“ 22.06.2004, На 2 јули (петок) 2004 ФИИОМ во соработка со Министерството за правда, со почетокот во 9:30 во хотелот Холидеј Ин, ќе организира конференција на тема Претставување на измените во кривичното законодавство. | |  | |  | |  | |
Обука за управување со знаењето 22.06.2004, На 23-ти и 24 јуни (четврток и петок), во просториите на НВО инфо центарот во Скопје, ќе се организира обука за Управување со знаењето. Обуката ја организира Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC) а ќе учествуваат претставници на ФИООМ и SDC. |  |  |  |
Прес конференција 19.05.2004, На 19-ти мај (среда), во просториите на НВО инфо центарот, со почеток во 11 часот, ќе се одржи прес-конференција, на која ќе бидат претставени шесте нови проекти од програмата „Живо наследство“.
(превземи ја поканата, 474KB) | |  | |  | |  | |
Истражување за состојбите со ИКТ 02.06.2004, Презентација на резултатите од истражувањето „Состојбите со ИКТ (информациските и комуникациските технологии) во Македонија“ што го спроведе Метаморфозис и SMMRI во х. Холидеј Ин. |  |  |  |
Центар на НВО во Ресен 07.05.2004, Ресен доби Центар за подршка на НВО. Тој ќе биде дел од мрежата центри што се отвораат со подршка на ФИООМ и Европската комисија за реконструкција и развој. |
|
|
назад |
|
|
|
|