најава на активности

Нема најавени активности...

п а р т н е р и
настани и новости
Интеграција на Ромите

ПРИРАЧНИК ЗА ДОБРИ ПРАКТИКИ ЗА ПРИСТАП ДО ПРАВДА ВО ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВОТО


[24.07.2015] Фондациите Отворено општество (ФОО) ја издадоа публикацијата Justice Programs for Public Health: A Good Practice Guide која претставува прирачник за добри практики за пристап до правда во областа на здравството.

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата

ПОВТОРЕН ПОВИК ДО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО И ДРУГИТЕ НАДЛЕЖНИ ИНСТИТУЦИИ ЗА ПОЕФИКАСНО И ПОТРАНСПАРЕНТНО ПОСТАПУВАЊЕ


[20.07.2015] Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата уште еднаш упатува повик до Јавното обвинителство за поефикасно и потранспарентно постапување по прашањата кои се однесуваат на наводните злоупотреби, незаконитото постапување, корупцијата и нарушувањето на човековите права кои се наведуваат во прислушуваните телефонски комуникации објавени во изминатите месеци што би придонело за градење на довербата во институцијата.

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

ДОНАЦИЈА НА ЛЕКОВИ И КОЗМЕТИЧКИ ПОМАГАЛА ЗА ПОМОШ НА МИГРАНТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА


[20.07.2015] На 20 јули 2015 година (понеделник), Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) изврши примопредавање на лекови и козметички помагала во вредност од 269.047,00 денари на Здружението ЛЕГИС Скопје (ЛЕГИС)

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Доделени 8 грантa за заеднички акции на граѓански организации


[16.07.2015] На конкурсот за доделување грантови за заеднички акции на граѓански организации во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, објавен во мај 2015 година, до Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) пристигнаа вкупно 63 пријави од граѓански организации. Избрани се 8 предлог проекти на кои ќе им бидат доделени грантови во вкупен износ од 227.253 УСД.

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

СООПШТЕНИЕ

Власта создава атмосфера на линч: Пешевски веднаш да поднесе оставка!


[16.07.2015] НВО Инфоцентарот, Фондацијата Отворено општество – Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Метаморфозис, ЦИВИЛ, Осми Септември, Македонскиот центар за европско образование, Плоштад Слобода, Центарот за современи уметности, Фронтот за слобода на изразување и ОКНО, изразуваат голема загриженост заради се почестите напади врз новинари, сопственици на медиуми и граѓански активисти кои имаат критички однос спрема власта и нејзините политики.

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

„ДАЛИ ПОСТОИ СЛАБ НАЦИОНАЛИЗАМ И ДАЛИ Е ТОА КОРИСНА КАТЕГОРИЈА?“ СО МАРИЈА ТОДОРОВА


[13.07.2015] На 11 јули 2015 (сабота), со почеток во 12 часот, во преполниот ГЕМ клуб во Старата чаршија, светски познатата историчарка Марија Тодорова одржа предавање на тема „Дали постои слаб национализам и дали е тоа корисна категорија?“. Настанот го организираше Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ), а модератор беше Ирена Стефоска, професорка на Институтот за национална историја.

Општо

ФОНДАЦИЈАТА ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО – МАКЕДОНИЈА НАЈАВУВА НОВО ЛИДЕРСТВО


[01.07.2015] Фани Каранфилова-Пановска, која ја почна својата кариера во студентските организации, и досега има повеќе од 20 години искуство во граѓанскиот сектор, од денес, 1 јули 2015 година, ја презема директорската функција во Фондацијата Отворено општество − Македонија (ФООМ), наследувајќи го Владимир Милчин, првиот извршен директор на Фондацијата.

пронајди
Reporteri bez granici
к о н к у р с и

Во моментов нема активни конкурси

п у б л и к а ц и и