Програми Информации
Блогирање за демократија
Проектот има за цел да овозможи демократски развој во Македонија, преку употребата на нови технологии - социјалните медиуми и содржините генерирани од граѓаните. Проектот ќе се фокусира на градење на капацитетите на активистите кои веќе работат на одредена кауза во рамките на своите заедници и на национално ниво, со цел да им се обезбедат вештини и алатки кои ќе им овозможат да се поврзат меѓусебно, како и со општата популација. Примарните корисници на проектот ќе ја сочинуваат главната група на лидери кои ќе го распространуваат знаењето понатаму во рамките на нивната заедница и на национално ниво преку онлајн алатки и подигање на јавната свест за нивната конкретна кауза. Учесниците на обуката ќе бидат избрани преку јавен конкурс објавен на веб-сајтови, мејлинг листи и блогови кои ги користат невладини организации и граѓански активисти, што всушност е еден вид на претходно селектирање само на оние кандидати кои ги
имаат потребните вештини и интерес.
Партнери: Фондација Метаморфозис, центри за поддршка на НВО
Буџет: 35.000 евра
Активно граѓанско учество преку употреба на нови технологии
Овој проект ќе се фокусира на обезбедување подобри можности за младите и маргинализираните групи, со цел тие да станат активни учесници во јавната дебата. Проектот ќе се фокусира на градењето на локалните капацитети за формирање на партнерства и мрежи за имплементирање на вредностите на активното граѓанско учество, преку обуки првенствено насочени кон невладините организации и потенцијалните граѓани активисти. Овие активности ќе се вршат во соработка со општинскиот персонал во општините каде што има политичка волја за обезбедување услови за активно граѓанско учество, и ќе се фокусираат на обезбедување на вештини за лобирање и застапување на невладините организации во општините каде што администрацијата нема интерес за партиципативна демократија.
Партнери: Фондација Метаморфозис, Mладински образовен форум (МОФ)
Буџет: 15.000 евра
Приватност на Интернет
Главна цел ќе биде зголемување на нивото на заштита на приватноста и зачувување на човековите права воопшто на Интернет, особено кога станува збор за децата и младите. Ќе се изврши процена на практиките и процедурите на институциите, организациите и фирмите за ракување со личните податоци. За таа цел ќе се подготви специјална методологија од интердисциплинарна работна група. Дополнително, ќе се имплементира кампањата за подигнување на свеста кај граѓаните како целна група, од една страна, и имателите на лични податоци (компании и државни органи), од друга страна.
Партнери: Фондација Метаморфозис
Буџет: 5.000 евра
Проект за управување со е-отпадот
Се‘ поголемите количества е-отпад (фрлени електронски уреди), доколку не се отстрануваат правилно претставуваат опасност за животната средина и здравјето бидејќи токсичните супстанци што тие ги содржат доаѓаат во контакт со почвата и се шират. Овие ризици особено доаѓаат до израз во областите каде што институциите на системот се кревки, каде што законодавството е нецелосно или застарено и каде што има слаба заштита на животната средина, што резултира со неадекватно управување со е-отпадот. Главна цел на овој проект е да се подобри законската и институционална рамка, која ќе придонесе за правилно управување со е-отпадот во Македонија
Партнери: Фондација Метаморфозис
Буџет: 30.000 евра
|