 |
Календар на активности |
|
 |
 |
- Од 21 до 23 јули 2010 во ГЕМ клубот (Стара чаршија) со почеток во 17 часот ќе се одржи работилница на тема „Финансиска писменост и управување со долг“.
Цел на работилницата е учесниците да се стекнат со основни знаења за управување со личните финансии и како правилно да ги планираат трошоците и да управуваат со нив, односно како свесно да се заштитат од презадолженост. |
 |
 |
 |
- Архива на календарот на активности |
 |
|
|
 |
Настани и новости > Архива 2010 |Ослободителна пресуда за организаторите на протестот „Плоштад Слобода“ Институтот за човекови права, на прес-конференцијата која се одржа денеска, 16 февруари 2010 година, презентираше судски одлуки од два судски процеси, за кои во рамките на проектот „Слобода наместо страв: Заштита на правото на мирно собирање и изразување јавен протест“, обезбедува бесплатна правна помош. Првиот процес се водеше против тројца организатори на протестот на плоштадот Македонија, во март 2009 година, членови на организациите „Плоштад Слобода“ и „Прва Архи-Бригада“. Вториот случај се однесува на штрајкот на вработените во фабриката за шеќер „4 Ноември“ АД, од Битола.
Организаторите на протестот на плоштадот Македонија беа обвинети дека не ги спровеле неопходните мерки за безбедност за време на протестот и не го прекинале јавниот собир кога дошло до судир со друга поголема група граѓани, поддржувачи на изградба на црква на плоштадот. Со тоа ја загрозиле безбедноста и личната сигурност на учесниците на протестот. Протестот беше организиран на 28 март, минатата година, против изградбата на црква на плоштадот.
Основниот суд Скопје 1, на 29 октомври 2009, донесе ослободителна пресуда за организаторите на протестот, и ги ослободи од одговорност со образложение дека навремено го најавиле протестот и ги презеле сите потребни мерки за безбедност.
Никола Наумоски, еден од организаторите на протестот изјави дека се задоволни од пресудата. Сепак, во тек е уште една постапка против други 7 лица од „Плоштад Слобода“ и „Прва Архи-Бригада“ кои учествувале на протестот, а се обвинети по други основи.
Наумоски изјави дека државата не презела ништо за да го спречи контрапротестот. Исто така, воопшто не е покрената постапка против лицата кои се појавија на плоштадот со цел да го спречат најавениот протест и физички и вербално ги нападнаа учесниците на протестот.
Во врска со случајот на вработените во фабриката за шеќер „4 Ноември“ АД Битола, Апелациониот суд во Битола во септември минатата година донел пресуда за прекинување на шест месечниот штрајк кој започна во март 2009 година. За судот, штрајкот на вработените е незаконит, затоа што сеуште траеле преговорите меѓу синдикатот и раководството на фабриката.
Претставникот на синдикатот, Драганчо Лингуровски, информираше дека веднаш по пресудата на Апелациониот суд, на штрајкувачкиот одбор и на дел од учесниците во штрајкот им биле поделени отказни решенија и дека моментално од нив се бара отштета од околу 20 милиони денари. Адвокатот, Филип Медарски, ангажиран во рамките на проектот, изјави дека според него, пресудата на судот е незаконска и дека правото на штрајк, согласно Уставот на РМ може да биде ограничено само во одредени услови. Според Законот за работни односи, во конкретните услови никако не можел да биде прекинат штрајкот на вработените, смета Медарски. Со оглед на тоа дека во овој предмет домашните правни лекови за заштита на правото на штрајк се исцрпени, во рамките на проектот „Слобода наместо страв: Заштита на правото на мирно собирање и изразување јавен протест“ ќе се пристапи кон подготвување на апликација со која од Европскиот суд за човекови права ќе се бара утврдување на повреда на правото на штрајк.
Проектот „Слобода наместо страв: Заштита на правото на мирно собирање и изразување јавен протест“ е финансиран од Ургентниот фонд на Фондацијата Институт отворено општество-Македонија.
|
|
назад |
|
|
|
|