За Фондацијата Профил на Фондацијата отворено општество - Македонија
Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) е основана во 1992 година како претставништво на странско лице, а во 1999 година како национално правно лице – фондација, во согласност со Законот за здруженија на граѓани и фондации. ФООМ е дел од Соросовата мрежа во централна и источна Европа.
Посветена на промовирањето на отворено општество, ФООМ иницира поддршка и спроведува широк спектар на програми. Своите цели Фондацијата ги исполнува преку:
• доделување грантови, заеми и други видови финансиска поддршка, еднократно или постојано, на физички и правни лица кои спроведуваат активности во согласност со мисијата на ФООМ.
• имплементирање на операционални програми за промовирање иновативни идеи и за развој и раст на физички и правни лица чии активности се во согласност со мисијата на ФООМ, и
• извршување други хуманитарни и развојни активности за кои Основачот и Управниот одбор сметаат дека се соодветни за исполнување на мисијата на ФООМ.
Основното раководно тело на ФООМ е Управниот одбор кој е составен од седум видни личности со различна етничка припадност и професионална ориентација. Постојат експертски комисии или консултанти кои се вклучени во програмите и ги советуваат координаторите на програмите. Личноста која е овластена да го претставува ФООМ пред други правни и физички лица и да се потпишува во име на ФООМ е Извршниот директор.
Фондацијата ја продолжува својата заложба за зајакнување на изгледите на Македонија за членство во ЕУ преку негување внатрешна интеграција како предуслов за тоа. Посветена на промоцијата и поддршката на отвореното општество, преку сите програмски области: образование, право, јавна администрација и локална самоуправа, граѓанско општество, јавно здравство, информации, медиуми и економски реформи, ФООМ спроведува широк спектар на иницијативи кои варираат од изградба на капацитети до проекти за јавни политики и социјално застапување. Одговарајќи на различните потреби на целните групи, а посебно на младите, на Ромите и на социјално маргинализираните групи, ФООМ соработува со други НВО, меѓународни институции и донатори во насока на преземање акции кои негуваат одржлива демократија.
Имајќи го предвид контекстов и водени од сопствената мисија, за следниот тригодишен период се утврдени следниве сеопфатни приоритети:
1. Забрзување на пристапувањето на Македонија во ЕУ, меѓупрограмска политика и акции за социјално застапување за Владата да се врати назад на патот кон ЕУ; зајакнување на мониторинг-улогата на граѓанското општество во поглед на транспарентноста и отчетноста на Владата; поддржување ефикасна децентрализација како вредност на ЕУ којашто ја штити локалната демократија. 2. Интеграција на Ромите и на социјално маргинализираните групи, меѓупрограмски интервенции кои имаат цел да го подобрат статусот на Ромите и на социјално маргинализираните групи. 3. Поттикнување на граѓанското учество и активизам, активности кои се насочени кон: заживување на граѓанското општество; развој на локалната демократија; промоција на вредностите на мултиетничкото општество и намалување на јазот меѓу младите и вредностите на отвореното општество.
Управен одбор
Гордана Дувњак, Претседател
Аце Коцевски
Рамадан Рамадани
Арсим Зеколи
Маргарита Цаца - Николовска
Ирена Цветковиќ
Сите членови на управниот одбор на ФООМ од 1992 г.
Менаџмент
Владимир Милчин, извршен директор
Организациска поставеност За Џорџ Сорос Мисија на ФОО
|
|