најава на активности

Нема најавени активности...

п а р т н е р и
настани и новости
Зајакнување и мобилизација на граѓаните

ПОВИК ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА ПОСТАПАТ ПО НАВОДНИТЕ ЗЛОУПОТРЕБИ, НЕЗАКОНИТО ПОСТАПУВАЊЕ, КОРУПЦИЈА И НАРУШУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА КОИ СЕ НАВЕДУВААТ ВО ОБЈАВЕНИТЕ ТЕЛЕФОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Платформа на граѓански организации за борба против корупција


[26.03.2015] Платформата на граѓански организации за борба против корупција на 25 март 2015 година (среда), во 12 часот, во хотелот Холидеј ин во Скопје, одржа конференција за печат во врска со аферата за прислушуваните телефонски разговори кои повеќе од еден месец се објавуваат во јавноста од страна на опозициската СДСМ.

Пристап до правда во Македонија

САМО 35 ГРАЃАНИ УСПЕАА ДА ДОБИЈАТ АДВОКАТ ОД ДРЖАВАТА И ДА ГО ОСТВАРАТ НИВНОТО ПРАВО НА ПРИСТАП ДО ПРАВДА, А ДУРИ 1243 ИМАЛЕ ПРАВЕН ПРОБЛЕМ ВО ИЗМИНАТАТА ГОДИНА

Соопштение на проектот Пристап до правда во Македонија - март 2015


[11.03.2015] Во рамки на првите 12 месеци од реализацијата на проектот „Пристап до правда во Македонија“, мрежата организации регистрирани како даватели на бесплатна правна помош, обезбеди информации за правни прашања поставени од 1243 лица (599 жени и 644 мажи) во врска со 1287 правни проблеми.

Проект на УСАИД за граѓанско општество

ИНФОРМАТИВНИ СРЕДБИ ЗА КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ ЗА ЗАЕДНИЧКИ АКЦИИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ


[05.03.2015] Распоред на информативните средби кои ќе бидат организирани за сите заинтересирани граѓански организации кои би се пријавиле на Конкурсот за доделување грантови за заеднички акции на граѓански организации објавен во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

„КАДЕ ОДИ ЕВРОПА?“ СО ЖОРДИ ВАКЕР, ДИРЕКТОР НА ЕВРОПСКАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО И РЕГИОНАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЕВРОПА НА ФОНДАЦИИТЕ ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО


[18.02.2015] Директорот на Европската иницијатива за отворено општество и регионален директор за Европа на Фондациите Отворено општество, Жорди Вакер, на 18 февруари 2015 година, во ГЕМ клубот, говореше на тема „Каде оди Европа?“.

Проект на УСАИД за граѓанско општество

ДОДЕЛЕНИ 27 ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ


[23.01.2015] На конкурсот за доделување грантови во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, објавен во септември 2014 година, до Фондацијата Отворено општество – Македонија пристигнаа вкупно 151 пријавa од граѓански организации. Избрани се 27 предлог проекти на кои ќе им бидат доделени грантови во вкупен износ од 868.670 УСД

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

ПРОМОВИРАНА „ВЕРНИ ДО СМРТ“ ОД КИТ БРАУН


[20.01.2015] Фондацијата Отворено општество - Македонија на 15 јануари 2015 година, во ГЕМ клубот, ја промовираше книгата „Вeрни до смрт: Довербата и теророт во револуционерна Македонија“ од Кит Браун. Промотори на изданието беа Драги Ѓорѓиев, директор на Институтот за национална историја, и Ирена Стефоска, професор на Институтот за национална историја. Гостин беше и авторот Кит Браун, а модератор на промоцијата, по која следеше и дебата со присутните, беше Билјана Бејкова.

Пристап до правда во Македонија

УСПЕХ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ: 110 ГРАЃАНИ ПОБАРАА АДВОКАТ ПЛАТЕН ОД ДРЖАВАТА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА СВОЕТО ПРАВО ЗА ПРИСТАП ДО ПРАВДА

Соопштение на проектот Пристап до правда во Македонија - декември 2014


[18.12.2014] Вложените напори на шест граѓански организации [Македонско здружение на млади правници - Скопје, Национален ромски центар - Куманово, Младински културен центар - Битола, ЕХО - Штип, Избор - Струмица и 8-ми Септември - Скопје] за бесплатна правна помош, во рамки на проектот „Пристап до правда во Македонија“, за само 10 месеци даваат охрабрувачки резултати за граѓаните. Дури 110 граѓани побараа да добијат адвокат платен од државата преку системот на бесплатна правна помош.

пронајди
к о н к у р с и

Во моментов нема активни конкурси

п у б л и к а ц и и